Ме избркаа од работа затоа што не станав ВМРО

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Со среќа во контролирање на цела дискусија да остане неполитичка. Уште во самиот прв пост имаш партии и активности и на едните и ба другите а богами и јасно заземање страна.
Мислев дека барем ти ќе бидеш имун на политика и затоа имав голема почит према газда шо домаќински си го гледа бизнисот без разлика колку се силни струите. Ама голем си и искусен па нека ти биде
Проблемот е што, политиката ни е имплементирана во секојдневниот живот, ама конкретниов муабет не е за политика.
Тоа е вина и на едните и на другите. Во отварањето на темата не беше заземена страна, никаде не наведе членот дека е приврзаник на СДСМ, само дека одел на протести.
Тоа што ти дојде до заклучок дека тоа го прави него проопозиција и постот како „јасно заземање на страна“ е само доказ за тоа колку сме навикнати стварите да се или ВМРО или СДСМ, или црни или бели. Неможе едноставно да размислува со своја глава човек.
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432

Колку треба да си наивен да бидеш неопределен и да се приклучиш на активностите на една политичка партија во дневно политичка престрелка?
Не требаше Мартин да каже дека е сдсм, требаше да ги спомне термините тоталитарен режим, демократско мртвило и слобода, нормално цитирајќи го З.З.
Можеби власта се гомна, ама се гомна дојдени легално на власт, на избори признати од еу и обсе (и овие се гомна ама ај)
Јас искрено мислам дека слобода овде има, кога секој посерко стана новинар и сере за едните или за другите
Ситуацијава е срање, ама е политичко срање
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Што бе браво за човекот. Што од кога го спашкаја почна да плачи и да кука. Што не си замина сам ако му било толку лошо како што кажува, башка и без плата толку месеци, туку чекал да го избркаат. Можеби за љубов према државата работел за безпари или сепак државно си е државно. Еден карактер што да ти расправам. Ако бил карактер ке си заминел сам , а не вака трпел трпел( наводно) и сега го избркале од Х причини па отпосле му текна дека условите биле лоши. Пред тоа никаде го немаше да се пожали.
П.с ете го скршив мразот.
2013 година се вратив во Македонија после две години и три договори поминати работејќи на брод.
Парите си ги орочив на 36 месеци и од каматата секој месец ми стигаа финансиски средства со кои можам да преживеам.
На 01 Март 2013 година протестирав против Грујо оти го назначи командат Форина за министер за одбрана.
Настанаа инциденти...
Без повод полицајци ме акнаа во пролеќе ми земаа пасош лаптоп камери телефони ме одведоа со лисици пред истражен каде ми определија забрана за искачање надвор од државата цела година дена
Ми пропадна договорот за работа на брод
На почеток од септември 2014 ми беше вратен пасош и комплетно бев ослободен од кривично гонење
Како што го добив пасошот така и аплицирав да си се вратам на брод.
Искочи и конкурс за музејски водич во Археолошки, не се надевав многу но по некое чудо ме примија.
Веројатно интервјуто каде им однесов се што научно сум правел си ја заврши работата. Си реков види мајката имало вмровци и кои знаат да вреднуваат ствари.
Прифатив и почнав да го работам тоа за кое си го посветив цел живот
На 28 ноември 2014 минатата година имав договор за да заминам по четврти пат на брод со месечен доход од чисти 1800 долари
Не отидов.
Зошто?
Од истата причина зошто и се запишав на археологија а можев да бирам кај сакам
Но еве да ме разбереш....
Од што бев глуп и ми беше битно да се грижам и за нешто повеќе од мојот газ
Конкретно за културното наследство историјата и борбата за името на оваа држава.
Ете затоа...
Ко што од таа ебана тврдоглавост за оваа смрдена земја одев и на протести за името на Пела од 2008, и на протести за Нешковски, и на протести за Тамара и за мал милион други глупости.
Од што мислам дека без таа борба за нормална држава џабе ми е и плата и се

А дали не зборев за глупостите што се случуваа во Музеј и дур бев таму најубаво да ги прашаш и луѓето кои беа таму. Само што тоа го правев одвнатре а не преку медиуми бидејќи се знае што следи ако пуштиш глас. Не го оговараш тренерот додека си пред битна утакмица. Туку гледаш да играш најдобро што можеш и да победиш. Сум давал пари од мој џеб за флаери и мал милион други глупости за колку толку да пробам да ги оправам работите. Не успеав сега бар ќе им го изнесам целиот долен веш пред јавноста како за музејот така и за цела држава

А ти продолжи да коментираш за тоа каков ми е карактерот.
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364

Дечкото кажува дека прво се вмешал во анти-владини дејствија,протести и сл.а бркањето е ПОСЛЕДИЦА на тоа,значи не се работи за некој што дремел на работа па го избркале па сега напаѓа туку уште додека работел напаѓал.Сега не е вработен па затоа му дошла храброст да го каже сето ова,што ќе му се случело ако кажел претходно,ова:)Луѓето се борат со оглед на економијава и за најмизерната плата што може да ја добијат,може ги држеле на кумплуг сега ќе ви дадеме,после ќе ви дадеме што е нормална работа во државава.
А на крајот на поуката на приказната е дека државава е до тој степен во три лепе пичке материне замината што ако зборуваш против партијата(поетски момент е што тој систем го донесоа најголемите наводни противници на комунизмот)си непријател и го јадеш ку*рот и ни најмалку не е тема каква личност е човеков.Зошто се брка од работа за ,,партиска неподобност,, и тоа до сега најмногу во историјата на слободна Македонија а многу налик на претходниот систем каде мораше книшка од КПЈ за работа.А работата оди подалеку,не само книшка што треба,туку треба и по минтинзи и по улици агитирање,еден куп случаи знам каде портокаловиве кмери викаат професори и сл на "пеење" оти не лајкнувале или не знам што опозициско лајкнале или децата им биле во пленуми и слично.
 
G

Goldie

Гостин
Огромна почит од мене за ова, те имам приметено уште од поодамна на фејсбук преку заеднички пријател и искрено кога почнав да го читам првиот дел веќе знаев за кого се работи. На власта не и требаат такви луѓе како тебе, искрени патриоти со морал и достоинство. Нив им треба неписмена багра како @мкд владе на која ќе им дадат плата за клати-врата од 20к денари и што ќе ги брани по секоја цена додека они ги полнат џебовите и глумат патриоти, нив им требаат такви кои нема свое мислење туку чекаат да видат што ќе каже Мартин Протоѓер или Илија Димовски па како папагали да повторуваат они само..
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Колку треба да си наивен да бидеш неопределен и да се приклучиш на активностите на една политичка партија во дневно политичка престрелка?
Не требаше Мартин да каже дека е сдсм, требаше да ги спомне термините тоталитарен режим, демократско мртвило и слобода, нормално цитирајќи го З.З.
Можеби власта се гомна, ама се гомна дојдени легално на власт, на избори признати од еу и обсе (и овие се гомна ама ај)
Јас искрено мислам дека слобода овде има, кога секој посерко стана новинар и сере за едните или за другите
Ситуацијава е срање, ама е политичко срање
Преиспитај си ја смислата за индивидуалност.
Јас бев на протестите, а сметам дека Зоран Заев е имбецил од човек, а уште поголем имбецил од политичар. Мојата политичка определба не била, не е, нити ќе биде СДСМ.
Разликата меѓу мене и тебе, во дадениов момент, е тоа што твоето мислење, дека чак иако не сме во политичка партија ние сме манипулирани од некаква си политичка партија, е манипулација од страна на политичка партија. Иронично.
Они успеале тебе да те убедат дека на сите што не им чини власта - се СДСМ, Сорос, лезбејки, сатани, незнам ти што таму.
Пази внимателно, не велам дека ВМРО те убедиле. И СДСМ игра голем удел во партизација на државава. Со години сте навикнати да ги делите обичните граѓани на СДСМ и ВМРО што вие не знаете што претставува човек како единка. Граѓанин, недајбоже.

Што се однесува до легитимноста на изборите, да се разбереме, генералната позитивна оцена беше дадена базирана на тогашните сознанија кој ги имавме. И покрај Пустец муабетите кои останаа баш на рекла-казала база.
На снимките, кој верувам дека се легитимни, бидејќи нелегитимноста на снимките за помалку од 24 часа ќе се докажеше од страна на релевантна фирма/агенција/билошто па и бонус со пари од владеачката партија, слушаме местења. И еден глас да е наместен, пак ги прави изборите нелегитимни, во теорија. А фан сум на примена на теоријата во пракса, на секое поле.
 
Член од
6 февруари 2009
Мислења
496
Поени од реакции
462
A drugata strana na medaljata ja znae nekoj ili taka e kako sho vika dotichniov?
Sekoja pricha ima 2 varijanti a ja ovde gleam samo edna. Se dur ne izleze i drugata strana da kaze zasho e izbrkan gospodinov ne sudam na nikoj. A gleam site se isfuravte odma i osudivte i presudivte!
A vamu baraat demokratija...chekaj be!
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
Преиспитај си ја смислата за индивидуалност.
Јас бев на протестите, а сметам дека Зоран Заев е имбецил од човек,
Од кога ти ќе учествуваш на тие протести и оваа власт ќе падне, кој ќе дојде на власт? Имбецил?
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Од кога ти ќе учествуваш на тие протести и оваа власт ќе падне, кој ќе дојде на власт? Имбецил?
Идеално трета опција, но еве у моментално непостоење на истата да одговорам.
Нека дојде имбецилот на влада. Нека дојде и Ерџо ако треба, од парк циганон што дува лепак 24 часа.
Кој и да дојде, нека направи еден погрешен потег, пак би протестирал за истиот тој да падне.
Незнам зашто ви е толку страв од често менување на власт.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
2013 година се вратив во Македонија после две години и три договори поминати работејќи на брод.
Парите си ги орочив на 36 месеци и од каматата секој месец ми стигаа финансиски средства со кои можам да преживеам.
На 01 Март 2013 година протестирав против Грујо оти го назначи командат Форина за министер за одбрана.
Настанаа инциденти...
Без повод полицајци ме акнаа во пролеќе ми земаа пасош лаптоп камери телефони ме одведоа со лисици пред истражен каде ми определија забрана за искачање надвор од државата цела година дена
Ми пропадна договорот за работа на брод
На почеток од септември 2014 ми беше вратен пасош и комплетно бев ослободен од кривично гонење
Како што го добив пасошот така и аплицирав да си се вратам на брод.
Искочи и конкурс за музејски водич во Археолошки, не се надевав многу но по некое чудо ме примија.
Веројатно интервјуто каде им однесов се што научно сум правел си ја заврши работата. Си реков види мајката имало вмровци и кои знаат да вреднуваат ствари.
Прифатив и почнав да го работам тоа за кое си го посветив цел живот
На 28 ноември 2014 минатата година имав договор за да заминам по четврти пат на брод со месечен доход од чисти 1800 долари
Не отидов.
Зошто?
Од истата причина зошто и се запишав на археологија а можев да бирам кај сакам
Но еве да ме разбереш....
Од што бев глуп и ми беше битно да се грижам и за нешто повеќе од мојот газ
Конкретно за културното наследство историјата и борбата за името на оваа држава.
Ете затоа...
Ко што од таа ебана тврдоглавост за оваа смрдена земја одев и на протести за името на Пела од 2008, и на протести за Нешковски, и на протести за Тамара и за мал милион други глупости.
Од што мислам дека без таа борба за нормална држава џабе ми е и плата и се

А дали не зборев за глупостите што се случуваа во Музеј и дур бев таму најубаво да ги прашаш и луѓето кои беа таму. Само што тоа го правев одвнатре а не преку медиуми бидејќи се знае што следи ако пуштиш глас. Не го оговараш тренерот додека си пред битна утакмица. Туку гледаш да играш најдобро што можеш и да победиш. Сум давал пари од мој џеб за флаери и мал милион други глупости за колку толку да пробам да ги оправам работите. Не успеав сега бар ќе им го изнесам целиот долен веш пред јавноста како за музејот така и за цела држава

А ти продолжи да коментираш за тоа каков ми е карактерот.
Имав прилика кратко да го запознаам Мартин, и го сметам него и неколку негови пријатели за златни деца, млади и совесни македонци посветени на македонската борба.
Ова општество се обидува со сите сили таквите да ги откаже. Да кренат раце од се, да си го продадат достоинството, да се покорат и да го земат слугинското место што некој друг им го одредил. Како и цел останат свет, да трчаат по безвредни суетни цели кои некој друг им ги поставил како императиви за животна сатисфакција. Можеби некои од неговите другари ќе се откажат. Ама Мартин нема шанси, таков му е кодот.
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
Н
Идеално трета опција, но еве у моментално непостоење на истата да одговорам.
Нека дојде имбецилот на влада. Нека дојде и Ерџо ако треба, од парк циганон што дува лепак 24 часа.
Кој и да дојде, нека направи еден погрешен потег, пак би протестирал за истиот тој да падне.
Незнам зашто ви е толку страв од често менување на власт.
Наивно а богами и провидно
 
D

Daedalus

Гостин
Има едни луѓе коишто произволно ќе одберам да ги нарекувам „ретарде мкд.“
Името е произволно земено, немам никаква намера да наврдам членови коишто имаат сличен јузер на произволно избраното име.
Најодвратно од све е што таквите како ретарде мкд, не ги тангира ни малце Мкд, состојбата на МКД и доброто на Мкд. Таквите како ретарде мкд се среќни бидејќи нивното газе е на работа и спремни се да го убијат цело семејство за тоа. Таквите како ретарде мкд се фаците во акционите филмови што им ги мијат нозете на главните негативци и ги вршат најодвратните ствари со што негативецот не прља раце, она говното у Хобит тројката у градот што им го пушеше на тие што моментално го имаа оружјето и ја имаа иницијативата.
Он топик, муабетов не е ништо ново со абдалите што се на власт од 90-тите па до сега, без разлика на тоа која е моменталната владејачка партија.
Чисто ќе дадам пример за да покажам колку имбецилна држава имаме.

90-тите, во архивот на Македонија, се бараше работно место. Мајка ми се пријави и ги задоволуваше сите услови, потребно беше познавање на романски и грчки јазик, конкурсот беше наместен за ќерката на професорот Киселиновски кој работеше во Институтот за национална историја (во иста зграда со архивот), се договорија со Дојчиновски да ја вработат ќерка му, се тужевме со нив и ја изгубивме тужбата без никаква правна основа, не беше транспарентна проверката на јазиците, мајка ми лично се знае со ќерката на Киселиновски која 100% знаеме дека не ги знаеше јазиците коишто беа потребни, ипак они си ја добија тужбата.

Истите години мајка ми се пријави за работа во музејот, али имало директива од тогашен ЦК да примат друг, претседателот на комисијата ја известил мајка ми дека нема да ја примат иако решиле у музејот да ја примат (ова кажано од самиот претседател), добиле директива од Бранко, претседателот се плашел за да не си го изгуби работното место и морале да го примат тој што бил наместен.

Пред неколку месеца, мајка ми аплицираше во музејот, се бараа 10 луѓе.
Како најважен услов за примање беше ставен успехот, а мајка ми има завршено Историја на уметност и археологија со 9.15 просек. Не се бараше работно искуство, се бараше 1 странски јазик (мајка ми знае 2 светски и 5 други, преведувач е), једино нема партиска книшка и нема пријатели во музејот за да ја пикнат. Во све беше подобра од повеќето што аплицираа таму, (со помал просек и знаат помалку јазици), аплицираа околу 20, 10 примија. Музејски водич е струката за која се аплицираше. Не доби никакво образложение, ни што ни како, нит имиња, нит презимиња, нит бутур, нетранспарентно оценување на резултатите.
 
Член од
6 февруари 2009
Мислења
496
Поени од реакции
462
Идеално трета опција, но еве у моментално непостоење на истата да одговорам.
Нека дојде имбецилот на влада. Нека дојде и Ерџо ако треба, од парк циганон што дува лепак 24 часа.
Кој и да дојде, нека направи еден погрешен потег, пак би протестирал за истиот тој да падне.
Незнам зашто ви е толку страв од често менување на власт.
Abe toa ke praime nie, sekoja godina ke protestirame i ke se zaebaame!
Nego treta opcija u drzavava ne da ne postoi nego nema ni da se pojavi! Zosho koj i da se deklarira kako takva opcija pak vleche levo desno, ili e satelit FAKT!
E sea za onie sho vikaat nema da glasam ili ke napravam nevazechko.
Odish na glasanje pravish nevazechko...cenzusot go pokachuvash a toa i odgova na ednata opcija...znachi pak nechiva usluga si napravil taka!
Ne odish uopshte na glasanje cenzusot si go padnal pak na nekoja od dveve strani vo taa izborna edinica mu odgovara( primer referendumot za gtc) ...pak si odrabotel za eden ili drug taka?!
Zatoa batka opredeli se so vreme i so PAMET!
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
Зашто наивно? И како провидно, уште побитно?
Ајде ако не, цел живот ќе бираме меѓу две зла, ама ќе се надеваме на светла иднина.
Наивно е да размислуваш дека ќе ја мењаваме секоја наредна власт додека случајно не налетаме на утопија, а до тогаш сите олоши нека поминат на наквисоките функции надевајќи се дека наеднаш ќе станат светци
Провидно е горното размислување затоа што нема да има постојана смена на власт, ќе се премислиш кога ти ќе дојдеш на власт, ќе ти се останува тогаш
 
Kajgana Shop

На врв Bottom