Има едни луѓе коишто произволно ќе одберам да ги нарекувам „ретарде мкд.“
Името е произволно земено, немам никаква намера да наврдам членови коишто имаат сличен јузер на произволно избраното име.
Најодвратно од све е што таквите како ретарде мкд, не ги тангира ни малце Мкд, состојбата на МКД и доброто на Мкд. Таквите како ретарде мкд се среќни бидејќи нивното газе е на работа и спремни се да го убијат цело семејство за тоа. Таквите како ретарде мкд се фаците во акционите филмови што им ги мијат нозете на главните негативци и ги вршат најодвратните ствари со што негативецот не прља раце, она говното у Хобит тројката у градот што им го пушеше на тие што моментално го имаа оружјето и ја имаа иницијативата.
Он топик, муабетов не е ништо ново со абдалите што се на власт од 90-тите па до сега, без разлика на тоа која е моменталната владејачка партија.
Чисто ќе дадам пример за да покажам колку имбецилна држава имаме.
90-тите, во архивот на Македонија, се бараше работно место. Мајка ми се пријави и ги задоволуваше сите услови, потребно беше познавање на романски и грчки јазик, конкурсот беше наместен за ќерката на професорот Киселиновски кој работеше во Институтот за национална историја (во иста зграда со архивот), се договорија со Дојчиновски да ја вработат ќерка му, се тужевме со нив и ја изгубивме тужбата без никаква правна основа, не беше транспарентна проверката на јазиците, мајка ми лично се знае со ќерката на Киселиновски која 100% знаеме дека не ги знаеше јазиците коишто беа потребни, ипак они си ја добија тужбата.
Истите години мајка ми се пријави за работа во музејот, али имало директива од тогашен ЦК да примат друг, претседателот на комисијата ја известил мајка ми дека нема да ја примат иако решиле у музејот да ја примат (ова кажано од самиот претседател), добиле директива од Бранко, претседателот се плашел за да не си го изгуби работното место и морале да го примат тој што бил наместен.
Пред неколку месеца, мајка ми аплицираше во музејот, се бараа 10 луѓе.
Како најважен услов за примање беше ставен успехот, а мајка ми има завршено Историја на уметност и археологија со 9.15 просек. Не се бараше работно искуство, се бараше 1 странски јазик (мајка ми знае 2 светски и 5 други, преведувач е), једино нема партиска книшка и нема пријатели во музејот за да ја пикнат. Во све беше подобра од повеќето што аплицираа таму, (со помал просек и знаат помалку јазици), аплицираа околу 20, 10 примија. Музејски водич е струката за која се аплицираше. Не доби никакво образложение, ни што ни како, нит имиња, нит презимиња, нит бутур, нетранспарентно оценување на резултатите.