Меѓународно движење против промена на името

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Мислам дека знам за кој „умерени“ во Македонија мисли...:)
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Мислам дека знам за кој „умерени“ во Македонија мисли...:)
Не можеш да ги утнеш и да сакаш тие што кажуваат дека треба да виткаме кичма за наше добро, за наше добро да им ја порадиме фонтанана на Александар на Грција, и дека треба да ставиме албанец за премиер, за тие умерени мислат.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Умерени по ова прашање -- уништување на Македонскиот народ и нација -- не може да има во Република Македонија.

"Таков морков не смее да залапа, оти со него во пакет доаѓа и стапот. Со такво глупаво залапување ние еднаш овозможивме територијална поделба по воената линија на разграничување од 5 јули 2001 (ја исцртавме Илирида), а добивме безначајно признавање на САД под нашето уставно име со „мала“ фуснота дека САД и натаму силно ќе ја притискаат Македонија да си го смени името и ветување до Грција дека во истиот момент и САД ќе си ја повлечат претходната одлука.

Значи, кого го боли уво за датум за преговори со унија што не знае утре ни што ќе биде ни каква ќе биде, ако цената е уште една капитулација на државата Македонија?"

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91412931229&id=13&prilog=0&setIzdanie=22679
.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Kои се Вашите црвени линии за името?
- Ако сме чесни кон себе, не смееме да смениме ни четвртина буква од Името, а не да го менуваме, да му лепиме како патерица, за да биде вечно осакатено и тоа и ние со него, некаква придавка. Не тераат да го смениме за да ја избришат од нашата свест нашата историска меморија, целосно до крај. Да станеме табула раза. А тогаш не ќе можеме да се вратиме назад ни до нашата несреќна 2001, а камоли до своите праизвори во антиката, на кои, за жал, и ние за политички или друг вид профит толку издашно им се изнаплукавме. Промената на Името за нас ќе значи идентитетска и историска катастрофа. Со промената на Името, имотот на нашиот антички идентитет целосно ќе биде, со европски и американски печат, заведен во грчкиот катастар, а словенскиот во бугарскиот. Гледате како во последно време Бугарија активно и до крај отворено соработува на тој план со Грција. Целта која според нив ги оправдува средствата им е целосно иста. Постојат разлики во нијансите, но тоа е безначајно за нас и не ја намалува катастрофата од крајниот резултат.

Не гледатe ли придобивки од посакуваниот влез во ЕУ?
- Саркастично, во замена за Името, ни се нуди некаква иднина, во која ќе нè снема како идентитет, ќе бидеме само безлична и територијална маса. Ништо друго. Ќе бидеме Хазари, постмодерни Хазари.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=B4B043778D821742912F9D584D146D9B
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Branko Crvenkovski, vodacot na SDSM, na stotuku odrzaniot miting na opozicijata vo centarot na Skopje, mu poraca na aktuelniot premier da go smeni imeto:

"Ајде Никола, во март нека бидат и локални и предвремени парламентарни избори. И нека се знае еднаш кој пат ќе го фатиме, нека реши еднаш народот за која Македонија е - за оваа твојава или за нашава. А ако се согласиш да го смениш името на земјата и во декември добиеме датум за преговори, исполни го ветувањето до народот и во март нека се одржи референдум за името. Па се заедно нека се стави на маса. Во еден ден се нека се реши, се нека се одлучи".

http://www.time.mk/read/c4d1ed6e80/e07e40bf70/index.html
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Branko Crvenkovski, vodacot na SDSM, na stotuku odrzaniot miting na opozicijata vo centarot na Skopje, mu poraca na aktuelniot premier da go smeni imeto:

"Ајде Никола, во март нека бидат и локални и предвремени парламентарни избори. И нека се знае еднаш кој пат ќе го фатиме, нека реши еднаш народот за која Македонија е - за оваа твојава или за нашава. А ако се согласиш да го смениш името на земјата и во декември добиеме датум за преговори, исполни го ветувањето до народот и во март нека се одржи референдум за името. Па се заедно нека се стави на маса. Во еден ден се нека се реши, се нека се одлучи" додаде Црвенковски. "

http://www.time.mk/read/c4d1ed6e80/e07e40bf70/index.html
:facepalm:

Значи стигна и јаготката на врвот на тортата од фекалии...

 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.486
Поени од реакции
6.876
Гонете ги политичарите, посебно петката кромидари што имаат дебели џепови направено на продавање на идентитетот во 90тите, мењањето на знамето, прифаќањето на резилот од референца што "стоеше само 2 месеца".

Мора да застане јак човек позади оваа иницијатива, човек што кур не го боли за политика, и си ја сака државата, да се соберат потписи за да се излезе на референдум и да се побара прашањето - Дали сте за стоп на било какви промени на името/националноста/идентитетот/културата/јазикот?

Да
Не

Да се нема притисок од никого, да испаднеме се живо и диво и ние да ставиме крај на идиотизмот преговарање за сопственото име за членување во организација која ветува должничка криза.....
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Минатата недела македонската страна конечно го даде долгоочекуваниот одговор на меморандумот за разбирање, кој пред извесно време Грција го испрати на адресата на македонското МНР - сместено во новата барокна зграда. Иницијално немав никаква намера ниту инспирација, да пишувам за оваа новововедена практика на меѓусебна јавна дипломатска коресподенција, с` до моментот кога ми стигна при рака одговорот на македонската дипломатија.

Пред сe, се наметнува прашањето дали воопшто треба да се анализираат вакви изветвени дипломатски флоскули, кои во голема мера личат на реториката на вечните стражари, ЕУ и НАТО. Но, ако двата документа споредбено се разгледаат, имено иницијално добиениот од Грција и последователно оној на Република Македонија, може да се добијат многу одговори за пристапот на двете дипломатии, а во однос на прашањето за името.

Содржината на грчкиот меморандум за разбирање, ги вклучува сите елементи што досега биле на еден или друг начин потенцирани барем формално, без притоа да се има предвид степенот на нивно почитување.

Но, Грција се повикува на нив, без разлика дали ја почитува билатералната и мултилатералната рамка со која е уредено прашањето за името, а која сега е содржана и во самиот меморандум за разбирање. Оттука потенцирањето од една страна на генералното меѓународно право, резолуциите на Советот за безбедност 817 и 845, принципите на ООН како неповредливост на граници, забрана од употреба на сила, немешање во внатрешните работи на друга држава или држави, суверенитет, соработка и Привремената спогодба од друга, е само чиста шминка.

Постоењето на овој имагинарен спор, и континуираното негирање на нашето уставно име, и покрај фактот дека не постојат реални основи за тоа, ги повредуваат сите овие наброени документи и принципи. Дополнително, Грција со своите дејствија многупати ја има повредено и меѓународната и регионална правна рамка, што е воедно и заклучок на Меѓународниот суд на правдата со пресудата од декември, минатата година.

Сепак, меморандумот е јасен во однос на грчката позиција за прашањето со името, со што се бара, евентуално договореното име да има јасна и дефинитивна квалификација, не оставајќи простор за забуна помеѓу територијата на Република Македонија и регионот Македонија во Грција. Понатаму потенцирано е дека договореното име треба да се употребува erga omnes, односно кон сите. За основаноста на овие елементи и аргументи на грчката страна сум елаборирала безброј пати, така што во оваа пригода тоа ќе изостане. Оние заинтересираните, пак, слободно може да пребараат.

Спротивно на ова, во одговорот од македонската страна не може ниту да се насети која е нашата позиција. Навидум с` чини дека тоа е многу интелигентен пристап кој има намера да го збуни противникот. Но дали е тоа навистина причината? Прашањето кое неминовно се поставува е дали одговорот на македонската страна е резултат на инфериорна надворешна политика и дипломатска активност. Одговорот што го понуди македонското МНР е многу општ и генерален, исполнет со куртоазен дипломатски речник. Воедно на едно општо ниво е спомената пресудата од Меѓународниот суд на правда, која би требало да претставува „устав“ за сето аргументирање, кое треба да произлезе од наша страна, на кое било ниво. Некои новинарски анализи што проструија во јавноста, потенцираа дека одговорот бил така дизајниран со цел да не ја провоцира Грција пред претстојниот самит на Европскиот совет.

Kако и да е, од сево ова погоре споменато заклучокот е следен: македонската страна нема никаква позиција во однос на прашањето за името, и тоа е кристално јасно. Нема ниту, пак, храброст да ги потенцира правно и објективно заснованите аргументи, кои би ги одбраниле нашите позиции, а ги има во изобилство. Очигледно е дека немаме позиција, однoсно остануваме неми на континуираната агресија од страна на Грција, така што логички сите постојни аргументи и пишувања паѓаат во вода. Единствената позицијата на Република Македонија во однос на надворешната политика е отворањето на преговори со ЕУ. Тоа е „столбот“ на надворешната политика, за што и сме подготвени да останеме неми за навек! Поразително...

Јана Лозаноска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2883B5649BAF95499B6C9F5908CF3ABB


.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Posledniot predlog na Metju Nimic za resavanje na "sporot": Severna Re;ubliak Makedonija, no da nema Makedonci nitu Makedonski jazik, tuku pod nacionalnost da se kaze opisno "od Severna Republika Makedonija", a imeto na jazikot da e "oficijalen jazik na Severna Republika Makedonija". :facepalm:

Предлогот на Нимиц е „Северна Република Македонија“

Предлогот предвидувал државјанството на граѓаните на Македонија да биде „државјанство на Северна Република Македонија“ (Adjective/Nationality: of the Northern Republic of Macedonia). Истата формула Нимиц ја предвидел и за јазикот – македонскиот да се нарекува „официјалниот јазик на Северна Република Македонија“ (the official language of the Northern Republic of Macedonia).

Според неделникот, Нимиц предложил уставното име да остане во употреба на домашен терен и во билатералните односи со државите што ја признале Македонија под тоа име.


На 20 ноември се одржа последната двoдневна рунда разговори меѓу Македонија и Грција за надминување на спорот за името. Медијаторот Метју Нимиц во Њујорк изјави дека дал некои нови идеи за надминување на проблемот, дека посредниците треба да ги пренесат овие идеи до своите влади, па да видат дали може да бидат корисни за да се оди напред.

Од оваа последна средба досега немаше никакви информации за содржината на последниот предлог на посредникот.

Како натаму ќе оди процесот најмногу зависи од одлуката на министрите на ЕУ, кои на 14 декември треба да одлучат дали ќе го деблокираат евро-интеграцискиот процес на Македонија.

Ако Македонија добие датум, тогаш притисокот на решавање на проблемот со името ќе се зголеми и веројатно тогаш Нимиц, Јолевски и Василакис ќе се гледаат многу почесто од досега.

http://www.mkd.mk/81531/makedonija/graganski-minic-predlaga-severna-republika-makedonij/?fb_action_ids=459444507424249,459256567443043,459166784118688&fb_action_types=og.recommends&fb_source=other_multiline&action_object_map={"459444507424249":184232115051142,"459256567443043":258165774309752,"459166784118688":543279935702001}&action_type_map={"459444507424249":"og.recommends","459256567443043":"og.recommends","459166784118688":"og.recommends"}&action_ref_map=[]
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Прекрасен текст од Тони Науновски во Дневник. Тони аргументира дека се зголемува притисокот врз Македонија за истата да се обезличи и вели дека 2013 ќе биде клучна во тие напори на нашите непријатели.

Додека промената на имет и бришењето на нашиот идентитет сега ги попврзаа со членство во ЕУ, внатре во државата против нас се употребува тнр. "Ленинградска стратегија". Таа се базира на три елементи:

1. Незадоволство од економската состојба кое води во апатија.
2. Агресивни барања на албанското малцинство.
3. Поделба и судир меѓу самите Македонци -- епологот на таа политика го гледаме вчера и денес со обидот на СДСМ насилно да ја освои власта и да изнуди граѓанска војна.


Датум: 24.12.2012, 17:28

ЛЕНИНГРАД И ОПСАДАТА НА МАKЕДОНИЈА

Нема да нè натерате да се самоуништиме

...Дали ќе издржиме како народ, сепак зависи од реакцијата на секој Македонец поединечно. Дали како и во случајот со Ленинград и заробените граѓани, препознавањето дека токму ова е нашата последна битка која ако ја изгубиме (односно се де-означиме како македонски народ со своја историја) ќе завршиме како апатриди во некои „логори“ или туѓи земји во светот, ќе биде индивидуалниот избор на буквално секој самосвесен Македонец – останува да видиме.

По најновиот бриселски извештај, веќе и малите деца знаат дека сета оваа приказна за ЕУ и РМ се претвора, со секој ден се повеќе, во синхронизиран напад на некои исклучително моќни структури врз државата и посебно македонскиот народ. Повеќе ниту примамливата фразеологија која го поддржуваше митот за ЕУ како неисцрпен извор на материјално богатство, не може да го заобиколи овој свиреп факт за неправдата кон Македонија. Хашката пресуда е најбитниот објективен доказ дека РМ нема никаква вина за парадоксалните состојби во кои упорно не поставуваат најразлични „комисии“ од ЕУ.

Во таа смисла, колективната увереност на Македонците дека немаат објективна вина за условувањата и блокадите во интеграциските процеси дава надеж дека имаме сепак (иако минимални) шанси да издржиме. Дополнителен мотив да се издржат притисоците се и најновите информации од главните членки на ЕУ (пред сè Германија, изјавата на А. Меркел) кои укажуваат дека процесот на натамошно проширување ќе биде одложен на неодредено време заради интерните буџетско-финансиски проблеми со кои се соочува оваа организација.

Доколку познатиот синдром на „македонскиот инает“, заедно со вкоренувањето како прв „факт на свеста“ на апсолутната вистина дека ако смениме и буква од вековното наше име ќе нè снема од мапата на современи држави, ќе биде доволно за наше преживување, ќе дознаеме наскоро. Борбата за Македонија никогаш не запира, во ниту еден миг од времето на македонскиот народ. Во овој критичен историски период, ехото од коските на нашите предци кои живееле и умирале за Македонија, мора да биде засилено со крикот на секој Македонец. Kрик што ќе значи само едно – нема да нè натерате да се самоуништиме со менување на нашето име.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=143648C8BE3E4E4DA943C2D062E725D2
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Изгледа поблиску до остварување се анти-македонските агенди.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Изгледа поблиску до остварување се анти-македонските агенди.
Тоа е, создавање вонредна ситуација и доаѓање на власт со помош на "меѓународната заедница".

Руфи Османи, кој овој пат во името на сценаристите ги искажа барањата за некаква "техничка влада" -- слична на таа во 2001-ва -- наспроти легитимно избраната влада на избори од страна на граѓаните на Македонија, денес излезе од парламентот. Играта е јасна, да го продаат името и да се устоличат на власт.

„Македонија е зрела за да има Влада на широка коалиција,Влада идентична со онаа од 2001-та, со реализација на две цели. Прво реализација на консензус за спорот со името со Грција, и техничка Влада која ќе создаде нормални услови за фер и демократски предвремени избори заедно со локалните“, вели Руфи Османи.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=60507




Црвенковски сака на власт без избори, за да го затвори македонското прашање

Причината во сите овие случаи е една единствена. И очекувано, за неа никој не говори отворено. Особено не превратниците. Таа е да настапи промена на власта без избори за еднаш засекогаш да се затвори македонското прашање.

Токму поради таа причина Македонија во 2001-та доби фингирана војна во која, покрај 1.468 учки увезени и вооружени од Косово, активно помагани од македонските политички фактори и внимателно раководени од т.н. меѓународен фактор, успешно ја преуредија македонската држава вградувајќи механизми за нејзина блокада и дестабилизација по потреба. Но целта од тогаш до денес е иста. Преку драматични настани да се предизвика хаос, населението да се дезориентира и да прифати божем доброволно и мирно, како неминовна, одлуки што ќе донесат катастрофални последици.


И во овој контекст, преку креирање крвави настани од страна на високи политички структури и со злоупотреба на власта и институциите на државата, неколкупати беше подривана државата и оштетени интересите на целокупното население. На пример, во сенката на атентатот врз Киро Глигоров набрзина се потпиша текстот на Привремената спогодба во која само еден член (чл. 11) е во полза или води сметка за македонските национални и државни интереси.


Во сенка на кобајаги војната за човекови права, а преку божемна широка коалиција, се изврши промена на Уставот, се избриша Преамбулата на Уставот и со тоа се избриша историската победа на Македонија во Втората светска војна, заради што го загуби правото да формира држава.

И во 2008 година, преку владината криза, поради напуштањето на коалицијата од страна на ДПА (кобајаги повод), се креираше сценарио за преземање на власта преку т.н. широка коалиција. А во 2010-та на идентичен начин истата опозиција со истите актери и сличен изрежиран повод (одбрана на ТВ А1) се обиде да предизвика граѓанска војна и насилно преземање на власта. ...


http://www.kurir.mk/komentari/kolumni/97202-Crvenkovski-saka-na-vlast-bez-izbori-za-da-go-zatvori-makedonskoto-prasanje

,
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Доаѓањето на Нимиц со нов пакет решенија не е ништо ново, бидејќи и досега доаѓал со неупотребливи предлози за Македонија, смета амбасадорот Ристо Никовски.

Но, во предлогот за име за меѓународна употреба се крие измама.

-Мора да бидеме свесни дека таканареченото име за надворешна употреба е чиста превара. Македонија никој не може да ја прекрсти внатре во државата. Името е за користење надвор. Но, во моментот кога ние ќе прифатиме име за тнр. надворешна употреба, ние сме веќе прекрстени и од тој момент нема веќе да има Македонија, Македонци на меѓународната сцена. Од тој момент монополот на името Македонија, Македонци, Македонско, македонска историја итн. ќе го имат грците и тоа треба да биде потполно јасно и дека тоа неизбежно ќе води до промена на уставот на државата, вели Никовски.

Според поранешниот амбасадор во сите компјутери на границите ќе биде наведено новото име и нема да може да се помине со пасош на Република Македонија, ниту пак ќе можат стоките за извоз да бидат декларирани како македонски.

Најавите, пак дека двете земји ќе бидат ставени пред свршен чин не е можно бидејќи предлогот на Нимиц ќе биде за друга намена.
.
-Ова што го прави Нимиц сега е во чиста функција на ЕУ и нема врска со неговиот мандат во ОН, тој само користи начин како да се најде излез од тунелот, меѓутоа излез кој ќе и одговара на ЕУ, а не на Македонија, смета Никовски.

Според Никовски излезот мора да се бара преку Хашкиот Суд, дури и ако треба да се оди вторпат.

http://sitel.com.mk/ime-za-megjunarodna-upotreba-e-izmama-za-promena-na-indetitetot
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
„Република Северна Македонија" е предлогот со кој медијаторот во македонско-грчкиот спор за името Метју Нимиц доаѓа во Атина и Скопје од 8-ми до 11-ти јануари, пишува грчки „Капитал".
Предлогот, според грчкиот весник, е дел од обидите на медијаторот да го оживее процесот, во чии рамки беше ноемвриската средба со претставниците Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис во Њујорк.
Грчкиот весник посочува дека Нимиц доаѓа во Скопје во време на политичка криза во земјата, пресметки со низок интензитет меѓу младите Македонци и Албанци, но и во време на зголемен активизам на Европската Унија, олицетворен во работата на еврокомесарот за проширување Штефан Фуле.
„Свесноста на Париз и Берлин за ограничената политичка издржливост на грчката влада во криза, и противењето на Бугарија (која станува се поголема главоболка за Македонија од Грција) спречија тоа да се случи, а исходот беше документ на Советот во кој решавањето на името е поставено како предуслов за почеток на пристапните преговори", наведува новинарот Костас Раптис во својот текст.

НЕ!
 
K

King_Stone

Гостин
Нешто треба да се стори,за овој проблем конечно да се реши.Еве,чекаме веќе 20 години,залудно изгубено време.И ние и Грците ке направиме некоја отстапка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom