Македонија не ја искористи шансата и извесно е не можеме да се надеваме на позитивен исход од Брисел, следува период на разочарување, според информациите на Црвенковски се очекува засилен ангажман на САД.
Доколку и на НАТО самитот дојдеме без решение за името Македонија, вели ќе влезе во долга изолација и иднината на државата ќе се доведе во прашање. Несериозни би биле доколку до самитот се работи на предвремени избори, но доколку нема решение меѓу Македонија и Грција тие ќе бидат неопходни.
„Ние ќе имаме политичка ситуација, да не ја наречам политичка криза која што единствено може да биде надмината со предвремени парламентарни избори“, изјави Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ.
Погубната политика на Груевски не обедини сите, а на добар пат е да ја обедини и цела Македонија против него, вели Црвенковски, нема споредба во квалитетот на опозициската и владината коалиција.
„Тито Петковски, Ѓорги Оровчанец, Стојан Андов, Љупчо Јордановски да не ги редам сите се политички величини за Амди Бајрам, Борис Стојменов, Љубисав Иванов Ѕинго“, додаде Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ.
Три партии на Србите во Македонија и партнерот на Груевски-Ќахил, сфатиле дека Владата ја носи државата во погрешна и опасна насока и затоа и тие се дел од опозицискиот фронт.
„Моите пријатели постојано ми велат дека никој подобро од Србите не ја разбира погубноста на забеганиот национализам и лажен патриотизам, со кои Груевски го дели народот“, вели Аднан Ќахил, партија за движење на турците во Македонија.
Организирана поддршка од партискиот подмладок. Со начинот на дејствување не сакаат да бидат споредувани со колегите од ВМРО-ДПМНЕ, но на сите млади им порачаа што треба да направат во ова топло лето-да гледаат фудбал, да фатат дечко или девојка и да бидат горди Македонци.