Меѓународно движење против промена на името

Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Jas sakam Makedonija da stane clenka na NATO i toa poveke od tebe,a ne da propaga.. Ubavo ke e da se zacuva ustavnoto ime,ama i samite gledate deka ova radikalna politika na Gruevski ne cini, i moze da nosi teski posledici niz celiot region.. Veke ima i predupreduvanja i od SAD i od EU i od NATO.. Daj boze Makedonija so ustavnoto ime da se integrira vo NATO, ama ne veruvam..
Ти не си видел ни Р од радикализам.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Da zivee Grcija

Makedoncite neka barat pomos od Izrael:pos2:
i taka secet veni za Izrael..:tapp:

ООО си научил Македонски и да пишуваш, БРАВО!!! Ќе се фалиш на Косова после дека причаш и Македонски, ај не останаа уште многу денови :wink:
 
Член од
9 февруари 2010
Мислења
300
Поени од реакции
11
Nitu edna zemja na svetot ne e sojuznik na Makedonija,pocni od sosedite pa po siroko..
 

Круме

Life, Get One!
Член од
28 март 2010
Мислења
449
Поени од реакции
32
Nitu edna zemja na svetot ne e sojuznik na Makedonija,pocni od sosedite pa po siroko..
Знам за Турција и Хрватска... Ете заради вакви како шиптариве нема ЕУ (не дека ја сакам Македонија да влезе у ЕУ, ама ај)... Единствените луѓе во светот коишто кренаа пушка против држава во која живеат...
 
Член од
19 септември 2008
Мислења
730
Поени од реакции
62
Nitu edna zemja na svetot ne e sojuznik na Makedonija,pocni od sosedite pa po siroko..
И стигнуваш до Турција (ете сојузник) и после ????? Лево или десно?????
Мисли малку не туку само провоцирај
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Nitu edna zemja na svetot ne e sojuznik na Makedonija,pocni od sosedite pa po siroko..
Нормално дека соседите не се сојузници на Македонија, сите си имаат своја агенда за Македонија.
Проблемот е дека Македонија има непријатели внатре во државата а не па да размислува за пријатели во соседството.

А за пошироко... ми сега, не сме посвоени од Германија, Франција, Русија, Велика Британија или па можеби Италија, САД... но сепак Македонија има по некој пријател.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Македонија има "пријатели" колку и секоја друга земја. Пријатели е во наводници затоа што во меѓународни води не постои зборот пријателство со соодветното негово значење, само интерес, моментале или долгорочен.

Naj ubo e ovoj problem da se resi megu Grcija i Makedonija, bez da se mesa nekoja zemja od nadvor, pa se posle se nadevam deka ke se najde nekoe care za novoto ime na MK.. A i Gruevski treba da bide po fleksibilen,, zatoa sto zemjata ja vodi vo kon temnina..
Истото се деси и со прием на Македонија како фиром низ меѓународните организации минатата деценија, привремено-2 месеци. Доколку тогаш било преку потребно да се зачлениме во ОН, сега не е воопшто (ако се има предвид со што се сака да се тргува за возврат).

Туку, овие сакаат сами да иницираме смена на име???? Доказ повеќе дека јужниот не е оној кој мисли, тој е нечие орудие (на еу)

Брисел очекува Милошоски да даде предлог за решавање на спорот

Последна шанса на Милошоски да го помрдне спорот од мртва точка. Утре шефот на македонската дипломатија на средба во Сараево со еврокомесрката за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештион - по нејзино барање.

Сета меѓународна јавност е свртена кон овој состанок. Брисел очекува Милошоски да презентира како може да се реши спорот, средбата се оценува како клучна, но и добра можност македонскиот министер да побара Ештон да се заложи, Македонија да добие датум за почеток на преговори за време на шпанското претседателство.

Дипломати од Брисел сметаат дека улогата која може еврокомесарката да ја одигра, е да побара од Грција да има поголема доверба и да и дозволи на Македонија паралелно да ги води преговорите за ЕУ и името.

Неизвесно е дали утре во Сараево ќе одржат средба Друцас и Милошоски. Грчкиот алтернативен министер за надворешни работи вечерва пристигнува во Сараево. Пред неговите колеги од земјите од Западен Балкан ќе ја презентира солунската агенда за интеграција на Западен Балкан до 2014 година.

На маргините на самитот кој се одржува во Сараево Милошоски ќе се сретне и со шефот на шпанската дипломатија Моратинос. Можност да се разговара дали Македонија ќе се најде на дневниот ред на 17 јуни.

Во меѓувреме Груевски повтори дека не против решение за името со Грција.

- Јас не сум против. Напротив, јас сум за решение, но реков дека нема да може со закани да се прифати решение кое што е неприфатливо, кое граѓаните не го сакаат и кое ценат дека прави штета. Aко дојде компромисно решение кое е прифатливо за граѓаните и не им штети на државните и на националните интереси со задоволство би го поддржале и се надевам дека би го поддржале и граѓаните. Ние сме заинтересирани за успех на процесот за решавање на овој проблем со кој се соочуваме, рече Груевски
Дали Македонија го иницира па сега треба да го решава...лудило, педерлук и ...до кога ќе ни сигнализираат европјани дека тие се всушност оние кои сакаат да не збришат од овие простори? И до кога ние тоа нема да го читаме?

Револтирани од изјавата на премиерот- невладината Граѓани за европска Македонија следниов период ќе шета низ градовите во земјава за да им објаснат на луѓето дека не може во ЕУ и НАТО без да се смени името.
Овие се продолжената рака на
опозицијата
? Истата како едвај да чека да смениме име (и е гајле за еу дал ќе влезе или не). На нивниот сајт гледам геровски, милчин, жарко трајановски...се "човек до човек". оној трајановски што ги брани правата на хомосексуалците, а го правда со болдот менувањето на името? Истите оние кои учествуваа во анти-споменици протестите?
Ради овие претходно реков -доколку опозицијата со еден гест или напис или акција го заштити нашето име и застане зад негово неменување, тогаш ќе почнам да и верувам. Се дотогаш целосно ги игнорирам нивните колумни, написи...скотови.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Когаш тогаш Русите и другите словенски народи ќе го достигнат културното и духовно ниво каде ќе се свртат едни кон други.
Агонијата ќе ги натера на тоа, и токму поради тоа потребни ни се состојби на овакви кризи.

За Турција.
Како може земја која се повеќе е исламска да биде сојузник на Македонија.
Ако е целта и на Македонија да се исламизира целата, онда да, најдобар сојузник за тоа.

Политиката на Груевски била радикална.
1. Турци, Роми, Бошњаци, Срби во владата.
2. Квоти за нив во Собранието.
3. Почитување на нивните празници.
4. Социјални станови, водоводи, патишта.

Е сега на 500 џамии ќе се гради една црква, кој е радикален ?
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Пазете се! Креваат раце!

Мојата омилена работа во последно време, анализирање на текст против Македонија.
Еве ја мојата најнова анализа.


Извор: Дневник 02/06/2010

ЕУ крева раце од нас


ЕУ воопшто не е загрижена за стабилноста на земјата и единствено жали што македонското доближување до ЕУ се одложува на неодреден рок​


Македонската влада покажува знаци дека сака да остане во европската чекалница уште 20 години, а ЕУ на тоа нема да се спротивставува. Ова е кусата порака што европски дипломати и' ја упатуваат на Македонија откако ги слушнаа пораките на премиерот Никола Груевски во неговиот говор во неделата.

Кој говор? Затоа што сакаме да си го зачуваме името? Тоа ли ви пречи бре? Македонската влада работи на „евро интеграциите“, само изгледа џабе работи кога сакате очигледно да ни го смените името.

Од европски аспект, сосема е нереално да се очекува дека Македонија може да води паралелни преговори за членство со ЕУ и со Атина за спорот за името. Освен ако Грција на тоа се согласи, велат во Брисел, додавајќи дека ова е една од темите што токму Атина и Скопје треба да ги отворат и да видат дали постои таква опција.

- Ако Грција се согласи на тоа, нема сомнение дека и другите земји-членки ќе дадат свое зелено светло - вели висок европски извор во Брисел.



Значи грција води оро во Брисел? Што ќе каже таа, сите следат? Јас па се мислев дека Германија е главатар на ЕУ, ама изгледа сум згрешил. Да те прашам јас тебе „висок извор“ (слушам бил 198см) што ќе се случи кога Македонија ќе влезе во ЕУ? Кој тогаш ќе подржува ЕУ, Грција или Македонија?


Македонија, вели тој, се обидува ова решение да го протурка, но досега, според него, во потфатот нема успех поради тоа што никој од високото македонско раководство нема доволно пријателски врски со лидерите на најзначајните земји-членки. Висок дипломат од една голема земја-членка, кој работел во Македонија, вели дека во Берлин, Париз или во Лондон сега никој не мисли на Македонија и земјата се' повеќе се изолира самата себе од европските кругови.



Пријателските врски значи ни се проблем... Груевски ајде фрли една скара да дојдат Европејциве да се спријателиме. Јас па мислев дека цел процес се одвива на ЧОВЕКОВИ ПРАВА и ПРАВДИНА, а он Бога ти да ти биде на тоа кој кого знаел. (за неупатените ова ти е корупција 1.01). Никој не мисли на Македонија? Зарем некогаш некој мислел за Македонија? Да мислевте вие за Македонија до сега ќе имаше многу подобра МАКЕДОНИЈА. Но проблемот е дека вие „Европјаните“ македонија ја гледате само преку 1. Бедата 2. Војната 3. Спорот со Името. За вас сме само предмет на расправа а не држава, тука е суштинскиот проблем. Точно е тоа дека ние не правиме доволно за промоција на нашата земја, но како да ја промовираме Макеоднија како земја, кога вие самите си имате фикс идеја дека Македонија е само проблем?

- Немам статистика, но би било интересно да се види колкумина лидери на големи земји-членки во последните месеци направиле официјална посета на Македонија или во колку вакви земји било официјално покането македонското раководство - вели дипломатот, кој изразува жалење поради ваквата ситуација која е на штета само на Македонија.



Изразувај жалење, но никој не сака да решава проблеми. Никој не сака да се стави во светло а и никој од вас нема доволно муда да ја согледа вистината и баналноста на овој глуп спор. Странски делегации нема да има во Македонија, бидејки секој што ќе дојде во Македонија автоматски е брендиран како непријател на вашата ценета Гејлада.


Тој тврди дека ЕУ воопшто не е загрижена за стабилноста на земјата и единствено жали што македонското доближување до ЕУ се одложува на неодреден рок.


Немој и да сте загрижени... како демек не спиевте ноќта поради Македонија... а одложувањето? Па одложувањето е од ваша страна не од наша... Не знам точна бројка, но баш ме интересира да се направи една анкета за тоа кога владата рекла дека не сакаме во ЕУ.

Нереални се и очекувањата за почеток на скрининг процес за Македонија. Според европски извори, на ЕК можеби не би и' било проблематично да отвори таков процес со Македонија и со други балкански земји, но за такво нешто е потребна политичка волја и одобрување од земјите-членки.


Како бе немаме политичка вољја? Па имаме еден куп! Секој ден ЕУ-НАТО и ништо друго... што треба графити под мостови да се уверете? Кажав и ќе кажам пак ако ЕУ-НАТО=Промена на Име... тогаш потегот е ваш не наш. Ние сакаме ЕУ-НАТО како луѓе а не како магариња. Ако пак сите во ЕУ-НАТО сте магариња тогаш нп менуваме име.

- Засега не гледам дека таква политичка волја постои - вели нашиот извор.


Па нели никој од Лондон-мондон не бил заинтересиран за Македонија, како сега ти не гледаш? Можеби имаш таква представа за работите бидејки не те интересира.



ОЧИГЛЕДЕН РАСЧЕКОР

Според многумина во Брисел, постои очигледен расчекор помеѓу декларативната европска определба на Македонија и акциите во таа насока.

- Во Македонија има двоен дискурс - еден за надворешна употреба, кој е проевропски и еден за внатрешна употреба, кој го побива првиот, а тука е и очигледното забавување на реформите, што не е потпора за вербалните залагања за ЕУ - разочарано констатира дипломат.


Како бре... што збориш такви работи? Која здрава држава ова го прави? Не никоја здрава држава не води политика... не ич... нит ЕУ не води двојна политика. Ако изворите се говеда ние не сме. Политика, проверете што значи зборот, па тогаш зборувај. Инаку нашите ставови се секогаш про-европски, но се и про-македонски. Ако ова второво боли не врти ПОЛИТИКА и дај еден единствен став. Инаку како може една изјава која зборува за родољубие да ги спречува реформите? А... да... заборавив, затоа што Груевски кажа така сега правосудството остана нереформирано, законот за фрлање отпад остана неизгласен и стандардизирањето на возачките остана на пола пат. :) Да Груевски кажа „стоп за ЕУ интеграциите, спушќаме рампа.“

Меѓународната заедница врши притисок и врз Грција во спорот за името и македонскиот впечаток дека целиот притисок е врз Македонија е сосема погрешен. Во Брисел потсетуваат дека писмото на комесарот Штефан Филе и на пратениците Зоран Талер и Јорго Шацимаркакис, објавено во „Дневник“ во минатиот викенд, истовремено е објавено и на грчки во тамошниот дневник „Та неа“. Текстот ја потсетува Грција дека само со решавање на спорот ќе ја засили клучната улога на својата надворешна политика во Западниот Балкан и дека може само да има полза од позитивна разврска на проблемот. Пораката за одговорноста на лидерот во овој спор е упатена колку до Груевски толку и до неговиот грчки колега Папандреу.


Да, толку голем притисок што чекате ЗЕЛЕНО СВЕТЛО од неа. (не сме говеда) Инаку грција секако добива од разврска за која наведувате во целиот текст. Инаку Гејските медиуми се објективни додека нашите се про-фашистички така? Зарем ДНЕВНИК е толку смотан да гледа дека тука дирекно е нападнат од страна на дипломатот. Ова не е само за Владата, овој пасос дефинитивно ги напаѓа и медиумите во Македонија.



- Изненадени сме што никој во текстот не виде пораки и до Грција. Велејќи дека ова е една од поголемите историски неправди Македонија заборава дека мачни судбини низ историјата имале многу европски земји. Но, Македонија како да ужива во улогата на жртва што упорно ја бара за себе, иако никој не и' ја наметнува - коментира висок европски функционер.


Многу страдавте. Да браќа многу страдавте и имавте мачна историја, но секогаш си бевте господари на својата судбина. За разлика од вас Македонската судбина секогаш е кроена од таквите како вас. Затоа немојте да зборувате за еднаквост при страдањата. Не зборуваме овде само за мачна историја, зборуваме и за тешка сегашност каде ИДЕНТИТЕТОТ ни е загрозен од таквите ко вас. И да ти кажам дека јас баш би сакал да сум во СЕИР и ХУМОР наместо да анализирам банален текст како овој, што значи дека ич ама ич не уживам во тоа да сум жртва. Земскиот грб ни е лав а не офца.


Тој додава дека во меѓународната заедница од Македонија никој не бара да смени име или идентитет или да се обезличи, ниту некој сака да наметне ново име за Македонија како што повторуваат сите што се блиски со владата. Пораката на меѓународната заедница е конзистентна од самиот почеток и гласи дека спорот треба да го решат Атина и Скопје на начин кој ќе ги задоволи двете страни, а не меѓународната заедница, која ќе го прифати секој договор. Што тоа решение ќе содржи е тема за Македонија и Грција, а не за ЕУ, НАТО или за САД.



Па кој го кажал ова или е будала или се прави будала. Реалност: Ако не го смениме името нема да имаме „зелено светло“ од гејлада. Ова г-не прваче од ЕУ значи дека нема ЕУ интеграции, што значи дека ќе имате уште многу матерјал за да дробите вакви зелени по медиуми. Разврска неможе да има се додека менувањето на нашето име е основа за „зелено светло.“ Ова пак најавува дека проблемот не е во Македонија, ами е јужно или во Брисел каде што неможат или не сакаат да го согледат ова. А како тоа не е тема за ЕУ? Па гејлада е во ЕУ а Македонија сака да е во ЕУ, што значи дека е проблем за ЕУ. Ако не е проблем за ЕУ тогаш што е проблем да се интегрираме како што сме сега?


- Точно е дека се слуша името Северна Македонија, но тоа не значи дека меѓународната заедница донела одлука која сега Македонија треба да ја спроведе - вели соговорникот на „Дневник“


А дали може да спроведе „меѓународната заедница“ (како ние да не сме дел од таа заедница, а да бре ние не бевме народ) таква одлука?



ЗАПИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКАТА ПОМОШ?

Во Брисел додаваат дека на Македонија може да и' се случи да загуби финансиска и техничка помош од ЕУ. „Ако има јасен доказ дека членството во ЕУ на земјата повеќе не и' е приоритет, тоа ќе даде основа да се направи анализа дали да се продолжи со инвестирање европски пари во финансиска и техничка помош во Македонија. Тоа е отворено прашање и Брисел чека да види што ќе се случи“, вели еден од нашите соговорници.

Во Скопје утре и задутре се одржува состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација, на кој претставници на ЕК ќе ја разгледаат примената на Спогодбата и соработката помеѓу двете страни. Од оваа средба не се очекуваат значајни одлуки, а наредната, на 17 јули, е Советот за стабилизација и асоцијација во Брисел, од која ќе произлезат заклучоци за понатамошната евро-македонска соработка.
Талер: Преговори, па арбитража
Европскиот пратеник Зоран Талер и' предлага на ЕУ на јунскиот самит да отвори преговори за членство со Исланд и со Македонија. Тој предлага во ЕУ да се воведе правило според кое на две земји што имаат билатерален спор треба да им се остави рок од 12 месеци тој спор да го решат. Доколку решение не се постигне Талер предлага меѓународна арбитража. Тоа, според Талер, би спречило билатералните спорови да се одолжуваат со што го спречуваат проширувањето на ЕУ и влијанието на тоа одолжување врз европската стабилност.


Светлана Јовановска
Наша дописничка од Брисел


И на крај браќа и сестри Македонци не оставаат со закана за економска санкција. Закана со која веќе со години не малтретираат. Закана која се темели на билатерален спор. Никаде не е кажано дека ние не сакаме во ЕУ и НАТО а тие со економски санкции ќе не оштетуваат. Незнам за вас, ама за мене ова е закана произлезена од нешто кое не е кажано. Македонија сака во ЕУ, ако пак ЕУ значи дека треба да сме индиферентни за припадноста кон една нација Македонска тогаш што се плашат тоа јавно да го образложат?


Зарем сме толку глупи?


п.с. предлагам владата на следната седница да усвои закон со кој се продолжуваат ЕУ-НАТО интеграциите, само за да вакви изјави не се шират. Така само чукаат ефтини поени, кои ни наштетуваат. Немислам дека Македонската психа веќе има елан да издржи вакви прободи со игла.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Таа дописничка Јовановска е многу "објективна новинарка", како и другите впрочем. Затоа вакви текстови не треба да се сфаќаат од граѓаните сериозно (освен сериозно-дека имаме сериозни непријатели за името внатре во државата).
Инаку, во текстот на Бранко Ѓорѓевски, Светлана Јовановска и на Слободанка Јовановска се зборува за законот за заштита од дискриминација што неодамна го усвои Владата и за тоа дека Македонија е нетолерантно општество бидејќи сексуалната дискриминација не е ставена во новиот закон.
"Тврдењето дека текстот го фабрикувале 'непријателите на Македонија' е смешно. Тоа само покажува дека толеранцијата, најверојатно, треба да биде подобрена не само кога станува збор за разните малцинства во земјата туку, исто така, кога се работи за квалитетно или критичко новинарство".
Дописничката на "Дневник" СветланаЈовановска, пак, смета дека текст кој ја оцртува реалноста не треба да предизвикува вакви реакции.
"Изненадена сум од нетолерантноста кон објективното новинарство. Младите кадри во Владата би требало да се згрозуваат од бришењето на сексуалната ориентација од Предлог-законот, а не од текстови кои реално ја оцртуваат стварноста. Подобра реклама од ова не можевме да си замислиме", вели Јовановска. (Д.Д.)
И да знам дека ќерка ми има фалинка, нема да ја срамотам додека не се омажи, нели :)

Пред и да прочита човек напис во медиум, доволно е да прочита од кој новинар е...не бил само Латас ориентиран, а? :)
Со сите сили сезнаекој напаѓаат, браос бе, како да Македонија не им е матична и едина држава, а емотикониве ми се оти ми се смешни написите на тие новинарчиња.

Во Брисел додаваат дека на Македонија може да и' се случи да загуби финансиска и техничка помош од ЕУ. „Ако има јасен доказ дека членството во ЕУ на земјата повеќе не и' е приоритет, тоа ќе даде основа да се направи анализа дали да се продолжи со инвестирање европски пари во финансиска и техничка помош во Македонија. Тоа е отворено прашање и Брисел чека да види што ќе се случи“, вели еден од нашите соговорници.
Колкава е и во што таа финансиска помош од еу, знае некој? Од еу, не од нејзините членки поодделно.
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Кога веќе зборувате за нашите прекрасни дописнички од Брисел. :tapp:

Читам, така, по странските медиуми извештаи за славното „истра жу ва ње“ на „Дневник“, кога – оп! За електронски медиум на англиски јазик, среќавам ја зичка иновација за некакви self-declared Macedonians или варијанта на self-professed Ma ce donians, а потпишана реномираната дописничка од Брисел, Светлана Јовановска

http://vankovska.blog.mk/2010/05/31/ad-hominem/

П.С.
Целосно се согласувам со Луртз кој вели дека едвај чека опозиција што има исправен став за името. И јас така, подолго време.
 
Член од
9 февруари 2010
Мислења
300
Поени од реакции
11
Знам за Турција и Хрватска... Ете заради вакви како шиптариве нема ЕУ (не дека ја сакам Македонија да влезе у ЕУ, ама ај)... Единствените луѓе во светот коишто кренаа пушка против држава во која живеат...

hahahahah za Turcija veke neznam, Makedonija ne gi osudi napadite sto bea napadnati humanitarcite,taka da poveke neznam dali Turcija ke vi dade politicka podrska kako sto vi davase do vcera..
Megunarodnata Zaednica gi osudi napadite,ama Makedonija so pola usta gi osudi:tapp:

Aku aku,nas albancite ni odgovara vaka..:smir:
 

Круме

Life, Get One!
Член од
28 март 2010
Мислења
449
Поени од реакции
32
hahahahah za Turcija veke neznam, Makedonija ne gi osudi napadite sto bea napadnati humanitarcite,taka da poveke neznam dali Turcija ke vi dade politicka podrska kako sto vi davase do vcera..
Megunarodnata Zaednica gi osudi napadite,ama Makedonija so pola usta gi osudi:tapp:

Aku aku,nas albancite ni odgovara vaka..:smir:
А бе шо да ти кажам веќе, Турција ја заболе Македонија ако не и рече на Израел „Срам да ти е Израел“.... А и да рече, Израел ќе се исплаши така?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom