Меѓународно движење против промена на името

Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Од грчкото лоби потекнува иницијативата преку Барак Хусеин Обонго. Рикер е/беше про-македонски настроен, но така му диктираат од Вашингтон да се однесува.

Денес Обединетата Македонска Дијаспора има средба во Стејт Департментот во кој ќе се дискутира Американската политика спрема Македонија.

Вечер има прием со Сенаторот Воиновиќ кој ни е можеби најблизок и со право ќе ја добие наградата на ОМД.

Во секој случај не треба да се подлегнува на хистеријата на А1 телвизија и останатите соросоидни медиуми, туку да се тера понатаму. Ако ние демек немаме иднина, нема да е добро за никој вкл. и за САД.
Војнович најблизок и со право добива награда од ОМД ???
Истиот оној Војнович кој ужива да не нарекува ФИРОМ , па дури влегува и во вербални конфликти зарада истите ? FYROM or whatever senator Vojnovich ? :nesvest: :kesa:
Ова навистина ми е нејасно. ОМД го има погледнато видеово ? А верувам не е единствениот таков негов настап !!! http://fora.tv/2010/03/27/The_Balkans_2010
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Имам едно суштинско прашање.
Зошто “нашиот“ “голем“ “пријател“ САД, не го користат ММФ, каде имаат силно влијание, да и испорачаат ултиматум со помошта која и ја нудат, да го реши проблемот со името и да попушти во нејзините црвени линии.
Туку напротив, Обама разговарал со Меркел како Грција да се извади од була.
Нас за многу помалку пари ни испорачуваа секакви ултиматуми.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Војнович најблизок и со право добива награда од ОМД ???
Истиот оној Војнович кој ужива да не нарекува ФИРОМ , па дури влегува и во вербални конфликти зарада истите ? FYROM or whatever senator Vojnovich ? :nesvest: :kesa:
Ова навистина ми е нејасно. ОМД го има погледнато видеово ? А верувам не е единствениот таков негов настап !!! http://fora.tv/2010/03/27/The_Balkans_2010
Да тој истиот кој еве пак не убедува да ја зграбиме можноста да смениме име

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/voinovik-da-se-iskoristi-moznosta-za-reshavanje-na-sporot-okolu-imeto-vo-narednit

Републиканскиот сенатор од Охајо, кому Обединетата македоднска дијаспора средата во Вашингтон му ја врачила својата Меѓународна награда за слобода, со внимателен став околу евентуалниот референдум во Македонија за името.
:tapp::tapp:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Груевски го демантираше Шаци

.
.
Ставот на Шацимаркакис е оформен без негова целосна информираност за процесите во ОН и неговите тврдења треба да се земат со резерва-изјави премиеорт Груевски коментирајќи ги изјавите на германскиот европаратеник Јоргос Шасимаркакис дека новиот предлог на ОН за именување на македонскиот идентитет и јазикот ќе биде „македонски“ испишано на латиница.

- Мислам дека нема да биде така. Не е целосно информиран како се одвиваат процесите, каков е редот на нештата и кои се правилата во ОН, изјави Груевски ..

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=60041
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Nikoj nema pravo da gi negira makedoncite,jas da bev makedonec,abre vo nikoj slucaj ne bi pral kompromis so Grcija,vo nikoj slucaj,ako treba ke ginam ama kompromis NE:nenene: Se nadevam deka nema da se smeni imeto,a vo edno Makedonija nekako da se integrira vo NATO,ama so ustavnoto ime..
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Војнович најблизок и со право добива награда од ОМД ???
Истиот оној Војнович кој ужива да не нарекува ФИРОМ , па дури влегува и во вербални конфликти зарада истите ? FYROM or whatever senator Vojnovich ? :nesvest: :kesa:
Ова навистина ми е нејасно. ОМД го има погледнато видеово ? А верувам не е единствениот таков негов настап !!! http://fora.tv/2010/03/27/The_Balkans_2010
Mисирков јави се!!! Дали ОМД работи против Македонија ?
Дали лобирањето за името на Р.Македонија ви е само маска зад која крчкате други работи ? Доколку работите против интересите на Македонскиот народ и држава тогаш треба да го снема М-то од вашата кратенка. Од каде Војнович и зошто ? Дали и амбасадорот на САД во Македонија го оправдувате со неговите изјави во кои вели часовникот отчукува ?
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Јас не сум во ОМД, можам само лично мислење да дадам. Сходно припази малку на изразувањето.

ОМД според мене не работи против Македонија, туку баш напротив. Пред да му ја врачат наградата на Војновиќ, посетија 100 конгресмени со став дека Македонците се ПРОТИВ промена на името!

Друг пример:

http://csis.org/multimedia/audio-statesmens-forum-nickolay-mladenov-minister-foreign-affairs-republic-bulgaria

Ако направиле грешка во одбирањето на добитник на награда, не треба да се скока дека некој е анти-македонски настроен. Колку што знам, Воиновиќ не зборуваше вака порано. Исто како Рикер работава, политиката се врти.

Имаме две опции: или ќе се повлечеме од преговорите, или ќе “преговараме’’ и ќе глумиме лудило. Нема друго. Ако преговараш, тогаш си предмет на предлози за “решавање’’.

Инаку во објаснување на Војновиќ, главната работа што ја истакнува и не само тој е дека Грците “се сложиле’’ да немало промена на уставот доколку смениме име. Тоа порано бил проблем (кој нашиве го истакнале за да прават саботажа на преговорите). А бидејќи името не го менуваме, продолжуваме се правиме луди додека сме во преговорите. :)
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Баш во тоа лежи целата иронија Мисирков!
Посетиле 100 тина конгресмени за да лобираат за неменување на името , а даваат награда на човек кој јавно ја понижува Македонија, во секоја дадена прилика.
Се извниувам доколку не си дел од ОМД , се надевам затоа ме опомени да припазам на изразувањето, друг погрешен „израз“ не најдов во мојот претходен пост.
Ова е многу необмислен и срамен потег на ОМД, не ја разбирам воопшто целта на истиот, доколку е бацување газ , тогаш сите знаеме дека тоа е политика со која во изминативе 20 година ништо не добивме, освен тапкање во место и понижување!

Бидејќи отворив тема , дискусијата може да продолжи таму за да не бегаме офтопик.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Одговор на едно писмо

Ако имаат сознанија за насилство, како сојузници, нека ги достават разузнавачките податоци каде што треба и нека не го плашат народот со ургентна алармантност или алармантна ургентност (уште една небулоза со која нé бомбардираат). Дотогаш вестите за вахабисти, бункерите со оружје и Косово ќе ги сметам за дел од притисокот врз јавноста



По бранувањата предизвикани од онаа охридска сеанса наречена „Како мали Ѓокица замишља преговори за името“, имав сериозна намера да му напишам писмо на премиерот Груевски. Мислам, ако едно време Героски му пишуваше отворени писма на секои два дена, зошто еднаш и јас не би ја искористила својата колумна за таква намена? Ова особено откако дополнителна бура се создаде и со неговата изјава во однос на хипотетичкиот референдум и уште похипотетичкото референдумско прашање...

Сакав директно да му ја нацртам мојата црвена линија, ако веќе државата не го прави тоа. Сакав да го прашам отворено дали тоа некој не му дозволува да ја исцрта или тој само калкулира (можеби и во тајна дипломатија) така што ќе прифати компромис без губење на власта. Сакав да му кажам дека немам намера да излегувам на референдум на кој ќе ме понижат прашувајќи ме дали знам која сум, а нема да ме прашаат ништо за другите 12-13 точки од „пакетот“ на Нимиц.

Но додека јас се премислував дали и како да му се обратам на премиерот на мојата држава, дојде едно многу поинтересно писмо. Дојде од, во најмала рака, чудна или поточно - непостојна адреса, која овде од милост си ја нарекуваме со еуфемизмот „меѓународна заедница“. Се стресе цела јавност од четворица амбасадори (обични службеници, во превод), потпишани како шефови на дипломатските мисии на ЕУ, ОБСЕ, НАТО и САД во Република Македонија. Веднаш насловни страници со саати и одбројувања, со игри со оган и слично.

Последната капка во чашата (ми) беше паничниот наслов на ТВ-веста (директно од „центарот“) дека „на Брисел му врие од изјавата на Груевски“. Е па, сега и мене ми врие и тоа од пумпање на балонот, како во детската песничка „балонот се надува, пазете го да не пукне“!

Истовремено со испраќањето/добивањето на писмото (кое не требаше долго да патува од амбасадорските канцеларии во Скопје до крајната дестинација - македонската јавност) тргнаа лавина новинарски прашања за тоа „што сакале да кажат авторите“. Политичките партии си ги вкрстија рацете покажувајќи на другиот како на вистински адресат, барајќи го виновникот како деца фатени во незгода, ама и страв дека ги разлутиле „учителите“.

Јас пак го соборив сопствениот рекорд на дадени изјави за еден ден и стигнав до бројката од осум медиуми. Куриозитетот не е во рекордниот број изјави, колку во фактот што за сите медиуми ова беше не настан на денот, туку настан на целото шпанското шестмесечно претседателство со ЕУ! Ваков интерес за едно писмо на амбасадори може да постои само во земја со длабок синдром на зависност (оној за кој веќе пишував). Дрскоста да се упатува опомена без ракавици и на работ на закана, на земја што формално е кандидат за членство во ЕУ и која очекува финализирање на процесот, а која е и пред НАТО (за Авганистан и да не ви зборувам) е постапка на стејтбилдери, кои ја загубиле мерката во однесувањето (ако и ја имале) со своите штитеници. Или, мислат дека „сега му е мајката“, а ние сме најслабата алка на која треба да притиснат и предупредат на можно насилство само за да се „реши“ спорот.

Политичката и експертска јавност глумат лудило или фрапантна неписменост: се фатиле за општопознатите тези за „застојот на реформите“, Охридскиот ни, па дури и за Скопје 2014. Ја бутнале главата во песок само за да не видат дека писмото се однесува на сосема трета (или поточно, првата) работа.

Замаеноста остана и наредниот ден откако Рикер и во лице ни плесна дека има да нé нема ако „не го откочиме процесот на евроинтеграции“. Тоа дека станува збор за порака дека треба да попуштиме во однос на името или ќе настанела дестабилизација, а голем прашалник ќе се надвиснел над судбината на Македонија како Дамоклов меч, е далеку од енигматско за откривање. Најстрашното во ваквото „дипломатско“ пакување е нивната увереност дека сме инфантилни и не сфаќаме од каде дува ветерот.

Треба ли да им порачаме да не се трудат, бидејќи „дури и плавушите сфатија!“? Рикер со типична американска супериорност бара од премиер на суверена држава да излезе и јавно да ги соопшти македонската позиција и стратегија во спорот со името. А дали тој како обичен граѓанин такво барање му упатил на својот претседател во однос на стратегија за излез од живиот песок во Авганистан и Ирак. Да почнам и јас како Фрчкоски: драги мои, сé е во ред со вашето ментално здравје и интелект, точно ја толкувате пораката од писмото, баталете ги политичарите и амбасадорите.

Ја загубив желбата да му пишам на премиерот или на друга државна институција, затоа што е јасно дека некој друг пали и гаси. Затоа им пишувам пријателски на нашиве пријатели (покрај кои не ни требаат непријатели).

Најважната порака е дека знам да читам и дека пораката е примена. Но името на мојата држава и нација не се на продажба, а богами ако го менуваат, ќе мораат тоа да го прават не само против моја волја туку и наспроти мојот гласен и активен протест. Треба и да знаат дека колку повеќе нé притискаат, толку повеќе растат достоинството и гневот; овде не станува збор за опстанокот, туку за квалитетот на тоа битствување. Нека ми ја мавнат од пред нос тезата трпењето, бидејќи Тукидид го кажал и ова: тајната на среќата е слободата, а тајната на слободата е храброста. Колку повеќе с(т)имулираат, колку повеќе дотураат сол на раната, колку повеќе чепкаат во она што ме боли, толку повеќе во мене се буди гласот на предците.

Ова е земја на питомина, ама и на пиреј, на истрајност. Ова не е патетика на националист (етикета што не ми гине) - ова е единствената логична реакција, која со своите (не)дипломатски пораки ја побудуваат и кај најобразованите луѓе на оваа земја. Ако имаат сознанија за насилство, како сојузници, нека ги достават разузнавачките податоци каде што треба и нека не го плашат народот со ургентна алармантност или алармантна ургентност (уште една небулоза со која нé бомбардираат). Дотогаш вестите за вахабисти, бункерите со оружје и Косово, ќе ги сметам за дел од притисокот врз јавноста. Ако нé оценуваат, нека воспостават критериуми и нека не ми се неќкаат. Нека не ми го вадат од ракав (од нивната црна листа) Тачи, тогаш кога ќе им притреба. И 2004-та „пријателски“ ми кажуваа дека во Кондово има вооружени групи, кои ќе пукнеле ако помине референдумот. Оттогаш, секое споменување часовници што одбројуваат, ми ја буди длабоко потиснатата лутина, ми се превртува утробата и почнува да ми врие, многу пострасно и поавтентично од што било што Брисел подразбира под „вриење“ поради изјава на премиер на суверена држава.
Автор: Билјана Ванковска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=53101034564&id=13&setIzdanie=21973
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Колумна на место .. добра анализа за последниве денови на притисоци и закани ...крајов подоле цитиран е она шо и Рикер и Фуере и сите тие курвински бирократи треба да го прочитаат неколку пати за да не разберат ..

Најважната порака е дека знам да читам и дека пораката е примена. Но името на мојата држава и нација не се на продажба, а богами ако го менуваат, ќе мораат тоа да го прават не само против моја волја туку и наспроти мојот гласен и активен протест. Треба и да знаат дека колку повеќе нé притискаат, толку повеќе растат достоинството и гневот; овде не станува збор за опстанокот, туку за квалитетот на тоа битствување. Нека ми ја мавнат од пред нос тезата трпењето, бидејќи Тукидид го кажал и ова: тајната на среќата е слободата, а тајната на слободата е храброста. Колку повеќе с(т)имулираат, колку повеќе дотураат сол на раната, колку повеќе чепкаат во она што ме боли, толку повеќе во мене се буди гласот на предците.

Ова е земја на питомина, ама и на пиреј, на истрајност. Ова не е патетика на националист (етикета што не ми гине) - ова е единствената логична реакција, која со своите (не)дипломатски пораки ја побудуваат и кај најобразованите луѓе на оваа земја. Ако имаат сознанија за насилство, како сојузници, нека ги достават разузнавачките податоци каде што треба и нека не го плашат народот со ургентна алармантност или алармантна ургентност (уште една небулоза со која нé бомбардираат). Дотогаш вестите за вахабисти, бункерите со оружје и Косово, ќе ги сметам за дел од притисокот врз јавноста. Ако нé оценуваат, нека воспостават критериуми и нека не ми се неќкаат. Нека не ми го вадат од ракав (од нивната црна листа) Тачи, тогаш кога ќе им притреба. И 2004-та „пријателски“ ми кажуваа дека во Кондово има вооружени групи, кои ќе пукнеле ако помине референдумот. Оттогаш, секое споменување часовници што одбројуваат, ми ја буди длабоко потиснатата лутина, ми се превртува утробата и почнува да ми врие, многу пострасно и поавтентично од што било што Брисел подразбира под „вриење“ поради изјава на премиер на суверена држава.
:toe:
 
G

grande-juve

Гостин
Која е поентата?

Веќе ни стана кристално јасно кој и заради какви интереси сака името на државата во која живееме да се смени, иако тоа не е поентата на целиов овој отпочнат процес


Главната поента е во оваа држава да не живеат Македонци, туку Северно, Горно или Долномакедонци, не е важно, важно да не се Македонци. Ова најубаво и најпросто се заклучува по следново: името наше е Република Македонија, името на еден регион во Грција е Македонија. Мислам дека и на мајмуните од Африка и на пингвините од Антарктикот, им е јасно дека имињата се разликуваат, а да не збориме дека не би требало да има какви било споредби меѓу држава и регион. Проблемот, како што последен кажа Маљас (од тинк-тенкот), а тоа го имаат кажано и грчкиот претседател, премиер и многу други, е во тоа што тука сме се нарекувале Македонци исто како и во Грција, и тука требало нешто да се додаде, допише, зашто нели, сега не може да се разликуваме, па се буниме, затоа. Значи, името не е проблемот. И токму поради ова, сите што ни тврдат дека добар компромис е кога името би се сменило, а истовремено, националноста и јазикот би останале македонски или се на пониско интелектуално ниво или од едното уво им влегува, а од другото им излегува.

Или ја знаат крајната цел, ама се прават на Тошо и ни прават обланди. Уште еднаш, Грција го наметна овој спор со крајна цел, бришење на сé што е македонско и затоа е нереално да се очекува дека ќе прифатат компромис за промена само на името, зашто им пречи целиот пакет Македонија и затоа добиваме предлози за решение во вид на пакет. И за тие што уште не знаат, ФИРОМ е референца, не име.

Референцата е привремена додека се разговара за името, и никаде не пишува дека името мора да се смени. За да не биде сé така монотоно, секогаш се грижат странските дипломати. Веќе ги знаеме поранешните изјави, како времето не е на наша страна или ѕвездите се совпаднаа, па затоа направете компромис, па еве од симулацијата во Охрид слушнавме уште една, времето било мирно, без предизборни кампањи што автоматски значело, сега е време за компромис. Или Грција прифатила северна и се покажала конструктивна, сега е на нас редот. Тешка работа имаат дипломативе, истата работа да ја кажуваат на различен начин, по можност во метафора и проследено со фразата сега или никогаш.

А да, добија и дополнителна, прекувремена работа. Да нé искараат дека хомосексуалците се дискриминирани затоа што во Законот за антидискриминација влегуваат во групата „останати“, а не се посебно напишани, и тоа кога тогаш ќе нé натерале да го поправиме. Очигледно тоа што и се случува на Македонија не им изгледа како дискриминација, па затоа и не се бунат. Може треба да се прекрстиме во Хомомакедонија, ем ново име, ем европски, ем модерно, ем никој нема да смее да нé пипне, а камоли вето да ни стави.

И малку за изјавата по која вријат во Брисел. Грујо кажа дека за Република Северна Македонија на референдум би гласал против. Тоа што е интересно е реакцијата на СДСМ, дека нема да учествувале на однапред пропаднат референдум. Автоматски се заклучува дека за нив успешен референдум би бил ако се прифати ново име за севкупна употреба, зашто тоа е од најдобар интерес за државата, така ќе се влезе во ЕУ и НАТО, и ќе бидеме богати како Грците, незадолжени како Шпанците, политички стабилни како Белгијците, а од вишокот пари ќе си го бришеме носот како Џим Кери во „Глупав и поглупав“. И капак на сé се нашите европски медиуми. Уште малку и на временските прогнози, ако дента врнело, ќе заклучат дека за тоа е крива Владата зашто не ги слуша Европејците кога и кажуваат дека и со промена на името, пак ќе си останеме тоа што сме си. Тогаш зошто воопшто е потребна промена, ако остануваме исти?

Јовица Вукобрат, студент

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=430101033353&id=13&prilog=0&setIzdanie=21972
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Во спотот на Ѓоко Таневски за песната за Евровизија - Јас ја имам силата, иде текстот My name is ... Love.

Love ??? ххмммм

Погледнете го клипот, особено кај третата минута.

Нека се знае како е нашето име и нека не се забегува во компромиси


Секој што има јутуб канал нека мавне favorite, а ако сака и нека го преземе и нека го uplad-ира на неговиот канал.

Ова е добра шанса за промоција на нашето име.
 
?

..........

Гостин
Нова зора“ - прв весник на македонски јазик во Грција


Почна со работа првиот весник на македонски јазик во Грција, „Нова зора“. Од уредничкиот тим на весникот, овој ден го нарекоа историски за македонското движење, но и за сите грчки граѓани што сакаат европска и демократска Грција.

Весникот, пред се, ќе им се обраќа на етничките Македонци кои сакаат да имаат контакт со нивниот мајчин јазик.

„Пораката е јасна: Времињата на стравот поминаа. Нашата земја не може веќе да се крие зад прст. Мора да се согласи и да се прилагоди на тоа што се случува во другите европски земји“, вели Димитри Иоанну, главен уредник на „Нова зора“ во својата писмена изјава.

Од редакцијата на весникот очекуваат и притисоци од грчките власти по денешниот почеток со работа на весникот. Но, велат дека ќе истраат во намерата весникот нормално да функционира.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.963
Поени од реакции
83.291
?

Вчера беше објавена оваа вест:

Македонија ја загуби дипломатската битка во Советот на Европа

Македонија ја губи битката со Грција во Советот на Европа. Три различни извори од оваа институција за Канал 5 велат дека претседавањето на земјава ќе биде именувано како “Претседателство на Поранешната Југословенска Република Македонија“. Нема да се користи придавката “македонско“ пред именувањето на претседателството, бидејќи од ваквото привремено име не можело да се изведе придавка.

Во сите официјални документи издадени од Советот на Европа ќе стоело привременото име на земјава. Ќе се користи долгото име, иако не е практично, велат нашите извори од Стразбур. За тоа било одлучено претходно, а денеска земјава не била тема на дискусија во Комитетот на министри. Веќе и на веб страницата на Советот на Европа за именувањето на нашето претседателство стои “Поранешна Југословенска Република Македонија“.

- Советот на Европа ќе му се обраќа на следното претседателство како “Претседателство на Поранешната Југословенска Република Македонија“, изјави Флеминг Кершоу, портпарол на Генералниот секретар на Советот на Европа.

- Значи, називот на ова претседателство нема да биде “Македонско претседателство 2010-та“?

- Советот на Европа ќе му се обраќа на следното претседателство како “Претседателство на Поранешната Југословенска Република Македонија“, повтори Кершоу.

Македонската страна коментира дека во Стразбур се водела жестока дипломатска битка со Грција за називот на претседателството. Министерот Милошоски немал нови информации за промената на називот.

- Сега за сега немаме нови информации од оние што претходно ги имаме дадено. Кога ќе добиеме каков било официјален извештај од денешните настани во Советот на Европа дополнително ќе информираме, изјави министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски.

Во Комитетот на Министри денеска воопшто не станало збор за името на земјава, велат извори од Стразбур. Изјавите на генералниот секретар Торбјон Јагланд и на претседателот на Генералното собрание, Мевлут Чавушоглу, дека земјава ке претседава под “Македонско претседателство“ дадоа лажна надеж дека таа извојувала победа во дипломатската битка со Грција.


- Министерот за надворешни веќе објасни под кое име овие документи ќе бидат издавани, изјави Торбјорн Јагланд, генералниот секретар на Советот на Европа.

- Македонски, додаде Милошоски (12.04.2010)

Македонија ќе претседава со советот на Европа од 11 мај до крајот на годинава.

Александар Методијев
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=60206


А денес ова:

Македонија на СЕ ќе претседава под логото „Македонско претседателство“


Македонија ќе си претседава под терминот “македонско претседателство 2010“ во Советот на Европа, падна конечната одлука во Комитет на министри за надворешни работи во Стразбур сношти.
Како што јави А1 пред два дена, Грција нема начин да ја спречи државата да ја користи својата придавка во организација во која е полноправна членка.
Македонската делегација во Стразбур ќе ги издава своите документи со логото македонско претседателство, а потоа Секретаријатот на Советот на Европа, по барање на Грција, ќе издава дополнителна покривна страница на која ќе стои привремената референца ПЈРМ. Ова е крајниот компромис помеѓу двете држави.
Дипломатите во Советот на Европа велат дека очекуваат уште притисоци и драми од Грција за време на македонското претседателство - напуштање на состаноците, кинење страници и плакати, но ништо од тоа не смее да ја погоди Македонија, таа треба да се фокусира на приоритетите на претседателството - како што се човековите и малцинските права, и да се покаже во најдобро можно светло пред своите европски партнери.
Логото на македонското претседателство е стилизирано македонскиот знаме со логото на Советот на Европа. Претседателството започнува на 11-ти мај во надлежност на МНР Антонио Милошоски.


Тања Милевска
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122846

 

Kajgana Shop

На врв Bottom