Металци и стереотипи и предрасуди за металците

К

*Каталонец*

Гостин
Најискрено....мразам металци , начинот на кој се облекуваат па со ланци синџири што не имаат на нив итн...
 
U

UnholY

Гостин
Најискрено....мразам металци , начинот на кој се облекуваат па со ланци синџири што не имаат на нив итн...
Со предрасуди си другар.
Имиџот е сопствен избор на секоја индивидуа, може и некој трет го мрази твојот начин на облекување и го нервира тоа и која треба да биде твојата реакција на тоа?
Нормално, ќе кажеш дека имиџот е сопствен избор и секој се облекува онака како што сака.
Епа и металците се облекуваат онака како шо сакаат.
 
К

*Каталонец*

Гостин
Па добро тоа е мојот став не го сваќајте премногу лично :)
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
И ќе си кажам најдобро слушајте тоа што ви се допаѓа.
Фурање стилови што не прилегаат на вас е бедно, биди свој, немој да бидеш нешто со сила што не си. Многу ми е чудно кога некој ќе ме праша дали сум металец зошто многу луѓе мислат дека сум тоа ама не сум, едноставно си имам свој стил, иделогија, жанр на музика што сакам и не сакам и се остало.
 

LiGLaTa

PartY AnimaL =)
Член од
10 јуни 2008
Мислења
310
Поени од реакции
10
Незнам што е форава.. Одам у парк сите што до вчера шетаа миничи и штикли..оп.. преку ноќ металки станале.
Во Јбт отидов да видам што нови фаци има.. Цела прва - сите нови фаци емо, даркери и металци.
Корчагин - исто
Што се дешава? Дали сите што до вчера беа *крем де ла крем еурокрем* станаа металци??? Металот нов тренд?
Или неможат да ја најдат границата помеѓу емо и метал? :tapp:
Јбг.. Мода тераат сега сите.... :tapp: Емо филмњето им е главно занимање на децатаа... а ако сакаш да станеш фраер тогаш си металец... повеќето тоа го прават за филмање сакаат да бидат во центарот на вниманиетооо... деца ај ќе пораснат некогаш....:pipi:[сепак има исклучоци]:wink:
 
S

StormRage

Гостин
ееееепа види... до пред некое време сите беа рапери како шо прочитав погоре... некој останае... сега ваму се се турбофолкери и сл. а инаку „металците“ се глупираат прилично пошо и јас слушам малку метал... ама пак (ок де имав еднаш долга коса ама не заради металот или нешо слично туку сакав да пробам) се во црно и слични срања... а и ова емо филмањево баш е така... ( и нема врска шо музика слушаш... слушам скоро се: рап, хип- хоп, транс, хаус, техно, рок, малку метал, ретро...)
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229
И шо заклучивме од предходните постови на другите страни ?

Дека носењето на долга коса значи дека си металец и тоа е терање мода :uvo:

Јас можам да слушам Турбо Фолк ( пример де ), а да си носам долга коса. Што има тоа врска, јас си бирам каква фризура ќе си имам, нели :wink:
 

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Па добро тоа е мојот став не го сваќајте премногу лично :)
Не е работата за лично, лично (оние барем што размислуваат) не се вреѓаат, повеќе е сожалувње. Зошто? Бидејки 99% размислуваат вака (како тебе), со 500 предрасуди и комплекси САМО да не делите од другите.

Не знам како би живеел во таков „страв“ да имам секогаш убава веспа, шик роба, шик фризура ко на Тоше (R.I.P), да ги сакам Барселона, Милан и Манчестер, да пушам од Ронхил па даље и да свршувам на некое „пимпувано“ BMW.:tapp:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
не би требало да е темава во мода?
И зошто по ѓаволите правите филозофии дали некој слушал или не метал кога темата е што им текна на младите тинејџери да тераат мода на облекување како металци или емовци?
Само колку за илустрација, минатата зима (октомври) едден другар ми беше на гости во гермнија, и девојката му нарачал нешто да и купи, и бевме на кратко да видиме нешто женски блузички и верувале или не над 60 посто од понуденото беше со некои црни, бели, розе и други нежно женски провокативни бои ама сите беа со шарки со костурчиња. И јас ова неможев да го сватам, ама тоа беше тоа едноставно имаше некој мода на такви метал мотиви измешани со некои класични женски тонови.
 
U

UnholY

Гостин
не би требало да е темава во мода?
И зошто по ѓаволите правите филозофии дали некој слушал или не метал кога темата е што им текна на младите тинејџери да тераат мода на облекување како металци или емовци?
Само колку за илустрација, минатата зима (октомври) едден другар ми беше на гости во гермнија, и девојката му нарачал нешто да и купи, и бевме на кратко да видиме нешто женски блузички и верувале или не над 60 посто од понуденото беше со некои црни, бели, розе и други нежно женски провокативни бои ама сите беа со шарки со костурчиња. И јас ова неможев да го сватам, ама тоа беше тоа едноставно имаше некој мода на такви метал мотиви измешани со некои класични женски тонови.
Начинот на облекување карактеристичен за метал музиката е прилично застапен во Германија, затоа што голем дел од младата па и од постарата генерација се наклонети кон оваа музика.
Ама и не е ништо чудно,од Германија потекнуваат едни од најдобрите бендови на светската метал сцена: Kreator, Sodom, Destruction, Blind Guardian, Necrophagst се само мал дел од метал гигантите што доаѓаат од Германија.
И не само тоа, најголемата дискографска куќа за метал, Nuclear Blast се наоѓа во Германија.
 

Вондерфул

Chemical love
Член од
2 јуни 2008
Мислења
251
Поени од реакции
157
Како шо кажаја повеќето, тинејџери се и сакат да си екпериментираат.
Еве жив пример да се земам јас, од пред еден месец ме прифатија будалите и влегов во некој си панк филм. Не дека се прам сосила панкерка или метaлка или шо сакате. Ниту слушам таква музика ( слушам шо и да ми се бендиса, без разлика дали е рап или метал или поп ) , ниту одам по некој си металски или не знам какви кафичи ниту ништо. Едноставно ми се бендиса стилот на облекување/фризура/шминка и тоа е тоа.
Не би рекла дека тие "станваат" металци или ватевер, само така им иди. Па нека си го следат трендот убо им е шо сакат си прат.
Нели секој има право на избор? :icon_lol: После во мода ке им биди да речеме рапот па сите така ќе се облекуваат, ке слушаат рап. Па млади се (сме) нека екпериментират и то шо им лежи на срце нека прават. Белки нема на 40 години да почнат да се прават металци.
На тие на кој не му се бендисва, па нека не се дружат со нив, со да речам. Ама ако се облекват така, не значи дека и то му е стил на живеење. Некои шо воопшто не изгледаат така можи да се вистински металци, а они шо се облекуваат, нај"нормални" луѓе. Да не тупам многу, барам така мислам. :kesa:
 
U

UnholY

Гостин
И шо заклучивме од предходните постови на другите страни ?

Дека носењето на долга коса значи дека си металец и тоа е терање мода :uvo:

Јас можам да слушам Турбо Фолк ( пример де ), а да си носам долга коса. Што има тоа врска, јас си бирам каква фризура ќе си имам, нели :wink:
Не беше збор само за косата, туку за имиџот во целост, а Girll со темава сакаше да си ја разјасни причината зошто кај денешнава младинава се повеќе преовладува имиџот карактеристичен за металците.
Прочитај го мојот пост на претходната страна, наведов една од причините која придонесува метал имиџот да биде во мода. Глупите комерцијални бендови ,кои себеси се смеаат за метал бендови имаат најголемо влијание врз младите кои мислат дека тоа што го слушаат е вистинскиот метал, па почнуваат да пуштаат коси, да носат црно, да врзуваат синџири итн.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Се враќа треската од 80тите. Кој е запознаен со тој културолошки момент јасно му е. Само еве за среќа одминува овој тренд... некад пак ке се врати, и пак следните генерации ке праат истиов муабет.
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Епа си има облечени како металци, ама дали се?
Јас рап слушам и си се облекувам така само не до толку како попорано.
Се е до времето,што е модерно тоа и ќе се фура и крај.
:banned:
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Абе какви металци...Ке се облечат луѓево во црно ќе седнат во парк ќе пивнат пивце и металци биле.А влези во некој кафич кога ќе ги видиш истите на маса качени и ја пеат ли ја пеат чик погоди или кукавица од цеца..и после тие некој металци..Металци што навистина се тоа и во душата и на изглед се ретки..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom