Јас искрено слушам рап и незнам ова баш.. Знам и доста металци ама едно е да го живееш нивното друго е да си чат пат со нив..
Сепак мислам дека веќе не е металот кај нас она мењање на музика, коа човек се бара на некој начин него баш ко што рече погоре.. Тренд кај младите.. Мислам дека музиката или ти лепи на уво или не, трето нема, А 90% од новопечениве *металци* у наводници појше ќе ги најдеш по турбо него по метал.. Тоа е фората.. На некој начин дали станува металот МОДА?
Се согласувам.
Исто така ова може да се разгледува и од повеќе аспекти. За металот да прераснува во мода, во тренд огромен придонес имаат бендовите како HIM, Apocalyptica, Slipknot, Nightwish и уште многу останати искомерцијализирани бендови кои фановите не ги придобиваат со својата музика, туку поради еден член од бендот кој го привлекува женскиот пол, ил ипак според нивниот стил како што е случајот со Slipknot.
Поради ваквите умрени бендови во Скандинавија, веќе за младите буквално е тренд да се носи црно, да се има долга коса, да се носи синџир врзан на фармерките, нитнарици итн. Металот од underground музика преминува во mainstream.
Инаку имам сретнато неколку пати рецензии од метал критичари кои се буквално нервозни(како и јас) шо Him се класифицирани како метал бенд, а Vile Valo ми пее за љубов и се лигави на микрофонот па ги придобива женските срца и лудуваат по него.
Втора работа, од пентаграмот, изведуваат хартаграм.Нивната музика според мене ни малку не наликува на метал, туку на поп.
Така треба и да бидат класифицирани.Ако вие мислите дека таквите љубовни срања и буквално поп музиката треба да бидат класифицирани како метал, тогаш мислете си така. А, сте се запрашале што би било со Him доколку од поставата е изоставен Vile Valo, или поконкретно да не постои во бендот. Па Him речиси и ќе немаат фанови, и во никој случај нема да бидат афирмирани до овој степен како шо се денес. Значи факт е дека, процентуално гледано публиката на Him ја сочинуваат припаднички на женскиот пол. Речиси и да немаат машки фанови.А, тоа се должи нормално на Vile Valo.
Slipknot, своите фанови ги привлекуваат со својот имиџ и со глупостите шо ги прават на своите концерти, а музиката има минимално влијание во привлекување на фановите. Едноставна музика, со 2 рифа, без солажи и со монотоно дерење на Kори Тејлор.
Да не продолжувам мислам дека доста кажав, кој сфати во ред кој не негова работа.
Сепак мислам дека оние што се понавлезени во метал водите и во музичките воопшто ме сфатија што сакам да кажам.