Мексико е огромна држава и територија, над 100 милиони жители и не е исто во цело Мексико. Северните градови во делот со границата со САД се небезбедни, само во нив нема ни туризам, нема што чоек да бара таму.
Баш картелите држат хотели во делот Баха Калифорниа и се збори дека се најбезбедни, затоа што се многу понемилосрдни кон ситните криминалци од корумпираната полиција.
Не само северните , туку јужниот дел е на моменти бетер,конкретно Мичоакан - државата во која почна војната против нарко картелите.
Северните градови као Сиудад Хуарез ,Тихуана и државата Синалоа се често рекордери по убиства на жител(се мењаат со Гватемала и Хондурас) и киднапирање во светов од 2006та па навака.Многу повеќе од воени зони.
Иако е огромна држава бројот на убиства е фрапантен и тоа убиства на најбрутален начин можен као Ацтеките пред 500 години.
Корупција и трговија со дрога(убедливо број 1 во светот) се изворот на Мексико,сите претседатели,шефови на полицја и војска се умешани со криминал.
Цели полициски станици се распуштани и во јужниот дел на Мексико нема ни полиција во некои градови и делови туку вигиланте групи и граѓаните се оставени самите себе да се бранат.
Картелите не се као на времето и не се занимаваат само со дрога (освен наводно Гулф картел) туку со киднапирања,кражби,проституција,трговија со органи и скоро секој криминал познат на човештвото,сето тоа почна со озогласените Лос Зетас и продолжи со десетиците картели кои искочија одкоа ќе падне некој голем лидер.Лос матазетас или Џалиско нова генерација се претворија во терор откоа првата намена им беше да ги сопрат зетас во лудилото низ Мексико и цивилите.
Нарколултурата,наркоридорите,наркобанерите и пораките и наркомузиката во Мексико е дел од животот па дури и религија си имаат тие со Санте Муерте.
Најлошо беше во најпознаттот туристичко место Акапулко каде фрикови кои се претставуваат како Независен картел на Акапулко убија стотици млади луѓе низ годините и недолжни цивили + многу полиција со тортура и сечење дел по дел на нивните тела.
Неретко глетка на главните улици на Акапулко беше остатоци од човечки тела.
Картелите кои ги држат хотелите во Баја Калифорнија се со една цел - перење пари,повеќето хотели низ Мексико се празни 40 години уназад и се градат нови и се знае зошто е тоа така.
http://www.borderlandbeat.com/ е страна каде има илјадници информации и секој ден се апдејтира за ситуациите низ Мексико.
https://elblogdelnarco.com/ e оригиналниот легендарен блог
Dying for the Truth: Undercover Inside the Mexican Drug War by the Fugitive Reporters of Blog del Narco е шокантна книга за вистината во мексико од 2006та досега.
Мексико сити е безбеден град,скоро ништо од ова погоре не се случува таму.