Секој има право на свој избор и на личен вкус. Така да апсолутно не ми пречи доколку машкото има долга коса ( или во случај женското доколку има кратка ). Мислам ако им стои убаво и доколку тие се чувствуват убаво во сопствената кожа на тој начин, тогаш од моја страна ја имат целосната подршка.
Ако може да има женско со кратка коса, може и машките да имаат долга коса. Секако, доколку им стои.
Ме нервираат предрасуди од типот "машко си, ишишај се, наркоман, дрогер, пијаничиште итн". Ако некој сака да има долга коса, тоа е негов избор и никој нема право да му се меша во личната одлука, особено кога станува збор за изгледот.
Па тоа е бидејки металците носат долга коса и простата раја мисли дека сите металци се дрогаши што е сосема неправилно бидејки знам многу луѓе кои се успешни а слушаат метал.Потоа мислат дека тие со долга коса не си ја мијат косата и не одржуваат хигиена доволно (што пак не мора да значи тоа варира од личност до личност).А тука е и нашиот македонски менталитет-се што е надвор од „нормата“ е нездраво.А самата наша „норма“ е нездрава бидејки секој му посакува лошо на другиот и мисли дека е ненормален само затоа што не сакаат исти нешта и не слушаат иста музика.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.