JASMIN
Шехерезада
- Член од
- 10 април 2006
- Мислења
- 480
- Поени од реакции
- 19
Маца моја ја фати некоја болест на кожата, цела и’ испадна па стана агресивна спрема кучињата, па ја експедитиравме преку Вардар, оти не се враќаат преку мост, нели.
И после неа, мачки нејќам. Ме измачи бајаги. Со куче се знае, на раат си, те сака, те почитува, се галите, се тепа за тебе, те брани, скромно е.
Мачкиве, на штрек мора да си цело време, не знаеш што ќе и’ текне следно, имаат карактер тие. Бесшумни-бетер од нинџине се; итри, своеволни, себични, препотентни, растурикуќи.
Сакаш да се погалите- е не може сега, нејќе. Сакаш да раат да те остави 5 минути, е не може, и’ се гали сега. Ама ако ти се смилува и ти дозволи да се галите, е тогаш ептен ќе те почести. На стомак ко ќе легне, и кога ќе запреде...цела негативна енергија ја цица, те остава во зен после. Мерак.