Мачки (општи дискусии)

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.621
Поени од реакции
10.879
ПОМОШ!
Мачката ми се породи пред 15 дена роди 2 здрави мачина и нон стоп седеше со нив, воопшто не се одвојуваше, излегвеше нормално да прошетат секој ден в двор ама одма се враќаше. Ама вчера излегла кај 15:00 и еве уште не е вратена. Немала навика олку време да не се вратит дома, а не поготово сега кога имат 2 мачина од по 15 дена од кои воопшто не се одвојуваше. Сега проблемот ми е како да ги нахранам мачињава, знам дека можело со шприц, ама денес први мај е државен празник, тешко деќа ќе најдам аптека отворена, кажете дали имат некаков друг начин за да ги нахранам?
Барај ја мачката што да ти кажам повеќе. Додека живеев во куќа ми го направи истото само што ме остави со 5 мали идиоти кои за среќа машки издржаа без млеко еден цел ден па кога се врати и ги откорнаа цицките за памет! \m/ Не знам види во комшии побарај или некоја мала пипета најди, има начини само ако сакаш ќе ги најдеш.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514

Абе ја скапав од барање низ цело место.. Ги пребарав и местата каде шо знаеше да се скријат.. Све пребарав и ја викав на глас. Ако беше во близина при едно „мац“ ќе се нацрташе дома. Или е некаде повредена или умрена недај боже, или пак е негде зафатена далеку и бог знајт дали ќе се вратит.
 
Член од
17 јули 2012
Мислења
21
Поени од реакции
23
Има ли некој што е ветеринар или студира ветерина на форумов? Или пак некој со искуство околу мачки? Ми треба за совет.
Јас дипломирав на биохемија, а Felis silvestris catus ми е хоби :)
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Зедов најлонче и му напрајв дупче со игла и по малце течит мелко од тука.. Му дојде ко цицка то му дадов малце на мачинава ама не сакет пискет гребет се плашет. Незнам дали ќе успејам доколку не се вратит мачкава а како шо врвит времево така и надежите за да се вратит се помали. Ај пошо гледам имало ветринари овде, колку мелко дневно би му било потребно на маче од 15 дена? И дали освен мелекото треба да му давам уште нешто, зашо нормално не му е ова мајчино млеко па да немаат гајле.
 
Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118

Оффф ќе ги умреш од нормално млеко :( Види дали има во пет шоп млеко во прав специјално за мали мачиња. Нормалното млеко е штетно и за возрасните мачки.
Или барај мачка доилка, они лесно прифаќаат мали.
 
Од кај да знам аман ни во план не ми беше дека мачкава ќе си заминит :(.. Утре ќе земам такво млеко..
 
Stallion

Папион __ •°
Член од
13 септември 2010
Мислења
1.149
Поени од реакции
908
ПОМОШ!
Мачката ми се породи пред 15 дена роди 2 здрави мачина и нон стоп седеше со нив, воопшто не се одвојуваше, излегвеше нормално да прошетат секој ден в двор ама одма се враќаше. Ама вчера излегла кај 15:00 и еве уште не е вратена. Немала навика олку време да не се вратит дома, а не поготово сега кога имат 2 мачина од по 15 дена од кои воопшто не се одвојуваше. Сега проблемот ми е како да ги нахранам мачињава, знам дека можело со шприц, ама денес први мај е државен празник, тешко деќа ќе најдам аптека отворена, кажете дали имат некаков друг начин за да ги нахранам?
Извини вака што веќе после една недела добиваш одговор, послабо го посетувам форумов во последно време, веројатно можеби и си го решил досега проблемот, ама нека стои ова за понатака, пошто нели сеа им е периодот на мачкиве...

http://bambibrigada.com/2012/05/24/griza-za-mace-shto-seushte-cica/

НАЈДОВ СЛЕПО МАЧЕ БЕЗ МАЈКА, ШТО СЕГА?!
ВАЖНО!
*МАЧИЊА СТАРИ ДО 2 НЕДЕЛИ ТРЕБА ДА СЕ ХРАНАТ НА СЕКОИ 2 ЧАСА (И ВО ТЕКОТ НА НОЌТА, НЕ САМО ПРЕКУ ДЕН, ШТО ЗНАЧИ ДЕКА ВО ПЕРИОД ОД 24 ЧАСА ТРЕБА 12 ПАТИ ДА ИМ СЕ ДАДЕ ДА ЈАДАТ).
Откако ќе направат 2 недели може да се почне со хранење на секои 4 часа, а кога ќе направат 3-4 недели може да се хранат на секои 6 часа и потоа постепено да се навикнуваат да јадат сами.
**ВО КУТИЈАТА КАДЕ ШТО СПИЈАТ МОРА ДА ИМА ШИШЕ СО ВРЕЛА ВОДА ОД 1,5 ЛИТРИ ШТО ЌЕ СЕ МЕНУВА ПОСЛЕ СЕКОЕ ХРАНЕЊЕ ЗА ДА ИМ БИДЕ ПОСТОЈАНО ТОПЛО, АКО ИМАТЕ САМО ЕДНО МАЧЕ-СИРАЧЕ ТРЕБА ДА СЕ ЧУВА МЕЃУ ДВЕ ШИШИЊА ОД 1,5 Л СО ВРЕЛА ВОДА ШТО ЌЕ СЕ МЕНУВААТ НА ИСТИОТ НАЧИН.
***НЕ Е ДОВОЛНО САМО ДА ИМ СЕ СТАВИ ЏЕМПЕР ВНАТРЕ И ДА СЕ МИСЛИ ДЕКА ИМ Е ТОПЛО ЗАШТО ТИЕ САМИ НЕ МОЖЕ ДА ПРОИЗВЕДАТ ТОПЛИНА И МОЖЕ ДА УМРАТ ОД СТУД и покрај тоа што се чуваат во соба и мислите дека се на топло!
****МАЛИ МАЧИЊА НИКАКО НЕ СМЕАТ ДА ЈАДАТ ЖИВИ ЈАЈЦА ЗАШТО ЌЕ УМРАТ ОД БАКТЕРИСКА ИНФЕКЦИЈА!

Исто така, ако земете да чувате вакво маче многу е важно првин да се јавите кај ветеринарно лице, тоа да ги прегледа, а после тоа да го следите упатството од тука.

1. За да можете сами да одгледате толку мали мачиња и да ви преживеат (што е најважно) ви треба следново:
а) „Лактовит“ од „Зегин“ (160 денари) + 2 шприца од по 10 мл и 2 шприца од по 5 мл (по 2-3 денари се, a треба да ги менувате отприлика на една недела, односно штом забележите дека шприцот потешко се стиска).
б) Памук (има во „КАМ“ - 35 денари)
в) Ѓезве (за во него да вриете вода)
г) Пластични чашки од оние за една употреба (за да се подготвува смесата со „Лактовит“).
д) Мала стаклена тегличка (најзгодна е од бебешка кашичка- за чување на поголема количина зовриена вода)
ѓ) Полномасно млеко (3,2% масленост, се прави раствор со превриена вода во сооднос 3:1, тоа значи 3 дела млеко со еден дел превриена вода).

2. Ќе си направите простор (да речеме кај вас во соба на маса) за да се хранат, тука ќе си ги наредите сите работи што ви се потребни - „Лактовитот“, шприцовите, памук, ѓезвето со зовриена вода, пластичните чашки и стаклената тегличка.

3. „Лактовит“ за 1 маче-сираче се подготвува на следниов начин:
Во ѓезве се става ладна вода колку за еден филџан кафе и откако ќе зоврие ќе оставите да се излади на собна температура. Откако ќе се излади цела вода се префрла во стаклената тегличка и се полни еден шприц од 5 мл (ако мачето е старо најмногу 2 недели) или од 10 мл (ако е постаро од 2 недели) што го истурате во пластичната чашка. Во чашката за 10 мл вода се става 1/3 лажичка „Лактовит“ (пластичната мерна лажичка што е внатре во пакувањето), а за 5 мл вода количината „Лактовит“ се намалува соодносно. Откако „Лактовитот“ е во водата промешувате за да се изедначи смесата, односно да нема грутки прашок. Полните еден од шприцовите со смесата и почнувате да храните. Шприцот не се мести за директно да му шприца на мачето во грло туку се става странично, не е битно од која страна, како ви е вам најзгодно (или во зависност од тоа дали сте деснак или левак) и се шприца капка по капка. ШПРИЦОТ ПО СЕКОЈА УПОТРЕБА УБАВО СЕ МИЕ ДА НЕ ОСТАНУВА „ЛАКТОВИТ“ ВО НЕГО. ХИГИЕНАТА ПРИ ОДГЛЕДУВАЊЕ НАПУШТЕНО МАЧЕ Е ОД СУШТИНСКА ВАЖНОСТ!

*Најубаво е мачето да се храни наизменично со „Лактовит“ и со раствор од полномасно млеко за да не дојде до иритација на цревата (некои мачиња не го поднесуваат добро „Лактовитот“).

4. Многу е важно да се внимава да не му се наполнат белите дробови со течност, затоа е најубаво мачето само да си цица, односно да влече, од шприцот, така ќе бидете сигурни дека хранењето се изведува правилно. Кај нас не постојат шишенца за хранење мачиња-сирачиња, како што постојат на Запад, ниту постои замена за мајчино млеко специјална за мачиња па затоа мора да се импровизира со шприцови, со пипети и со „Лактовит“ кој не секогаш ги задоволува потребите на напуштените мачиња.

***ВЕ МОЛИМЕ ДА НЕ ИМПРОВИЗИРАТЕ И ДА ПРАВИТЕ ШИШЕНЦА ЗА ХРАНЕЊЕ НА МАЛИ МАЧИЊА ОД САДОВИ ВО КОИ СЕ ЧУВАЛЕ ЛАКОВИ/СУШАЧИ ЗА ЛАКОВИ ИЛИ КАКВИ БИЛО ДРУГИ ХЕМИСКИ ПРЕПАРАТИ ЗАШТО МНОГУ ЛЕСНО МОЖЕ ДА ГИ ОШТЕТАТ И ОНАКА КРЕВКИТЕ ЦРЕВНИ ЅИДОВИ КАЈ МАЧИЊАТА И ДА ПРЕДИЗВИКААТ МНОГУ БОЛНА СМРТ! КОЛКУ И ДА МИСЛИТЕ ДЕКА СТЕ УСПЕАЛЕ ДА ГО ИЗВРИЕТЕ/ИЗМИЕТЕ ВАКВОТО ШИШЕНЦЕ СЕ ЛАЖЕТЕ. ВАКВИТЕ ИМПРОВИЗАЦИИ МОЖЕ ДА ГО ЧИНАТ МАЧЕТО ЖИВОТ ИЛИ МНОГУ СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ ШТО МОЖЕ ДА МУ СЕ ПРОВЛЕКУВААТ ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ!***

Ако белите дробови на малото маче се наполнат со течност ќе се разболи од аспирациска пневмонија, ќе почне да кашла, тешко да дише, ќе престане да јаде и на крај ќе умре. Затоа е многу важно кога се зафаќате со една ваква сериозна работа да ѝ пристапите на исто толку сериозен начин.

http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmedhealth/PMH0001179/

http://www.kittensense.com/article/kittensense-staff/treating-aspiration-pneumonia-in-kittens

ВО ОВАА РАБОТА НЕМА ПРОСТОР ЗА ГРЕШКА! СЕКОЈ ВАШ ПРОПУСТ И СЕКОЕ ВАШЕ НЕВНИМАНИЕ ДРАСТИЧНО ГИ ЗГОЛЕМУВА ШАНСИТЕ ЗА СМРТ КАЈ МАЧЕТО!

4. НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРАВИ ПОГОЛЕМА КОЛИЧИНА СМЕСА „ЛАКТОВИТ“ И ДА СЕ ОСТАВА ДА СТОИ ЗАШТО СЕ СОЗДАВААТ БАКТЕРИИ ШТО МОЖЕ ДА ГИ УБИЈАТ МАЧИЊАТА!!! ПОДГОТВЕНА СМЕСА „ЛАКТОВИТ“ МОЖЕ ДА СТОИ НАЈМНОГУ 1-1,5 ЧАС, ПОВЕЌЕ НЕ! Единствено што може да се остави да стои подолго време е зовриената вода што е практично да ја имате во поголема количина за да имате за повеќе хранења, да не морате на секое хранење да зовривате нова.

5. Мачињата НЕ СМЕАТ да пијат вода директно од чешма, МОРА ДА ПИЈАТ ИСКЛУЧИВО ПРЕВРИЕНА!

6. Додека се олку мали треба да пијат по 3-4 мл „Лактовит“ на едно хранење, ама ако сакаат да пијат повеќе слободно давајте им повеќе. Мачињата како што ќе растат ќе си бараат сè повеќе и повеќе количински, така што не мора да се грижите дали им давате доволно или премногу, тие си јадат онолку колку што може да им собере. Проблемот е ако не сакаат да јадат доволно или ако од ден на ден не им се зголемува количината што сакаат да ја изедат, или уште полошо, ако таа количина се намалува - во тој случај веднаш треба да се обратите кај ветеринар (листа на ветеринари со контакт-телефони ќе најдете најдолу во оваа белешка).

7. ПОСЛЕ СЕКОЈ ОБРОК СЕ ЧЕКА ОКОЛУ 5 МИНУТИ и ќе земете мало парченце памук, ќе го навлажните со топла вода и полека ќе го масирате мачето кај газето и гениталиите за да почне да мочка и да кака. ОВА Е ИСТО ТОЛКУ ВАЖНО КОЛКУ И САМОТО ХРАНЕЊЕ зашто ако не го исфрли изметот може да добие труење и да умре! Делот околу гениталиите треба да се одржува чист и сув, ако мачето има пролив веднаш треба да се јавите на ветеринар (листа на ветеринари со контакт-телефони ќе најдете најдолу во оваа белешка).

8. Некаде околу третата недела од животот мачето треба да се навикнува да јаде само. Ќе пробате да му ставите во тацна пилешка супа или конзервирана храна за мали мачиња. Исто така, во овој период „Лактовитот“ може да го растворате со пилешка супа, а не со обична превриена вода. Супата не треба да има никакви зачини и треба да е правена само со неколку зрнца морска сол. Кромидот, лукот и сличните на нив зеленчуци се токсични за мачиња, еве и која друга храна би било пожелно да ја избегнувате:http://cats.about.com/cs/catfood/a/humanfood.htm. Може да ставите сосема мало парче пилешки гради во малку вода и неколку зрнца морска сол, да го испасирате и да му го дадете така да лиже од тацната или со шприц. Важно е дека мачето до 4 недели старост веќе треба да биде сосема самостојно, а ова е период и кога треба да му ставите пластично од сладолед наполнето со песок во кутијата каде што спие и полека да го стимулирате таму да врши нужда, а не вие постојано да го издржувате за одење во ВЦ.

9. Мали маченца најчесто многу брзо се учат да одат во ВЦ во песок и околу ова обично не треба многу труд, едноставно кога веќе знаете кога отприлика кака/мочка ќе го пикнете во песокот, ќе му фатите една предна шепа и ќе почнете заедно да копате низ песокот за да му покажете како треба. Мачето ќе оди во ВЦ или веднаш или ако случајно, сепак, чека на вас да го издржите може откако ќе го стимулирате да оди во ВЦ да го ставите памукот со измет/урина во самиот песок. Мачето ќе го намириса и нареден пат ќе си отиде таму во ВЦ. Толку е едноставно!
Мали мачиња првите пати кога одат во ВЦ во песок знаат да цивкаат или да мјаукаат силно, тоа не дека нешто ги боли, но едноставно тоа им е начин за да покажат дека сакаат да вршат нужда. Тоа може да ви биде од голема помош во случај мачето да ви седи на кревет со вас и одеднаш да почне да цивка – веднаш ќе знаете дека ви кажува дека сака да оди во ВЦ. Мачките се многу паметни и многу чисти суштества!
За крај еве едно видео, да видите практично како се прави сè:

Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Мачката моја се врати и фала богу сега се здрави, живи и весели, но во секој случај постов ќе бидит од голема корист за темава.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Преголем пост погоре, искрено ме мрзи да го читам, ама сакам да прашам нешто, пошо вакви статии полно има, форум е, човечки да се објасни се бара.
Имено, имам неколку прашања, зедов еден ѓавол, цело црно со зелени очи, вака мали обично се ќелави некако, ама ова е преслатко , изгледа дека е мое. :X3: Џвака веќе, али уште се треси, не од страв, онака клапчо е дури кога трча. Дека мало. Сакам да прашам дали може маче да живее дома ама стриктно дома? Ултра алергичен сум на мачиња, али поублажено е кога ги фаќам а не се биле низ секакви дупки и прашини. Друго дали се вакцинираат како мали ово оно, и трето околу храната не прави проблеми досеа, али еве узпат и млеко му ставам а рандом погоре прочитав обично млеко било штетно. Башка може неколку совети како за почетник, сакам да го направам прасе. :rolleyes:

Или најарно на ветеринар и ќе ме упати во се?
 
Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
wot се рече ама не напиша колку е старо :) Инаку мачките се навикнуваат дома ако не го пушташ надвор, дури после некое време и нема ни да сака од страв да излезе надвор. Вакцина после 3ти месец, ама може да го прочистиш од паразити, маст е тоа се дава неколку денови зависи од тежината на малото. Млеко се продава специјално за нив, не му давај обично, ќе го фати дрискосер на струмички кажано :pos:
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
100
Поени од реакции
234
Сакам да прашам дали може маче да живее дома ама стриктно дома? Ултра алергичен сум на мачиња, али поублажено е кога ги фаќам а не се биле низ секакви дупки и прашини.
Не одобрувам чување на мачка внатре-надвор во никој случај, но без да ти наметнувам мислење ќе ти кажам зошто треба да ја чуваш само внатре.

Имунитетот на мачката се гради додека е бебе. Доколку ја чуваш само внатре, нејзиниот имунитет ќе биде послаб од оној на останатите улични мачки и нема да може да се справи со сите вируси, инфекции и слично. Поочигледни причини се можноста да ти ја земе некој, или уште пострашно, да заврши под кола.

Неодамна на една другарка на која упорно и објаснував дека домашна мачка не се чува и надвор, и' се разболе мачката од некое вирусно заболување и додека забележа дека не е добра (логично, мачката добар дел од времето си седеше надвор), беше предоцна. Ветеринарот не успеа ништо да направи.

Ова е мој став, одлуката е твоја.

Друго дали се вакцинираат како мали ово оно
Првите вакцини се примаат по 6-8 недели, против беснило се прима на 4 месеци. Однеси го на ветеринарот што ќе му стане „матичен“ и тој ќе утврди.

трето околу храната не прави проблеми досеа, али еве узпат и млеко му ставам а рандом погоре прочитав обично млеко било штетно. Башка може неколку совети како за почетник, сакам да го направам прасе. :rolleyes:
Не е препорачливо мачките да пијат млеко затоа што страдаат од нетолеранција на лактоза.

Совет плус: Мачките се познати по својата лакомост, која, пак, води до безброј зцравствени проблеми, карактеристични и за луѓето, како срцеви болести, шеќер и слично. Затоа, моја препорака ти е да му направиш балансирана диета, а не да го правиш „прасе“ :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
wot се рече ама не напиша колку е старо :) Инаку мачките се навикнуваат дома ако не го пушташ надвор, дури после некое време и нема ни да сака од страв да излезе надвор. Вакцина после 3ти месец, ама може да го прочистиш од паразити, маст е тоа се дава неколку денови зависи од тежината на малото. Млеко се продава специјално за нив, не му давај обично, ќе го фати дрискосер на струмички кажано :pos:
Незнам, за да ти кажам право. Ептен е мало, ама не тек породено, значи оди, скока, истражува, и многу мјаука ако е оставено само, џвака, дури солидно знае да загребе со нокти, ама сепак мало, тромаво, според мои проценки неколку недели, месец дена. Деновиве имаме славење дома, па уште не сум го оставил по соби, а одтаму уште го немам исчистено како за дома. Ќе идев за специјален шампон, па се надевав ќе ме упатат за масти и нешто слично што се користи како што спомна. Ќе му земам и млеко, а за вакцина значи уште малку треба да причека. А нокти им сечат? Дека уште сега е лудо. :D

Не одобрувам чување на мачка внатре-надвор во никој случај, но без да ти наметнувам мислење ќе ти кажам зошто треба да ја чуваш само внатре.

Имунитетот на мачката се гради додека е бебе. Доколку ја чуваш само внатре, нејзиниот имунитет ќе биде послаб од оној на останатите улични мачки и нема да може да се справи со сите вируси, инфекции и слично. Поочигледни причини се можноста да ти ја земе некој, или уште пострашно, да заврши под кола.

Неодамна на една другарка на која упорно и објаснував дека домашна мачка не се чува и надвор, и' се разболе мачката од некое вирусно заболување и додека забележа дека не е добра (логично, мачката добар дел од времето си седеше надвор), беше предоцна. Ветеринарот не успеа ништо да направи.

Ова е мој став, одлуката е твоја.

Првите вакцини се примаат по 6-8 недели, против беснило се прима на 4 месеци. Однеси го на ветеринарот што ќе му стане „матичен“ и тој ќе утврди.

Не е препорачливо мачките да пијат млеко затоа што страдаат од нетолеранција на лактоза.

Совет плус: Мачките се познати по својата лакомост, која, пак, води до безброј зцравствени проблеми, карактеристични и за луѓето, како срцеви болести, шеќер и слично. Затоа, моја препорака ти е да му направиш балансирана диета, а не да го правиш „прасе“ :)
Доста корисни совети, фала. :)
Ќе гледам да искористам, освен тоа за дома. Ако го оставев на село којзнае дали ќе преживееше, паралелно се породија 2 мачки, едната домашна, а едната ги остави маливе, и секако домашната, баш не го сакаше ова, не го чистеше, не го бранеше.. :)

Ау грешка, СИ за само дома, за тоа сум и јас.
 
Член од
10 мај 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво... имам еден голем проблем со мојот мачор последниве 2 дена мјаучи ептем многу како бебе да плаче.. и постојано оди на едно место значи не седи дома и ништо не јади ни пие... и денес трнав по него да видам каде ке ме однесе и постојано како некој да бараше... незнам што е пробелемот стар е околу 10 месеци... ве молам некој нека ми помогни што може да му биде...
 
Најди му мачка му се сосакало на мачорот изгледа :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom