Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
Ми се породи мачката првпат и има 6 мачиња. Некој совет вака за грижа да фрлите ако имате? :)

Инаку чим потпораснат планирам да ги дадам на колку што можам повеќе луѓе, се надевам дека ќе успеам да најдам доволно луѓе за сите да бидат земени. Ако не ќе морам да ги оставам негде тие што нема да ги земат, па да не имате некоја препорака и во врска со тоа?

Совет за грижа, на местото кај шо ти се породи мачката напрај добро легло од пешкири и слично..
А после ако не успееш за сите да најш стопан ондак земи и остај ги покрај градинка или училиште до 4то оделение, се некој од децата ќе ги земит дома :).
 
Првото више го средив. Исполнета е кутијата од доле со весници, а врз нив има мека и дебела крпа, одма отишло мачето таму коа се пораѓало :)

За второто исто така размислував како најверојатна опција, страв ми е само да не налетаат на некои копиљана шо се цепаат па да ги рогаат мачињата ни криви ни должни :/
 
Ми требаат информации за Фронтлајнот. Искуство со ампули имам само еднаш со друго маче (и тоа којзнае каква беше) и не се покажа успешна, додека на кучката и делуваше нејзината. Сега имам Фронтлајн, ми рекоа дека болвите и крлежите паѓаат од неа, а на нет читам дека ампулата се става доколку мачето е веќе исчистено од паразити. Имате искуства?
 
Умираат. Не бегаат од мачето него умираат. Јас фигаро кога фати болви му ставив Фронтлајн, во рок од 24 часа сите болви умреа.

Инаку милиот вчера пак го пратив во швалерација, уште повеќе мачиња ќе се изродат :love:
 
Јас му ставив синоќа, побара да го пуштам и пак ми се врати со крлеж на него. Полудев од тоа бубачките на него! Уште малку ќе поминат 24 часа, а овој со крлеж ми се врати и тоа на местото каде што му ја ставив ампулата. :mad:

Едит:
Сега читам, ги снемува од 24-48 часа. Овакви користиме

8328-1.jpg
 
Пазете многу со крлежите, мојот фати крлежи, со нив лесно се справивме прашок, капење па ампула и го исчистивме, но од крлежите изгледа се зарази со некаква бактерија и беше готов, за малку се спаси, сега е добро.
--- надополнето: 27 април 2013 во 21:47 ---
AnFem, и јас користев таква ампула а мене ме информираа во продавницата дека од една таква ампула цело лето мачорот нема да има проблеми со крлежи o_O. Веќе две недели минаа од третманот и нема нови крлежи или болви на повидок.
 
^ Kaко се редит воа аплупава бе? И шо пари коштат.. Сеа за сеа немам проблеми дур се мали мачинава, се околу нив е, ама после ко ќе почнит да шетат ништо чудно да закачит некој крлеж јас му ги ваѓам со гола рака додуша, ама ако сум во можност ќе земам вакви ампули.
 
Се продаваат во ветеринарните станици и продавниците за миленици, една амппула е 350 ден. и се става на грбот. Јас прво третирав со прашок Неопитроид (100 ден.) а после тоа бањање и сушење па ампулата на крај ја аплицирав на грбната страна од вратот на мачката (каде што не може да ја излиже). Такво упатство ми дадоа од петшоп, бидејки мојот мачор веќе имаше крлежи, ама ако ја користиш ампулата превентивно претпоставувам нема потреба неопитроид, само ја нанесуваш ампулата.
 
AnFem Moon Child Tacid DRACARYS

Кога веќе спомнавте ампули, најглавната работа ја заборавивте.
За да биде ампулата ефикасна, 48 часа ПРЕД и ПО аплицирањето на ампулата, мачката (истото важи и за кучињата) несмеат да бидат во контакт со вода, тоест несмеат да се бањаат бидејќи кожата треба да биде потполно сува за да ампулата делува ефикасно, бидејќи во спротивно, доколку миленичето ја намокри кожата 48 часа пред и по аплицирањето на ампулата, нема да има никаков ефект и џабе сте ја аплицирале.

Инаку Фронтлајн е квалитетна ампула, а и Фиприс и Протектор се исто така одлични, која и да ја земете од овие 3 производители, ќе имате одлични резултати.
И ампулата секогаш се аплицира на горната страна на вратот.
 
Има ли некој што е ветеринар или студира ветерина на форумов? Или пак некој со искуство околу мачки? Ми треба за совет.
 
Има ли некој што е ветеринар или студира ветерина на форумов? Или пак некој со искуство околу мачки? Ми треба за совет.
tomy1 или Лигеја они се ајван доктори, јас сум уште студент.
 
Има ли некој што е ветеринар или студира ветерина на форумов? Или пак некој со искуство околу мачки? Ми треба за совет.
Не сум толку стручна за мачки повеќе сум за домашни животни и кучиња од миленици но ако сакаш пиши ми или приватна или тука па ќе видам што можам.
 
Не сум толку стручна за мачки повеќе сум за домашни животни и кучиња од миленици но ако сакаш пиши ми или приватна или тука па ќе видам што можам.
Колешке, ако доби во инбокс, јас имам размислување во врска со тоа.
 
Има ли некој што е ветеринар или студира ветерина на форумов? Или пак некој со искуство околу мачки? Ми треба за совет.
pisi kakov sovet ti treba mozebi ke mozam nekako da ti pomognam ili ako ne mozam mozebi nekoj drug ke ti pomogne ili dade poprecizni informacii :)
 
ПОМОШ!
Мачката ми се породи пред 15 дена роди 2 здрави мачина и нон стоп седеше со нив, воопшто не се одвојуваше, излегвеше нормално да прошетат секој ден в двор ама одма се враќаше. Ама вчера излегла кај 15:00 и еве уште не е вратена. Немала навика олку време да не се вратит дома, а не поготово сега кога имат 2 мачина од по 15 дена од кои воопшто не се одвојуваше. Сега проблемот ми е како да ги нахранам мачињава, знам дека можело со шприц, ама денес први мај е државен празник, тешко деќа ќе најдам аптека отворена, кажете дали имат некаков друг начин за да ги нахранам?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom