Мачки (општи дискусии)

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Немаш гајле де:DДур се мали се само толку бесни.Знам мојон од сите саксии дома ја ископа земјата:pos:Еднаш почна да се качвит по мене ко дрво да сум :cautious:Сега за жива гла не играт..Епппптен ретко некогаш да посакат со нешо да си играт.Само спиет пустинскион.
 
M

Moon Child

Гостин
Му купив протектор ампула. 380 денари ја зедов од Туш од пет шопот во Велес и патем им кажав за другиот пет шоп што ми дадоа ампула без дејство.
За колку време треба да видам резултати, дали има пак болви? Му ја ставив во линија цела на вратот.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
DSC00792.JPG
Ви го претсавувам Буцо,новит член на фамилија Младеновски :D
Малку ми беше тешко да го заспијам,ама бидна.Само не знам како да ги запознаам со Џина(кучето) да не си извадат очи :icon_lol:
 
M

Moon Child

Гостин
Ве молам кажете ми за колку време ќе почне да дејствува ампулава протектор. Сега видов пак му прошета една болва, стварно веќе незнам што да направам :(
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Ве молам кажете ми за колку време ќе почне да дејствува ампулава протектор. Сега видов пак му прошета една болва, стварно веќе незнам што да направам :(
Од нанесување на ампула, дејството е од прилике после 3 дена. За време на тие 3 дена, животното не смее да се изложува на вода, а уште помалку да се гали на местото каде што е ампулата, за да има правилно дејство.
 
M

Moon Child

Гостин
Од нанесување на ампула, дејството е од прилике после 3 дена. За време на тие 3 дена, животното не смее да се изложува на вода, а уште помалку да се гали на местото каде што е ампулата, за да има правилно дејство.
Значи да не го допирам воопшто. Моментално ми спие во скут, да го тргнам ли ?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Не го допирај на местото кај што му е нанесена ампулата, не да не го допираш воопшто:) Иначе не е ништо штетно по тебе, али ако веќе си го допрела, само пази на очи.
 
M

Moon Child

Гостин
Уште нешто да прашам и не замарам веќе, ветувам :)
Болвите ќе умрат или ќе излезат од него и ќе се разбегаат?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Уште нешто да прашам и не замарам веќе, ветувам :)
Болвите ќе умрат или ќе излезат од него и ќе се разбегаат?
Би требало со тек на време да умрат, но тука има еден проблем. Ампулата ја нанесуваш превентивно за да не фати болви, а ако веќе има фатено ондак постои раствор, со кој прво треба да го испрскаш мачето/кучето, да умре све што е во него, па после ставаш ампула.
Може си ја утнала малку постапката:)
 
M

Moon Child

Гостин
Денеска еден куп болви рачно му извадив, некои и на чешелот се закачуваа, како замаени беа, инаку се брзи и тешко ги фаќам, денес без проблем којзнае колку му извадив. Изгледа има дејство ова (y)
 
L

Lu

Гостин
Bезилка
Ти кажав јас дека се најдобри и најквалитетни Протекторот и Фронтлајнот (y)

Doc Holliday
Ајде честито ново маченце, многу е убав ... а за кучето не се секирај, сега се малечки и двете и ќе си се здружат :)
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Ајде честито ново маченце, многу е убав ... а за кучето не се секирај, сега се малечки и двете и ќе си се здружат :)
Не баш,прееска ги запознавам мачево и песот,кутрето само сакаше да си се запознае,мачето коа му удри еден шамар по муцка,такво целото накострешено,кучето усвет фати :icon_lol:
Утре ќе пробам пак,ако е со таков исход повторно,незнам шо ќе правам :P
 
L

Lu

Гостин
Doc Holliday
Остај ги самите нека си се запознаат, немој ти да инсистираш и намерно да ги доближуваш ... едноставно им треба време за да се прилагодат едно со друго ... после тоа ќе бидат неразделни :)
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Doc Holliday еднаш имаше една необична случка кај моите во Берово,чуваат куче босански загар и шкотски овчар,мачката на породување им умре успеа да роди едно другите изгледа се заплеле во стомак а таму нема ветеринар асален па мачето првин се нацица од мајката па тек ондак го остави на кучката загарот која истовремено беше родила и почна да си го дои мачето исто како свое! Сега е голем мачор и до ден денес заедно се ...така да ќе се зближат и те како! мачето ќе има одбивности зашо нели има една легенд ашо вели дека кучето е создадено од Бога а мачката од Ѓаволот :Р
 

Kajgana Shop

На врв Bottom