Боље љубители на животни него на луѓе!
--- надополнето: 18 мај 2012 во 09:07 ---
Да но јас не ги оставам на улица моите миленици туку ги подарувам на искрени љубители на домашни миленици, никад не сум оставил на улица ни еден мој миленик него ги подарувам на некој што сака да ги чува.
А за кастрација некако ми е понижувачки за мачор замисли нас да не кастрираат не дај боже.
Стерилизација тоа Хитлер правел а може и треба не знам ќе видам дај Боже ја да умрам пред Блек ептен ќе ми биде жал да ми умре.
А тие мачки што ги подаруваш, кога се котат, мислиш и они ги подаруваат на вистински љубители? Или и да ги податуваат, ја не верувам дека во Скопјево има луѓе колку што има мачки... али секоја ви чест на размислувањето...
А ако толку ти е грев за кастрација и стерилизација ондак има контрацепција. Можеш да им ставаш во храна и да имаш одредена контрола на нивното котење.
Не ти го зборам ова како хејтер, ти го зборам баш како љубител. Секое мое излегување од дома, мене животот ми се уништува со тоа што гледам прегазени мачки на улици или пак отруени покрај контењет.
Сите зборат за проблемот со кучињата скитници, а на никој не им текнува дека имаме поголем проблем со мачките скитници. Или мали се, брзи се, па сами нека се снајдуваат... не е фер во однос на нив.
Секоја кастрација и стерилизација значи спасување на некој живот.
Али како сакате... продолжете со вашите закоравени сфаќања, а што ако нас треба да не кастрираат...
Ако толку го цениш тоа што Бог им го дал, ондак си ја заебал работата, си им го одзел примарното а тоа е слободата. Натаму од тебе зависи нивниот живот. Ако навистина си љубител на животни, ондак ќе знаеш што е најдобро за нив, а сигурно неконтролирано котење - не е!