Завршив работа во ФЗОМ
Бев во поликлиника „Јане Сандански“ кај што ми беше претходниот матичен, ама очигледно се имаат договорено да викаат дека докторката си заминала ако некој најави дека некој дошол за промена на матичен лекар. Без воопшто да им кажам кој ми е матичен лекар/лекарка (значи - не ми ја ни отворија книшката) се обидоа да ми продадат филм дека „докторката само што си замина“. И откако ги прашав: "А која докторка?“ не знаеа што да ми кажат, па ми ја отворија книшката.... BITCH, PLEASE
Им се згазив од смеење откако почнаа да д'ткаат кога ги напнав со прашањето: "А кој ми е матичен лекар?“
И затоа што не сакам да се расправам со црепови, си отидов директно во ФЗОМ и завршив работа.
Потребна е само копија од лична карта (може да се извади за 5 денари од книжарата од карши).
После тоа одите на шалтер 4, пополнувате еден формулар (ќе ви бидат потребни бројот на здравствена книшка и ЕМБГ) и одма добивате ливче со одјава