Па треба да идеш кај нејзе и да се одјавиш. Ќе ти даде листе едно дека не ти е матичен повеќе, и со тоа листе ќе отидеш кај таа што сакаш ти и ќе ти ја заверат во книшката.
Ако се префрлаш на друго место нормално земи го и картонот каде што ти се заверени сите предходни болести .
Избор на матичен лекар
Изборот на матичен лекар е сопствен избор на граѓаните, додека за децата на возраст до 14 години избор може да врши и родителот.
ЧЛЕН 19
Изборот на лекарот се врши со пополнување на изјава за избор на лекар на образец ИЛ-1 (Пријава за избор / Промена на лекар), кој е составен дел на овој правилник.
Изјавата од став 1 на овој член се потполнува во два примероци од кои едниот останува во здравствениот картон на осигуреното лице кај избраниот лекар, а другиот избраниот лекар го доставува до подрачната служба на Фондот.
ЧЛЕН 17
Секој избран лекар е должен да определи друг лекар од својата или од друга најблиска здравствена установа која врши иста дејност, кој ќе го заменува односно кој ќе му ги пружа здравствените услуги на осигуреното лице во случај на негова отсутност.
Избраниот лекар е должен да ја извести подрачната служба на Фондот за лекарот кој ќе го заменува.
ЧЛЕН 21
Изборот на лекар и заменикот на избраниот лекар се запишуваат во здраствената легитимација на осигуреното лице со втиснување на факсимилот со бројот на лекарот.
ЧЛЕН 22 ( став 1)
Избраниот лекар води евиденција за осигурените лица што го избрале.
Подрачната служба на Фондот води евиденција за осигурените лица според избраните лекари и нивните заменици и за промените на избраните лекари и нивните заменици.
ЧЛЕН 16
За децата осигурени лица до 14 годишна возраст, изборот на лекар може да го врши родителот односно старателот.
Матичниот лекар може да се промени и тоа:
ЧЛЕН 18
Избраниот лекар може да се промени во случај на:
1. престанок на работа на избраниот лекар;
2. промена на местото на живеење односно на работа на избраниот лекар или на осигуреното лице;
3. во други случаи по барање на осигуреното лице, односно лекарот.
ЧЛЕН 20
Промената на избраниот лекар се врши со пополнување на нов образец ИЛ - 1 како изјава за избор на лекар.
При промена на избраниот лекар, здравствениот картон се пренесува кај новоизбраниот лекар.
Одјавата и новата изјава за избор на лекар од став 1 на овој член новоизбраниот лекар ги доставува до подрачната служба на Фондот.
ЧЛЕН 21( став 2)
Промената на изборот на лекарот се запишува во здравствената легитимација по поништувањето на записот за претходниот избран лекар.