Матични лекари - промена на лекар, препораки, искуства

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.331
Поени од реакции
15.592
За овие новиве електронски книшки веќе две години од кај мајка ми на работа сме у некоја пилот програма не знам што и секои три месеца ни викаат дајте копии од ЛК и пак ништо така да да сум на твое место би си извадила уште од сега таква :)
Јас од пред неколку месеци ја имам таа „книшка“ каде што пишува дека ќе започне со важност од xx месец кој патем е веќе поминат.
Ти ја доби картичката?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500

Јок бурда. Ни ја не знам колку копии на ЛК имам дадено досега. Ама за тие картички треба сите можни ординации, клиники и аптеки колку што знам да се умрежени, а од тоа ни У нема сега за сега :)
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.296
Поени од реакции
567
Па треба лекарот да ти даде одјава, ако нејќе да ти даде од Фондот ќе си земеш, така да и да не ти даде, исто му се фаќа. Не може сосила да те држи кај него :)
а здравствениот картон?
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.225
Поени од реакции
34.519
Завршив работа во ФЗОМ :)

Бев во поликлиника „Јане Сандански“ кај што ми беше претходниот матичен, ама очигледно се имаат договорено да викаат дека докторката си заминала ако некој најави дека некој дошол за промена на матичен лекар. Без воопшто да им кажам кој ми е матичен лекар/лекарка (значи - не ми ја ни отворија книшката) се обидоа да ми продадат филм дека „докторката само што си замина“. И откако ги прашав: "А која докторка?“ не знаеа што да ми кажат, па ми ја отворија книшката.... BITCH, PLEASE :pos:

Им се згазив од смеење откако почнаа да д'ткаат кога ги напнав со прашањето: "А кој ми е матичен лекар?“ :D

И затоа што не сакам да се расправам со црепови, си отидов директно во ФЗОМ и завршив работа.

Потребна е само копија од лична карта (може да се извади за 5 денари од книжарата од карши).
После тоа одите на шалтер 4, пополнувате еден формулар (ќе ви бидат потребни бројот на здравствена книшка и ЕМБГ) и одма добивате ливче со одјава :)
 
Така де :) Ама не знам зашо изиграваат нешто што не се кога за 5 минути можеш во фондот да завршиш работа. Веројатно одат на картата дека ретко кој знае дека има право од фондот да си побара одјава.
--- надополнето: Dec 3, 2011 12:09 PM ---
а здравствениот картон?
Ќе ти отворат нов таму кај новиот матичен.
 
В

влијателен

Гостин
Добра Тема.
Имајте само во предвид дека докторите(матичните лекари) денес ве праќаат почесто да правите крвна слика - не заради тоа што се загрижени за вашето здравје туку за да ги исполнат целите што им ги налага Фондот за Здравство.Повеќе пациенти пратени да прават крвна слика,РТГ слика = повече пари за нив - повеќе боцкање за Вас,повеќе зрачење за Вас..
Така да ако скоро сте правеле крвна слика а се чуствувате добро - нема потреба. Имате право да одбиете(освен ако има индикација нормално) бидејќи јас лично не давам секој да ми зема крв..
Всушност, мислам дека е обратно. Матичните лекари имаат ограничувања колку пациенти месечно смеат да испратат за анализи. И ако ја исполнат квотата многу пациенти иако имаат реална потреба од анализи може да не бидат испратени во лабораторија.
За улогата на крвната слика во поставувањето на дијагнозата и следењето на успешноста на терапијата нема потреба да се зборува. Има есенцијална улога.
Навистина, точно е тоа што го велите дека ако некој правел скоро анализа и ако се чувствува добро нема потреба од нови анализи. Во овој случај пациентите се тие кои инсистираат на нови анализи. На фондот не му е сеедно да се трошат пари за непотребни анализи затоа има ставено квота на лекарите.
Има лекари кои се поврзани со приватни лаборатории или лекарите во приватните клиники кои инсистираат на непотребни анализи заради тоа што се наплаќаат.
Муабетот ти е на место само за тие приватни клиники и лаборатории, во јавното здравство пациентите имаат недостаток од анализи, а не вишок.
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105

Значи во право сум :)
Поентата е дека секојдневно пациентите упатени од матичните лекари(приватни) во Јавните Здравствени Установи да прават крвна слика најчесто имаат нормална крвна слика.. ВО врска со квотите - ако ги исполнат - ќе го пратат на специјалист па специјалистот ќе го прати да направи крвна слика :) Вистнината е дека матичните лекари се трудат на секој начин да ги исполнат целите дури одат до таа мера да им плаќаат на пациентите за да си направат крвна слика, РТГ, ехо. итн..(направи си крвна слика и РТГ од мене имаш гратис :) )
Здравството се сведе на пари а не на хуманост..
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575

Значи не си во право.
Ограничени им се упатите и за специјалисти, со сегашниот систем на упатување всушност многу тешко се стигнува до специјалист. Понатаму, специјалистот може да препорача, не да упати да се прави крвна слика. Повторно пациентот се враќа кај матичниот лекар, бидејќи не постојат веќе интерклинички упати.
Редовна крвна слика е неопходна, треба да се прави еднаш годишно, па дури и пациентот да не чувствува никакви симптоми.
И толку за тоа на темава. Ако сакаш да дискутираш за здравството, можеш на оваа тема, или на било која друга соодветна тема.
 
Ограничени се упатите за специјалисти(преглед) во Болниците и за Болнички упати - хоспитализација (а не во Здравствените Домови).За во Болниците мораш да се јавиш за да закажеш, конкретно за во Штип ако таму го праќаш а си од Пробиштип на пример.А во Пробиштип имаш интернист каде што прво таму ќе го упатиш.
Доколку ги истрошиш упатите, секогаш можеш да се "договориш " со некој од лекарите од Брза Помош :)
И на крај сепак нели пациентот може и кај друг да отиде на приватно така да нема да остане неуслужен.
И следниот месец пак.
Поентата ми беше дека сум во право дека се прават често непотребни крвни анализи,непотребни РТГ снимања итн итн. И дека вистината е дека хуманоста отиде бестрага..
Многу често пациентите во лабораторија колабираат кога им земаат крв и додека чекаат за преглед.. А верувајте лекарите многу ретко прават крвна слика :)

И во врска со темата - Без да бидете прегледани од лекар не смеете на своја рака да си ги "интерпретирате" резултатите од крвна слика и урина. Тоа што референтните вредности се дадени тука користи само тоа што можеш да видиш површно дали е нешто во нормални граници или не.Ама и тоа не вреди ништо ако на пример : Што ако си кљукан со терапија а имаш субакутна болест? Леукоцитите ти се нормални бидејќи си на лекови а нешто сепак не е во ред? Што ако еве и овде некого прашаш и му дадеш симптоми? Без да те прегледа и да те види не може да ти даде дијагноза. Еве и некој гледам пишува овде некои совети.. Ако згрешиш на пример во давањето на советите кој ќе одговара? Си има за тоа кој да те прегледа и кој одговара ако погреши.
Значи не дека не се валидни овие информации, туку и покрај крвната слика може ќе треба да се земе и анамнеза и преглед и по потреба ќе се направат и други испитувања.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Многу често пациентите во лабораторија колабираат кога им земаат крв и додека чекаат за преглед.. А верувајте лекарите многу ретко прават крвна слика
И во врска со темата - Без да бидете прегледани од лекар не смеете на своја рака да си ги "интерпретирате" резултатите од крвна слика и урина. Тоа што референтните вредности се дадени тука користи само тоа што можеш да видиш површно дали е нешто во нормални граници или не.Ама и тоа не вреди ништо ако на пример : Што ако си кљукан со терапија а имаш субакутна болест? Леукоцитите ти се нормални бидејќи си на лекови а нешто сепак не е во ред? Што ако еве и овде некого прашаш и му дадеш симптоми? Без да те прегледа и да те види не може да ти даде дијагноза. Еве и некој гледам пишува овде некои совети.. Ако згрешиш на пример во давањето на советите кој ќе одговара? Си има за тоа кој да те прегледа и кој одговара ако погреши.
Значи не дека не се валидни овие информации, туку и покрај крвната слика може ќе треба да се земе и анамнеза и преглед и по потреба ќе се направат и други испитувања.
Уууууу, трагично, паднале во несвест кога им земале крв :tapp:
Матичниот доктор треба да го упати својот пациент да направи крвна слика најмалку еднаш годишно. Крај на дискусијата.
Каде пишува дека треба слепо да се следат советите што се добиени на форум?
Ние овде се обидуваме да дадеме совет во рамки на нашите знаења, не тврдиме дека знаеме сѐ или дека тие кои прашуваат треба само нас да не слушаат и да не се консултираат со доктор.
Некогаш едноставно форумџиите се нестрпливи, не им дообјаснил докторот или што и да е. Секако НИКОЈ не вели дека не треба консултација со доктор, ниту овде се препишуваат посериозни лекови од парацетамол, фервекс и слично. Ако добро прочиташ, воглавно се совети кои не може да наштетат, напротив, и речиси сите пишуваат "консултација со доктор" на крај на мислењата.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
Многу често пациентите во лабораторија колабираат кога им земаат крв и додека чекаат за преглед.. А верувајте лекарите многу ретко прават крвна слика :)

И во врска со темата - Без да бидете прегледани од лекар не смеете на своја рака да си ги "интерпретирате" резултатите од крвна слика и урина. Тоа што референтните вредности се дадени тука користи само тоа што можеш да видиш површно дали е нешто во нормални граници или не.Ама и тоа не вреди ништо ако на пример : Што ако си кљукан со терапија а имаш субакутна болест? Леукоцитите ти се нормални бидејќи си на лекови а нешто сепак не е во ред? Што ако еве и овде некого прашаш и му дадеш симптоми? Без да те прегледа и да те види не може да ти даде дијагноза. Еве и некој гледам пишува овде некои совети.. Ако згрешиш на пример во давањето на советите кој ќе одговара? Си има за тоа кој да те прегледа и кој одговара ако погреши.
Значи не дека не се валидни овие информации, туку и покрај крвната слика може ќе треба да се земе и анамнеза и преглед и по потреба ќе се направат и други испитувања.
Често е, да, али никој не треба да биде деклариран како нехуман, виновен и сл(зборувам за мед. персонал) ако на некого му се случи да колабира. :)

Имавме на форумот еден сличен на тебе со слично мислење.
Значи, никој на никого овде не му препишал розева рецепта. :)
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Често е, да, али никој не треба да биде деклариран како нехуман, виновен и сл(зборувам за мед. персонал) ако на некого му се случи да колабира. :)

Имавме на форумот еден сличен на тебе со слично мислење.
Значи, никој на никого овде не му препишал розева рецепта. :)
:)
Не ме вадете од контекст - нехуманоста се однесува на целиот систем кој не функционира.
За колабирањето: Ако не ти се случило тебе или не си видел последици од колабирање не значи дека не е ништо страшно..Можеби последиците се мал процент ама не би сакал да ти се случат на тебе нели? :)
Уууууу, трагично, паднале во несвест кога им земале крв :tapp:
А ако мислиш дека хипогликемијата е многу убава и ништо страшна работа тешко тогаш на твоите пациенти.. Ако е проследена пак со хипотензија и колабирани вени..плус додај му малце шок.. па ќе видиш дали е лесно да му погодиш вена за да му администрираш Гликоза..Ќе бараш после у нога да погодиш некоја..Со овие пациенти се расправаат доктори во Брза Помош а штом така ноншалантно размислуваш.. Еве да речеме колабира и падне на глава пациентот и се здобие со фрактура на череп? Тоа не е страшно?
А за крвната слика..
Треба да се прави 1 годишно точно е, и по Индикација. Ама не да се прави ради исполнување на цели неконтролирано и неразумно(некои прават секоја недела)
За интерпретирањето:
Убаво опишав погоре во претходниот пост што може да се деси ако на своја рака интерпретираш резултати..а не си лекар. Можеби ти ќе се консултираш со лекар ама некој може не. И можеби докторот не му објаснил на пациентот зошто можеби го мрзело ама можеби и да не го паничи безвезе пациентот додека не утврди конечна дијагноза.
Во смисла на корисност на информации - навистина е корисна темата ама јас како лекар сум должен да инсистирам да не си играте медицина. И да си лекар - тогаш знаеш дека не смееш да лупаш дијагнози по телефон,не смееш да даваш совети за дијагнози ако не си го видел пациентот. Можеш само да му речеш - консултирај си се матичниот лекар.Некои луѓе не сакаат да појдат на доктор оти имаат на пример страв од бели мантили,или аверзија кон ординации,болница .. И затоа полесно ќе си отвори интернет - оп форум, оп wikipedia.. И по линија на помал отпор - ќе прима совети кои може да се и поточни и подобри од тие што би ги добил од матичниот лекар, ама во случај да не се тогаш може нешто нефино да се деси..Да се оддолжи некои испитување на пример кое ако пошол пациентот на време можеби и ќе му помогнело ама ете не пошол.. никогаш 2 и 2 не е 4 во медицината..

Ако вистински сакаш да промовираш здравје тогаш најдобра помош и совет е да се упати пациентот право кај неговиот матичен лекар.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
:)
Не ме вадете од контекст - нехуманоста се однесува на целиот систем кој не функционира.
За колабирањето: Ако не ти се случило тебе или не си видел последици од колабирање не значи дека не е ништо страшно..Можеби последиците се мал процент ама не би сакал да ти се случат на тебе нели? :)
Можеби не се разбираме, ќе ти повторам пак.
Колабирањето е често, но што можи тука лаборантот да стори? Не може да предвиди кога ќе се случи тоа.
Ги знам последиците. Го работам тоа. Ми се има случено човек да доживее инфаркт среде вадење на крв, колабирање после 20 ина мин од боцкањето...тие се моменти кои не знаеш кога ќе се десат. Потоа, има пациенти не ги слушаат советите шо им ги кажувам да не стануваат веднаш после боцкање, да го држат памучето силно и доволно долго да престане крварењето- па после трчаат по мене со хематом колку две тупаници...и милион други случаеви.
 
Епа затоа треба разумно по индикација да се прави а не секоја недела или месец..
Јас не велам дека не треба да се прави - туку не за секој преглед - ај иди напрај крвна слика, ај иди ренген..
Не дека матичните лекари така сакаат ТУКУ така МОРААТ зошто им наложува Фондот! Тоа е нехумано! Затоа реков да не ме вадиш од контекст. Да не им наложуваше Фондот немаше од дома телефонски да ги викаат сите и здраво и право и болно и непокретно да доаѓаат за крвна слика..
И токму пошто си лаборант и знаеш дека пациентите не слушаат што е заклучокот? Дека што повеќе крвни слики - толку повеќе шанси за колапси. Не сум во право?
Секоја РТГ снимка исто носи скриени опасности.
Ете на пример некоја девојка забременила ама не знае дека е бремена.. И сега матичниот ја викнал и заради исполнување цели да направела РТГ снимка.. И докторот не знае дека е трудна - не се жалела на симптоми,одамна не дошла на лекар, не правела ехо да се види дека е бремена..Кој ќе биде крив ако има девојката последици? Тоа хумано е?
Или дете од 2 години (или постаро) да иде да се слика на Ренген ради исполнување цели (со измислена индикација) ???
Ете тоа е нехуманост на системот..
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
:)
А ако мислиш дека хипогликемијата е многу убава и ништо страшна работа тешко тогаш на твоите пациенти.. Ако е проследена пак со хипотензија и колабирани вени..плус додај му малце шок.. па ќе видиш дали е лесно да му погодиш вена за да му администрираш Гликоза..Ќе бараш после у нога да погодиш некоја..Со овие пациенти се расправаат доктори во Брза Помош а штом така ноншалантно размислуваш.. Еве да речеме колабира и падне на глава пациентот и се здобие со фрактура на череп? Тоа не е страшно?
А за крвната слика..
Треба да се прави 1 годишно точно е, и по Индикација. Ама не да се прави ради исполнување на цели неконтролирано и неразумно(некои прават секоја недела)

Ако вистински сакаш да промовираш здравје тогаш најдобра помош и совет е да се упати пациентот право кај неговиот матичен лекар.
Не мислам, ама тука не зборуваме за такви случаи, зборуваме за оние плачковци што паѓаат во несвест од обично боцкање во вена. Не ги праќаат сигурно редовните пациенти во брза помош да им вадат крв за обична крвна слика. И "ако колабира и се здобие со фрактура на череп" е еднакво на "што ако си одам по улица и одеднаш падне саксија, ме удри по глава и ме убие". Се случува, да, но ретко е. Обично вадењето крв во нормална лабораторија е безопасна процедура. Секако, секогаш има исклучоци, нели.
Кој прави крвна слика секоја недела? Кој матичен доктор по телефон ги вика пациентите да дојдат? Обично не може да стигнат на ред пациентите кај матичниот, им вика дека ништо не им е и ги праќа дома или со никаква терапија, или со некој пресилен антибиотик за вирусна настинка. Барем така е во Скопје, во другите градови не знам како е.
И пак ќе кажам, убаво разгледај, СЕКАДЕ во постовите пишува консултација со матичен лекар.
Доста беше офтопик на темава.
Ако имаш да дадеш некој коментар за нечии резултати, повели. Ако не, коментирај на соодветна тема, не овде.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom