Матични лекари - промена на лекар, препораки, искуства

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Сакам да го променам матичниот лекар поради преголемата оддалеченост од местото на живеење до амбулантата. Која е процедурата за промена? Ако имате сменето матичен доктор, или сте доктор, бујрум - објаснете :)

Освен тоа, препорачајте добра амбуланта - доктор во Центар, во близина на Рамстор.
Размислувам за Промедика (карши Рамстор) или Железничар (до Беко). Што ќе препорачате?
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Па треба да идеш кај нејзе и да се одјавиш. Ќе ти даде листе едно дека не ти е матичен повеќе, и со тоа листе ќе отидеш кај таа што сакаш ти и ќе ти ја заверат во книшката.
Ако се префрлаш на друго место нормално земи го и картонот каде што ти се заверени сите предходни болести .

Избор на матичен лекар
Изборот на матичен лекар е сопствен избор на граѓаните, додека за децата на возраст до 14 години избор може да врши и родителот.
ЧЛЕН 19
Изборот на лекарот се врши со пополнување на изјава за избор на лекар на образец ИЛ-1 (Пријава за избор / Промена на лекар), кој е составен дел на овој правилник.
Изјавата од став 1 на овој член се потполнува во два примероци од кои едниот останува во здравствениот картон на осигуреното лице кај избраниот лекар, а другиот избраниот лекар го доставува до подрачната служба на Фондот.
ЧЛЕН 17
Секој избран лекар е должен да определи друг лекар од својата или од друга најблиска здравствена установа која врши иста дејност, кој ќе го заменува односно кој ќе му ги пружа здравствените услуги на осигуреното лице во случај на негова отсутност.
Избраниот лекар е должен да ја извести подрачната служба на Фондот за лекарот кој ќе го заменува.
ЧЛЕН 21
Изборот на лекар и заменикот на избраниот лекар се запишуваат во здраствената легитимација на осигуреното лице со втиснување на факсимилот со бројот на лекарот.
ЧЛЕН 22 ( став 1)
Избраниот лекар води евиденција за осигурените лица што го избрале.
Подрачната служба на Фондот води евиденција за осигурените лица според избраните лекари и нивните заменици и за промените на избраните лекари и нивните заменици.
ЧЛЕН 16
За децата осигурени лица до 14 годишна возраст, изборот на лекар може да го врши родителот односно старателот.
Матичниот лекар може да се промени и тоа:
ЧЛЕН 18
Избраниот лекар може да се промени во случај на:
1. престанок на работа на избраниот лекар;
2. промена на местото на живеење односно на работа на избраниот лекар или на осигуреното лице;
3. во други случаи по барање на осигуреното лице, односно лекарот.
ЧЛЕН 20
Промената на избраниот лекар се врши со пополнување на нов образец ИЛ - 1 како изјава за избор на лекар.
При промена на избраниот лекар, здравствениот картон се пренесува кај новоизбраниот лекар.
Одјавата и новата изјава за избор на лекар од став 1 на овој член новоизбраниот лекар ги доставува до подрачната служба на Фондот.
ЧЛЕН 21( став 2)
Промената на изборот на лекарот се запишува во здравствената легитимација по поништувањето на записот за претходниот избран лекар.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
И дополнително мрчење следи зошто се откажуваш сега ова она и то :icon_lol:.
--- надополнето: Dec 1, 2011 4:17 PM ---
Освен тоа, препорачајте добра амбуланта - доктор во Центар, во близина на Рамстор.
Размислувам за Промедика (карши Рамстор) или Железничар (до Беко). Што ќе препорачате?
Што да препорачам, да не ти затребаат за нешто сериозно џабе добра амбуланта и добар доктор :icon_lol:.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Дали тој формулар за пополнување (ИЛ1) ќе ми го дадат кај што ја правам одјавата? Да не ме одјебат и да ми речат „иди до [ваму-таму] земи си образец“...? :)
Не верувам дека ќе ме тупи со објаснување. Доволно објаснување е тоа што јас живеам во Центар, а матичниот лекар ми е во Аеродром.

И дали мора да биде присутен стариот матичен лекар, или ќе завршам работа само со тие што работат со картоните...? :)

Ај додека сум на темава, уште едно прашањање:
- Старата книшка ми е во распаѓање (имам од оние зелените), која е процедурата да се земе нова?
 
Они ќе ти дадат образец имаат. Стариот матичен лекар мора да потпише одјавата. А за старата книшка, ќе купиш нова ќе ја пополниш дома само ќе ја дадеш на тие во сметководство да акне печат во Фондот за Здравствено Осигурување т.е. да ја однесе таму.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Дали тој формулар за пополнување (ИЛ1) ќе ми го дадат кај што ја правам одјавата? Да не ме одјебат и да ми речат „иди до [ваму-таму] земи си образец“...? :)
Не верувам дека ќе ме тупи со објаснување. Доволно објаснување е тоа што јас живеам во Центар, а матичниот лекар ми е во Аеродром.

И дали мора да биде присутен стариот матичен лекар, или ќе завршам работа само со тие што работат со картоните...? :)

Ај додека сум на темава, уште едно прашањање:
- Старата книшка ми е во распаѓање (имам од оние зелените), која е процедурата да се земе нова?
Па треба лекарот да ти даде одјава, ако нејќе да ти даде од Фондот ќе си земеш, така да и да не ти даде, исто му се фаќа. Не може сосила да те држи кај него :)
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.162
Поени од реакции
15.952
Ја коа правев промена на матичен, едноставно си заминав кај докторот кој сакав да ми биде нов матичен само ми зеде лична карта и здравствената книшка и ми рече по некој ден да дојдам да си ги земам.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Jaс менував матичен лекар но во иста амбуланта, и незнаев што како треба да правам, отидов кај матичниот и кажав дека сакам да ја сменам, прво ми го тупеше да не ја мењам, и колку и да ти го тупи мора да ти даде одјава, извади некои документи не се сеќавам, потпиша, удри печат, јас се потпишав ми го даде картонот и чао пријатно, после одма отидов кај таа што сакав да ми биде матичен и го дадов картонот и тие документи што ми ги даде веќе стариот матичен, и новава нешто запишуваше удри печат и толку беше цела работа за 10 мин. завршив
 
S

Sagan

Гостин
Ај додека сум на темава, уште едно прашањање:
- Старата книшка ми е во распаѓање (имам од оние зелените), која е процедурата да се земе нова?
Постапката беше да купиш нова од книжара и ќе ја однесеш у ФЗОМ заедно со старата.
АМА... имаше пред некој месец пререгистрација за електронски здравствени книшки. Би требало наскоро да ги поделат и не знам колку е практично да купиш нова...
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962
Идеш кај сегашниот матичен лекар и зимаш одјава,потоа идеш кај тој што сакаш да ти биде матичен.Не би требало да имаш некој проблем
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Фала на сите за одговорите.
А за книшка, штом е таква работа со новите електронски книшки... Ќе почекам :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Фала на сите за одговорите.
А за книшка, штом е таква работа со новите електронски книшки... Ќе почекам :)
За овие новиве електронски книшки веќе две години од кај мајка ми на работа сме у некоја пилот програма не знам што и секои три месеца ни викаат дајте копии од ЛК и пак ништо така да да сум на твое место би си извадила уште од сега таква :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom