Математичка мистерија

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во една далечна, прекуокеанска земја се одржувале парламентарни избори, на кои учествувале партиите А, В и С.
По завршување на изборите, на конферецијата за печат, председателот на изборната комисија им соопштил на новинарите:
Ве известувам дека партиите освоија 30, односно 40, односно 50 пратенички места. А која партија колку места освои - сами погодете.
Еден од новинарите прашал:
Дали е точно дека:
1. Партијата С освоила 30 места
2. Партијата В не освоила 30 места
3. Партијата А не освоила 50 места
На ова председателот на изборната комисија рекол: Од овие три тврдења само едно е точно.
Определете која партија колку пратенички места освоила?
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Ако 1. е точно, автоматски и 2 е точно и се добива контрадикција.

Ако 2. е точно, тогаш а А може да биде 30, 40, 50. В може да биде 40 или 50. С може да биде 40 или 50. Ако В=40, тогаш С=50, А=30. Тврдењето под 3. е точно и се добива контрадикција. Ако В=50, исто се добива контрадикција.

Ако 3. е точно, тогаш А може да биде 30 или 40. В може да биде 30, 40, или 50. С може да биде 30, 40, или 50.
Ако А=40, тогаш В=30, С=50. Ги задоволува сите услови.
 
Не....
Ако А=40, В=30, С=50.
тогаш тврдењето 1 е неточно, 2 е неточно и 3 неточно
значи сите се неточни
Според мене решение е:
А = 50, В = 30, С = 40
Само во овој случај тврдењето 1 е неточно, 2 е неточно а 3 е точно. Условот на задачата е едно тврдење да е точно а две неточни
Јас ја решавав со тоа што ги анализирав сите 6 можни решенија а тие се
(А,В,С) може да биде:
( 30,40,50) или
(30, 50, 40 ) или
( 40, 30, 50 ) или
( 40, 50, 30 ) или
(50, 30, 40 ) или
( 50, 40, 30 )
Само претпоследното, (50, 30, 40 ) задоволува две неточни и едно точно тврдење
 
Последно уредено:

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Ако А е 40. Точка 3 точна (Бидејќи А не освоила 50 места). В мора да има 30. Точка 2 неточна. С мора да има 50. Точка 1. Неточна.
Или грешам?

Твоето решение прави дека точка 3 е неточна. Бидејќи тврдењето е дека: А не освоила 50 места, а во твоето решение А има 50 места.
 
Ме збуни... Изгледа си во право... Задачава не е лесна ... Затоа сите нека помогнат
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Ме збуни... Изгледа си во право... Задачава не е лесна ... Затоа сите нека помогнат
Игра на зборови е целата работа. И е малку комплицирана.
Следи ја мојата логика од мојот пост со решението.

Ако 1 е точно, по автоматизам и 2 е точно. Контрадикција.

Ако 2 е точно, тогаш можните вредности за В се 40 и 50. Ако В е 40, тогаш С може да биде само 50. Преостанува А со 30. Ама тогаш тврдењето 3 е исто точно. Контрадикција. Ако В е 50, тогаш, тврдењето 3 по автоматизам станува точно дека А не освоила 50 места. Контрадикција.

Ако 3 е точно, тогаш можните вредности за А се 30 и 40. Ако А=30, тогаш точка 2 е точна. Контрадикција. Преостанува А да биде 40. Тогаш, В=30 (За точка 2 да биде неточна). С=50 (За точка 1 да биде неточна).

Се надевам дека сум доволно јасен. :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@Благоев,
Вака...
Ти тврдиш дека решението е А = 40, В = 30 и С = 50
Условите гласат
1. Партијата С освоила 30 места
2. Партијата В не освоила 30 места
3. Партијата А не освоила 50 места

Значи 1 не е точно ( С освоила 50 ); и 2 не е точно ( В освоила 30 ); 3 - е точно ( А освоила 40 ) места
Значи твоето решение е ОК - честитам
А може и вака да размислуваме: Спротивни искази од изказиве 1, 2 и 3 се
1а Партијата С не освоила 30 места
2а Партијата В освоила 30 места
3а Партијата А освоила 50 места
Бидејќи се работи за спротивни услови, значи сега две се точни а еден неточен
За твоето решение А = 40, В = 30 и С = 50
Сега 1а е точно, 2а е точно, а 3а неточно
Значи пак се потврдува дека твоето решение е О.К. - честитки
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Oдреди ги цифрите х, у и z така да биде точно равенството
хх * уz * xyz = xyzxyz

пример за појаснување кој не е точен:
55 *46 * 546 = 546546
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.093
Поени од реакции
11.498
хх * уz * xyz = xyzxyz

11 * x * (10 * y + z) * (100 * x + 10 * y + z) = 100100 * x + 10010 * y + 1001 * z

11 * x * (10 * y + z) * (100 * x + 10 * y + z) = 1001 (100 * x + 10 * y + z)

11 * x * (10 * y + z) = 1001

x = 91 / (10 * y + z)

x / 7 = 13 / (10 * y + z)

x = 7; y = 1; z = 3
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Oдреди го збирот на првите 1000 цифри од бесконачниот децимален периодичен број 5/7

Помош:
5/7 е бесконачен децимален периодичен број со 6 цифри кои се повторуваат во период
5/7 = 0,714285714285714285714285714285714285......
Што може да се напише и вака 5/7= 0,(714285)
Треба да се одреди збирот на првите 1000 цифри
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Oдреди го збирот на првите 1000 цифри од бесконачниот децимален периодичен број 5/7

Помош:
5/7 е бесконачен децимален периодичен број со 6 цифри кои се повторуваат во период
5/7 = 0,714285714285714285714285714285714285......
Што може да се напише и вака 5/7= 0,(714285)
Треба да се одреди збирот на првите 1000 цифри
4496
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Збирот на цифрите во еден период е
7 +1 + 4 +2 + 8 + 5 = 27
1000 = 166 * 6 + 4
Значи за 1000 цифри има 166 цели периоди и уште четири цифри
Одговорот е: Збирот на 1000 цифри е:
166 * 27 + 7 + 1 + 4 + 2 = 4496
Браво!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Одреди троцифрен број кој е делив со трите двоцифрени броеви кој се добиваат ако се изостави една од цифрите без да се промени редоследот на цифрите.
Математички напишано
Бројот abc треба да биде делив со броевите bc; ac и ab

Пример за појаснување кој не е точен

257 да биде делив со 25 и со 27 и со 57
 
Kajgana Shop

На врв Bottom