ќе останеш на истата. Кога си бирал од 3 врати, имаш 33% шанса да погодиш, кога ќе ти отвори една од трите, имаш 33+33= 66% шанси да погодиш. А кога бираш од две, ти е 50% да погодиш, математички.
Всушност ова ти е погрешна пресметка. Точната пресметка е дека е подобро да ја избереш вратата што ќе остане послем елиминацијата на другата неточна врата. Еве зошто.
Да речеме дека колата е позади вратата со број 1. Имаш 3 опции.
I - ја бираш првата врата. После тоа водителот ја елиминира втората врата (или третата, не е битно). Ако ти го промениш својот првичен избор - губиш.
II - ја бираш втората врата. После тоа водителот ја елиминира третата врата, што значи остануваат вратата што првично си ја избрал, и вратата позади која е колата. Ако ти го промениш својот првичен избор - добиваш.
III - ја бираш третата врата. После тоа водителот ја елиминира втората врата, што значи остануваат вратата што првично си ја избрал, и вратата позади која е колата. Ако ти го промениш својот првичен избор - добиваш.
Заклучок - имаш 66% за добивка ако го промениш својот избор после елиминација :baeh: