Масони

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Еве ти број од Живко Груевски, ама најозбилно.
02 309 3260
02 309 8560

Мене бројот на Живко Груевски ми треба како дупка во главата.

Ако има некоја убава ќерка, и ако го имаш нејзиниот број, тогаш може.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Рековме за првиот начин дека е недостапен, бидејќи реално не може да се дојде во контакт со масон, прво затоа што повеќето го кријат членството, второ затоа што реално се малку масони во Македонија.
Ако треба да дојде во контакт со масони - ќе дојде во контакт со масони. Оттаму и советот за поголема општествена активност.
Вториот начин, како да да испратиш биографија ако никој не ти одговори ниту на првичен мејл?
Ќе испратиш повторно мејл. И ќе чекаш. Трпението е доблест.
Сакал или нејќел, мора да признаеш дека масонеријата во Македонија е така поставена да примаат само богати и влијателни луѓе, судејќи по имињата за кои јас знам со сигурност дека се масони.
Да, затоа што ги знаеш имињата на личности кои се јавно познати. Бидејќи не го знаеш името на некој компјутерџија или некој што работи во банка или телеком (а не е директор) - твојот впечаток е дека само богати и влијателни се примаат.
Луѓево во ГЛМ поим немаат кој и каков е човекот, така да тоа за убавината не звучи многу убедливо. ;)
Параграф 22 ситуација. Ако не знаат кој е и каков е - зошто да му обрнуваат внимание. Повторно се враќаме на советот за зголемена активност во општеството, зарем не?
--- надополнето: 15 јули 2013 во 23:02 ---
Еве ти број од Живко Груевски, ама најозбилно.
02 309 3260
02 309 8560
Мислам дека е доста вулгарно на јавен форум да се објавува приватен контакт од кого и да е.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Ако треба да дојде во контакт со масони - ќе дојде во контакт со масони. Оттаму и советот за поголема општествена активност.

Ќе испратиш повторно мејл. И ќе чекаш. Трпението е доблест.

Да, затоа што ги знаеш имињата на личности кои се јавно познати. Бидејќи не го знаеш името на некој компјутерџија или некој што работи во банка или телеком (а не е директор) - твојот впечаток е дека само богати и влијателни се примаат.


Параграф 22 ситуација. Ако не знаат кој е и каков е - зошто да му обрнуваат внимание. Повторно се враќаме на советот за зголемена активност во општеството, зарем не?
Не е параграф 22 добар превод на catch 22. ;)

Види вака. Јас ти гарантирам дека мојот пријател е подобар човек од Живко Груевски. И ти гарантирам дека има феноменални познавања на историјата на масонеријата, и трето, ти гарантирам дека сака да влезе таму од најидеалистички причини.

Јас се изначитав од тебе овде фалоспеви за доблесноста на масоните, и сите ги прифатив, дури и кога беше очигледно дека правиш детски спинови. Ова ми е прв пат во животот да имам било каков контакт со начините на кои оперира масонеријата, и се испоставува дека во ГЛМ се нагнетени луѓе кои немаат никаква врска ниту со доблесност, нити со идеали, ниту со некаква мистика. АПСОЛУТНО никаква допирна точка. Напротив, се работи за најприземни индивидуи, со голема желба за моќ.

Се разбира дека на молбата на мојот пријател нема ниту да одговорат, ниту е директор на банка, ниту министер, ниту пратеник.

И те молам да не се лажеме, во ГЛМ се однесуваат како да го фатиле Големиот Архитект лично за бубрези. А нјасмешното е тоа што половина од ликовите таму не ни слушнале за изразот Големиот Архитект.

Една огрома фарса.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Не е параграф 22 добар превод на catch 22. ;)
Да, ама тоа е официјалниот превод на книгата.
Види вака. Јас ти гарантирам дека мојот пријател е подобар човек од Живко Груевски. И ти гарантирам дека има феноменални познавања на историјата на масонеријата, и трето, ти гарантирам дека сака да влезе таму од најидеалистички причини.
Пак ќе речам - како и многу други. Што го прави поразличен - зошто тој, а не некој друг (имајќи ги во предвид временските ограничувања)?
Јас се изначитав од тебе овде фалоспеви за доблесноста на масоните, и сите ги прифатив, дури и кога беше очигледно дека правиш детски спинови. Ова ми е прв пат во животот да имам било каков контакт со начините на кои оперира масонеријата, и се испоставува дека во ГЛМ се нагнетени луѓе кои немаат никаква врска ниту со доблесност, нити со идеали, ниту со некаква мистика. АПСОЛУТНО никаква допирна точка. Напротив, се работи за најпризмени индивидуи, со голема желба за моќ.
Се разбира дека на молбата на мојот пријател нема ниту да одговорат, ниту е директор на банка, ниту министер, ниту пратеник.
Значи не го прочита последниот пост - токму обратното. Тоа што ти знаеш неколку звучни имиња, не значи дека се сите такви. Дали си чул некогаш за забар кој е масон? Или службеник во телеком? Или службеник во банка? Веројатно не - затоа што не си чул за нив како личности, а не затоа што нема членови на ГЛМ кои не се со таа професија.
И те молам да не се лажеме, во ГЛМ се однесуваат како да го фатиле Големиот Архитект лично за бубрези. А нјасмешното е тоа што половина од ликовите таму не ни слушнале за изразот Големиот Архитект.
Една огрома фарса.
Секој со своето видување за работите. Најсмешното сепак е тоа што не ги знаеш половина од ликовите таму, за да можеш да носиш таков заклучок.
 
M

Muranyi

Гостин
zidarski На каков начин ложата проверува и е сигурна дека кандидатот за иницијација не е атеист?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Да, ама тоа е официјалниот превод на книгата.

Пак ќе речам - како и многу други. Што го прави поразличен - зошто тој, а не некој друг (имајќи ги во предвид временските ограничувања)?

Се разбира дека на молбата на мојот пријател нема ниту да одговорат, ниту е директор на банка, ниту министер, ниту пратеник.
Значи не го прочита последниот пост - токму обратното. Тоа што ти знаеш неколку звучни имиња, не значи дека се сите такви. Дали си чул некогаш за забар кој е масон? Или службеник во телеком? Или службеник во банка? Веројатно не - затоа што не си чул за нив како личности, а не затоа што нема членови на ГЛМ кои не се со таа професија.


Секој со своето видување за работите. Најсмешното сепак е тоа што не ги знаеш половина од ликовите таму, за да можеш да носиш таков заклучок.[/quote]

Не е мое ниво да се расфрлам на јавен форум со имињата на ликови кои се во ГЛМ, а за кои со сигурност знам дека се таму. Од аспект на моралност, јас лично не би ги примил ни свињарник да чистат. Белосветски арамии, кои се збогатија за време на транзицијата, на сметка на народот, и кој истиот тој народ сега го третираат како робови.

И сега тие луѓе глумат елита, и плус се масони, затоа што во нивните глави е поврзано едното со другото. Мизерија во раскош. Ако си доблесен човек, за каков што верувам дека си, треба да се срамиш што си во исто друштво со нив, а не да ги нарекуваш браќа.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
zidarski На каков начин ложата проверува и е сигурна дека кандидатот за иницијација не е атеист?
Обично затоа се бара некој да го познава кандидатот подолго време. И затоа за кандидати за кои никој не гарантира, треба многу долго време.
--- надополнето: 15 јули 2013 во 23:36 ---
Не е мое ниво да се расфрлам на јавен форум со имињата на ликови кои се во ГЛМ, а за кои со сигурност знам дека се таму. Од аспект на моралност, јас лично не би ги примил ни свињарник да чистат. Белосветски арамии, кои се збогатија за време на транзицијата, на сметка на народот, и кој истиот тој народ сега го третираат како робови.

И сега тие луѓе глумат елита, и плус се масони, затоа што во нивните глави е поврзано едното со другото. Мизерија во раскош. Ако си доблесен човек, за каков што верувам дека си, треба да се срамиш што си во исто друштво со нив, а не да ги нарекуваш браќа.
Ако е така... а велиш дека пријателот твој е добар човек, на добар глас... зошто тогаш сака да се зачлени во друштво на вакви какви што ги опишуваш?!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Ако е така... а велиш дека пријателот твој е добар човек, на добар глас... зошто тогаш сака да се зачлени во друштво на вакви какви што ги опишуваш?!
Ти кажав дека ова е мојата перцепција на ГЛМ. Јас одамна веќе не верувам во самовили. Тој изгледа сеуште верува.

Инаку, очигледно е дека не си во право сега, па се обидуваш да се извадиш со ефтини финти. Ако сакаш, можеме и со имиња да дискутираме. Да претпоставиме дека Трифун Костовски е масон. Значи, да претпоставиме, не велам дека е, ниту дека не е. Дали ти сметаш дека тој е добар материјал за масон?

Колку луѓе настрадале на неговиот пат кон богатство? Дали мислиш дека тој е доволно доблесен да биде масон? И немој да ми одговараш дека не е твое да судиш, туку на Бог. Се разбира дека е твое да судиш кога си го бираш друштвото.
--- надополнето: 16 јули 2013 во 01:00 ---
Зидарски, каде исчезна, имаме уште да си поприкажеме на темата ГЛМ.

Да почнеме со Живко, тој е јавно деклариран масон, па не правиме грев што го споменуваме. Сигурно си го изгледал неговото интервју, во емисијата Во Центар.

Искрено, не ти беше срам кога го гледаше? Мене ми беше срам, по системот уби ме туџа срамота. Токлу помпезност, зачинета со чудовишна неписменост, одамна немам видено. Јас сум сигурен од твоите пишувања овде дека ти 3000 пати знаеш повеќе за масонеријата од овој лик. Ај да го оставиме настрана неговото незнаење, неговата патетична неспособност да состави сложена реченица, и неговата идиотска насмевка.

Верувај ми дека не познавам ниту еден човек кој има кажано убав збор за Живко. Арамија, измамник, никаквец, тоа се зборовите кои најчесто се асоцираат со Живко. Нели Масонот треба да биде на добар глас во општеството? На кој добар глас е оваа црна несреќа?

И сега Живко ли треба да биде моралната кичма на Македонија? Мислам, навистина убива комиката на ситуацијата.

Јас, врз основа на членството на ГЛМ, можам само да заклучам дека масонеријата наспроти декларираните цели и морални принципи, се состои од група на луѓе кои имаат многу поприземни цели, и на кои страшно им одговара вмреженоста во системот за остварување на тие цели.

За Трифун, само уште збор два. Беше градоначалник на Скопје, и во колективнта меморија на скопјани ќе остане запаметен како најлошиот градоначалник во историјата. Наместо да направи нешто за градот, тој плаќаше композитори за да му прават поп песни, и излегуваше на ТВ и ги пееше. :facepalm: Не знаеш која мизерија беше тоа. На 50-60 години си ги лечеше фрустрациите од младоста.

Тој ти е брат Зидарски, со него сакаш во иста група да бидеш? И со Жиката?
 
M

Muranyi

Гостин
Обично затоа се бара некој да го познава кандидатот подолго време. И затоа за кандидати за кои никој не гарантира, треба многу долго време.
Дали кандидадот е под присмотра 24 часа и со самата желба да биде примен во масонска ложа престанува да има приватен живот?И како би биле сигурни дека не е хипокрит,волк во овча кожа кој е на се спремен само за да биде примен меѓу масоните?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Зидарски, каде исчезна, имаме уште да си поприкажеме на темата ГЛМ.
Имам и други активности, надвор од форумов :), плус голема временска разлика .
Верувај ми дека не познавам ниту еден човек кој има кажано убав збор за Живко. Арамија, измамник, никаквец, тоа се зборовите кои најчесто се асоцираат со Живко. Нели Масонот треба да биде на добар глас во општеството? На кој добар глас е оваа црна несреќа?
Немам намера да бидам апологет на ГЛМ (особено што не сум нивни член) - но ми е смачено од вакви муабети. Секој успешен човек мора да биде арамија, измамник - затоа што оние што не се успешни мора на некаков начин да си го оправдаат тоа што тие не се. Најлесно оправдување е - јас сум неуспешен затоа што сум чесен, само арамии успеваат.
Од каде ти ги знаеш духовните и моралните цели на Груевски? Си разговарал ли некогаш со него, си имал ли лично искуство со него, си имал ли можност со него да споделиш некоја идеја, мисла, било што? Претпоставувам не. Само што е многу лесно да се напаѓа по форуми, затоа што нема никаква последица од тоа.
Заради вакви работи не сакам да навлегувам во дискусии за конкретни луѓе - секој си има свое мислење, и според мене е сосема бесмислено да се обидува човек да го промени тоа мислење. Низ целата дискусија се обидувам да се држам до генерални принципи на масонеријата и да дискутирам само за нив (иако и самиот сум понекогаш виновен за напади врз некои автори, но и тогаш се трудам да се држам до напад на нивните дела, а не до самите нив - ако некогаш не успевам во тоа - моја грешка).
--- надополнето: 16 јули 2013 во 05:39 ---
Дали кандидадот е под присмотра 24 часа и со самата желба да биде примен во масонска ложа престанува да има приватен живот?
Не знам од каде го заклучи ова?!
И како би биле сигурни дека не е хипокрит,волк во овча кожа кој е на се спремен само за да биде примен меѓу масоните?
Се случува да се примат и погрешни луѓе. Кога ќе се открие нивната вистинска кожа - се исклучуваат од братството, порано или подоцна.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.516
Поени од реакции
33.694
zidarski, има ли ранкови во ова движење? И дали смееш да му збориш на Џеј Зи?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Немам намера да бидам апологет на ГЛМ (особено што не сум нивни член) - но ми е смачено од вакви муабети. Секој успешен човек мора да биде арамија, измамник - затоа што оние што не се успешни мора на некаков начин да си го оправдаат тоа што тие не се. Најлесно оправдување е - јас сум неуспешен затоа што сум чесен, само арамии успеваат.
Немаш намера, но се однесуваш како да си нивни апологет, се во духот на братството и солидарноста помеѓу масоните, истиот дух кој во случајот ја компромититра твојата доблесност. Не знам колку си запознаен со настаните во Македонија последните 20 години, и не знам дали воопшто разбираш што значи транзиција. 99% од транзициските богаташи се арамии, значи АРАМИИ. И да, многу од нив се масони во ГЛМ. Лесно е да се седи во удобноста на својот дом некаде во Канада, во сигурноста која ја дава разработениот бизнис и врските обезбедени од членството во масонеријата, и да се кажуваат големи зборови за доблесноста на масоните. Реалноста во Македонија е многу поразлична од шестари и регалии. Реалноста вели дека многумина од членовите на ГЛМ силно придонесоа за материјалниот и моралниот крах на овој народ, а сега глумат елита. Додуша, интелектуална елита не можат ниту да глумат, затоа што ниакви пари на светот не можат да покријат нечија интелектуална беда.

За мојата успешност или неуспешност, по твојата логика, од каде ти знаеш дали сум успешен или неуспешен? :) Ако сакаш да си играме психологија, можам уште еднаш да ја извртам твојата логика, и да речам како секој арамија вели дека нападот на него од страна на неарамиите е последица на логиката на лисицата околу киселото грозје, и дека тоа е одбранбен механизам на арамиите.

Од каде ти ги знаеш духовните и моралните цели на Груевски? Си разговарал ли некогаш со него, си имал ли лично искуство со него, си имал ли можност со него да споделиш некоја идеја, мисла, било што? Претпоставувам не. Само што е многу лесно да се напаѓа по форуми, затоа што нема никаква последица од тоа.
Не сум разговарал никогаш со Груевски. Избегна да ми дадеш одговор на прашањето, дали тебе ти беше срам кога го гледаше неговото интервју? Мислиш дека се кријам зад анонимноста на никот и плукам по форуми? :)
Ако ти требаат моите лични податоци, слободно пиши ми ПП, и веднаш ќе ти ги испратам. Ако сакаш, по масонска линија договори ми муабет со Жиката или Трифунчо, и ќе има кажам што мислам за нив, очи во очи. Се разбира, ако не им е под чест да разговараат со некој профан. :facepalm: Ти гарантирам дека тој разговор, во интелектуална смисла, и за Жиката и за Трифунчо, ќе биде најсветлиот момент во нивните животи.;)

Заради вакви работи не сакам да навлегувам во дискусии за конкретни луѓе - секој си има свое мислење, и според мене е сосема бесмислено да се обидува човек да го промени тоа мислење. Низ целата дискусија се обидувам да се држам до генерални принципи на масонеријата и да дискутирам само за нив (иако и самиот сум понекогаш виновен за напади врз некои автори, но и тогаш се трудам да се држам до напад на нивните дела, а не до самите нив - ако некогаш не успевам во тоа - моја грешка).

Не сакаш да навлегуваш во дискусија за конкретни луѓе, туку секогаш заборуваш во апстракции за доблесноста на масонеријата. Кога таа доблесност ќе ја видиме отелотворена во конкретни луѓе, наеднаш го губи својот сјај, и добива арома на арамилук, ситни интереси, желба за моќ, и други не толку блескави особини. Потполно те разбирам што не сакаш да зборуваш за конкретни луѓе. Да живеат апстракциите и соништата. Сите масони се доблесни, полни со желба за напредок на човештвото, освен овие конкретните за кои нели не е убаво да се разговара.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Лесно е да се седи во удобноста на својот дом некаде во Канада, во сигурноста која ја дава разработениот бизнис и врските обезбедени од ччленството во масонеријата, и да се кажуваат големи зборови за добесноста на масоните.
Токму за ова зборувам - зошто веднаш претпоставката дека врските обезбедени од членството во масонеријата ми даваат некаква сигурност? Сум се изнаслушал до сега како "ма ете, он има успешен бизнис пошто е масон", "масоните нему му помогнаа да оди во Канада", "ако не беше масон, ќе се мучеше и он као нас"... и ред такви муабети... А никој да му текне дека не бев масон кога дојдов тука, или дека бизнисот сум си го развил сам, без да имам потреба од било какви масонски врски за истиот. Туѓиот успех секогаш треба да е незаслужен, а личниот неуспех секогаш мора да е оправдан. Премногу честа приказна во МК е ова - на сите нива.
За мојата успешност или неуспешност, по твојата логика, од каде ти знаеш дали сум успешен или неуспешен? :)
***
Ти гарантирам дека тој разговор, во интелектуална смисла, и за Жиката и за Трифунчо, ќе биде најсветлиот момент во нивните животи.;)
Само претпоставив - надменоста не е одлика на успешен човек, уште помалку на интелектуалец... а може грешам...

Муабетов премногу се врти кон рассудување за конкретни живи личности во Македонија и во таква дискусија не сакам да навлегувам - без разлика дали се масони или не.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Токму за ова зборувам - зошто веднаш претпоставката дека врските обезбедени од членството во масонеријата ми даваат некаква сигурност? Сум се изнаслушал до сега како "ма ете, он има успешен бизнис пошто е масон", "масоните нему му помогнаа да оди во Канада", "ако не беше масон, ќе се мучеше и он као нас"... и ред такви муабети... А никој да му текне дека не бев масон кога дојдов тука, или дека бизнисот сум си го развил сам, без да имам потреба од било какви масонски врски за истиот. Туѓиот успех секогаш треба да е незаслужен, а личниот неуспех секогаш мора да е оправдан. Премногу честа приказна во МК е ова - на сите нива.


Само претпоставив - надменоста не е одлика на успешен човек, уште помалку на интелектуалец... а може грешам...

Муабетов премногу се врти кон рассудување за конкретни живи личности во Македонија и во таква дискусија не сакам да навлегувам - без разлика дали се масони или не.
Стрижена бричена. Кога си притеснет и приморан да излезеш од апстракциите, и кога треба да на конкретни примери ја видиме доблесноста на масоните, ти наеднаш не сакаш да разговараш за тоа. Симптоматично, зарем не?

Интелектуалната надменост сум ја заслужил, многу повеќе отколку масоните во Македонија нивните богатства. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom