Ако е така... а велиш дека пријателот твој е добар човек, на добар глас... зошто тогаш сака да се зачлени во друштво на вакви какви што ги опишуваш?!
Ти кажав дека ова е мојата перцепција на ГЛМ. Јас одамна веќе не верувам во самовили. Тој изгледа сеуште верува.
Инаку, очигледно е дека не си во право сега, па се обидуваш да се извадиш со ефтини финти. Ако сакаш, можеме и со имиња да дискутираме. Да претпоставиме дека Трифун Костовски е масон. Значи, да претпоставиме, не велам дека е, ниту дека не е. Дали ти сметаш дека тој е добар материјал за масон?
Колку луѓе настрадале на неговиот пат кон богатство? Дали мислиш дека тој е доволно доблесен да биде масон? И немој да ми одговараш дека не е твое да судиш, туку на Бог. Се разбира дека е твое да судиш кога си го бираш друштвото.
--- надополнето: 16 јули 2013 во 01:00 ---
Зидарски, каде исчезна, имаме уште да си поприкажеме на темата ГЛМ.
Да почнеме со Живко, тој е јавно деклариран масон, па не правиме грев што го споменуваме. Сигурно си го изгледал неговото интервју, во емисијата Во Центар.
Искрено, не ти беше срам кога го гледаше? Мене ми беше срам, по системот уби ме туџа срамота. Токлу помпезност, зачинета со чудовишна неписменост, одамна немам видено. Јас сум сигурен од твоите пишувања овде дека ти 3000 пати знаеш повеќе за масонеријата од овој лик. Ај да го оставиме настрана неговото незнаење, неговата патетична неспособност да состави сложена реченица, и неговата идиотска насмевка.
Верувај ми дека не познавам ниту еден човек кој има кажано убав збор за Живко. Арамија, измамник, никаквец, тоа се зборовите кои најчесто се асоцираат со Живко. Нели Масонот треба да биде на добар глас во општеството? На кој добар глас е оваа црна несреќа?
И сега Живко ли треба да биде моралната кичма на Македонија? Мислам, навистина убива комиката на ситуацијата.
Јас, врз основа на членството на ГЛМ, можам само да заклучам дека масонеријата наспроти декларираните цели и морални принципи, се состои од група на луѓе кои имаат многу поприземни цели, и на кои страшно им одговара вмреженоста во системот за остварување на тие цели.
За Трифун, само уште збор два. Беше градоначалник на Скопје, и во колективнта меморија на скопјани ќе остане запаметен како најлошиот градоначалник во историјата. Наместо да направи нешто за градот, тој плаќаше композитори за да му прават поп песни, и излегуваше на ТВ и ги пееше.
![Facepalm :facepalm: :facepalm:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/emot/facepalm.gif)
Не знаеш која мизерија беше тоа. На 50-60 години си ги лечеше фрустрациите од младоста.
Тој ти е брат Зидарски, со него сакаш во иста група да бидеш? И со Жиката?