Масони

Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Имаш информации колку членови брои ГЛМ? И јас го слушнав истиот муабет за ГЛМ, дека ако не си некој важен лик во светот на бизнисот или политиката, нема пристап кон ГЛМ.
Тоа обично се прераскажува од луѓе кои не успеале да влезат, па им треба некакво објаснување. Многу често муабетов го слушам и од луѓе што не ни пробале да се зачленат. :)
Како да дојде во контакт со масон, ако повеќето масони во Македонија ја кријат својата припадност во масонеријата?
Со многу време, труд и активност во општеството.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Тоа обично се прераскажува од луѓе кои не успеале да влезат, па им треба некакво објаснување. Многу често муабетов го слушам и од луѓе што не ни пробале да се зачленат. :)

Со многу време, труд и активност во општеството.
Вака сега, верувај ми дека не сакам да се надмудруваме, човеков има практичен проблем.

Што значи ова со труд и активност во општеството? Мене пак ми личи одговорот на направи многу пари, па ќе дојдеш во контакт со масони.

Дали може да се оди директно во просториите на ложата со молба за прием?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
И уште едно прашање, дали Македонец може да аплицира на пример во буграската ложа, иако има ГЛ во Македонија?
Само ако живее постојано (или привремено, но на подолг рок) во Бугарија. Ако само оди на посети и слично - не може. Дури и да аплицира таму - процесот на апликација е речиси идентичен.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Само ако живее постојано (или привремено, но на подолг рок) во Бугарија. Ако само оди на посети и слично - не може. Дури и да аплицира таму - процесот на апликација е речиси идентичен.
ОК, благодарам, ајде ако не те мрзи, одговори ми и на последниот пост.

:)
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Вака сега, верувај ми дека не сакам да се надмудруваме, човеков има практичен проблем.
Воопшто не се надмудруваме. Мојот одговор беше многу конкретен, ќе го објаснам подолу/
Што значи ова со труд и активност во општеството? Мене пак ми личи одговорот на направи многу пари, па ќе дојдеш во контакт со масони.
Дали ти мислиш дека активноста во општеството е врзана исклучиво со пари и политика?! Ако е така - тогаш имаш доста згрешени животни принципи.
Ајде да го поставам прашањето поинаку - зошто да го примат токму твојот пријател? Многу едноставно - зошто? Затоа што е добар човек, на добар глас? Како тоа го разликува од стотици други кандидати - и зошто баш нему да му се даде предност? Што го одликува него по било каков начин од стотици други кандидати, па на нему да му се обрне повеќе внимание?
Дали може да се оди директно во просториите на ложата со молба за прием?
Не.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Дали ти мислиш дека активноста во општеството е врзана исклучиво со пари и политика?! Ако е така - тогаш имаш доста згрешени животни принципи.
Ајде да го поставам прашањето поинаку - зошто да го примат токму твојот пријател? Многу едноставно - зошто? Затоа што е добар човек, на добар глас? Како тоа го разликува од стотици други кандидати - и зошто баш нему да му се даде предност? Што го одликува него по било каков начин од стотици други кандидати, па на нему да му се обрне повеќе внимание?
Јас не мислам конкретно ништо на темата, како што знаеш јас сум атеист, и немам никаква амбиција за членство во масонеријата.

Сега повторно ги разгледав условите за прием, и таму никаде не пишува дека кандидатот треба посебно да се одликува со нешто за да биде примен. Условите се доста општи, и многумина ги исполнуваат. Сега велиш дека има и додатни услови кои никаде не се запишани?

ЗА МАСОНИТЕ - КОЈ МОЖЕ ДА ПРИСТАПИ?


  • Членството е слободно за мажи (од сите вероисповести) кои го почитуваат законот, да имаат добар карактер и да ја потврдат вербата во Бога. Масонеријата е мулти-расна и мултикултурна организација. Таа има привлечено добронамерни луѓе од сите сектори на општеството за свои членови.
 

Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
Вакви патетики стануваат досадни. Аман веќе од муабетот "доколку дозволат масоните да излезе во јавност". Ако беше така - дали мислиш дека ти ќе пишуваше тука на јавен форум, каде што еден куп луѓе кои го администрираат форумот имаат увид кој си и од каде пишуваш и можат да избришат или корегираат се што си напишал? Дали мислиш дека ќе имаше илјадници книги напишани против масонеријата? Дали мислиш дека Ајк ќе може да објавува книги и да наплаќа по 30 до 60 илјади долари по говор, ако масонеријата е таква каква што ја опишува самиот тој? Ако масонеријата е таква каква што ја опишува - ниту ти, ниту било кој ќе знаеше за Ајк, а тој никогаш во живот немаше да објави ништо - туку веројатно ќе беше затворен во некоја институција. Лео Таксил ти е многу погрешен пример - си прочитал ли оригинални дела од него или само прераскажани од современи автори? Прочитај ги оригиналите - баш ме интересира што мислиш за делот каде што опишува како се запознал со Алберт Пајк - летајќи на метла со вештерка, прелетувајќи го океанот и влегувајќи во пеколот... мхм, да. Само што современите прераскажувачи милуваат да ги прескокнат таквите делови - исто како што ги прескокнуваат на Ајк книгите околу рептилите и слични измислици - кои всушност се основа на тоа што го пишува... Така е и муабетов за 72000 години - ќе ги вадиме од бунар муабетите, се додека ни звучат "логично", а всушност - не е ништо друго, туку ни звучат поинтересно од вистината.
Не примети ли дека постот го напишав со иронија?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Јас не мислам конкретно ништо на темата, како што знаеш јас сум атеист, и немам никаква амбиција за членство во масонеријата.

Сега повторно ги разгледав условите за прием, и таму никаде не пишува дека кандидатот треба посебно да се одликува со нешто за да биде примен. Условите се доста општи, и многумина ги исполнуваат. Сега велиш дека има и додатни услови кои никаде не се запишани?
Условите се доста јасни, но секоја ложа може да прими само ограничен број на членови. За секој прием, треба да се направи целосна церемонија и потоа секој кандидат да ги помине сите три степени. Секоја ложа има само одреден број на состаноци во текот на годината - така што бројот на членови кои може да ги прими е доста мал. Во МК има само 4 ложи.
Така што - зошто твојот пријател би скокнал преку редот? Има стотици луѓе кои аплицираат секојдневно. Се разбира дека некој кој се истакнува ќе биде полесно забележан. Кога се објавува оглас за работа - се објавува минимум услови. Кога ќе се јават сто кандидати со истите услови - се бираат оние кои се смета дека ќе бидат најдобри за таа позиција. Со што е твојот пријател подобар од другите? Со што се има истакнато по било кој начин? Не треба мене да ми го одговори ова - пред се, треба сам на себе да си одговори.
--- надополнето: 15 јули 2013 во 22:26 ---
Не примети ли дека постот го напишав со иронија?
А бе јас да си кажам... :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Условите се доста јасни, но секоја ложа може да прими само ограничен број на членови. За секој прием, треба да се направи целосна церемонија и потоа секој кандидат да ги помине сите три степени. Секоја ложа има само одреден број на состаноци во текот на годината - така што бројот на членови кои може да ги прими е доста мал. Во МК има само 4 ложи.
Така што - зошто твојот пријател би скокнал преку редот? Има стотици луѓе кои аплицираат секојдневно. Се разбира дека некој кој се истакнува ќе биде полесно забележан. Кога се објавува оглас за работа - се објавува минимум услови. Кога ќе се јават сто кандидати со истите услови - се бираат оние кои се смета дека ќе бидат најдобри за таа позиција. Со што е твојот пријател подобар од другите? Со што се има истакнато по било кој начин? Не треба мене да ми го одговори ова - пред се, треба сам на себе да си одговори.
Што значи да се истакнеш? Со што на пример ти си се истакнал за да станеш масон? Дали сите масони на светот се истакнале некако за да станат масони?

Може да елаборираш малку?

Плус, сметам дека неодговарање на крајно учтив мејл, со барање за информации околу приемот е чин на ароганција и домашно невоспитување.
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Што значи да се истакнеш? Со што на пример ти си се истакнал за да станеш масон? Дали сите масони на светот се истакнале некако за да станат масони?

Може да елаборираш малку?

Плус, сметам дека неодговарање на крајно учтив мејл, со барање за информации околу приемот е чин на ароганција и домашно невоспитување.
Имам познаници во теќето во Гази Баба. Што ќе му фали на пријателот да стане дервиш наместо масон?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Што значи да се истакнеш? Со што на пример ти си се истакнал за да станеш масон? Дали сите масони на светот се истакнале некако за да станат масони?

Може да елаборираш малку?

Плус, сметам дека не одговарање на крајно учтив мејл, со барање за информации околу приемот е чин на ароганција и домашно невоспитување.
Во ГЛМ има еден вработен - кажи ми како тој да постигне да одговори на стотици мејлови дневно? Никаде на страницата не стои дека ќе одговорат на секој е-маил.
Има два начина да се зачлени човек. Еден е преку некој пријател кој е веќе масон. Пријателот смета дека ти ќе бидеш добар кандидат и е спремен да те спонзорира (ако ти искажеш интерес). Ти се имаш истакнато во очите на пријателот со нешто - па тој смета дека ќе бидеш добар кандидат.
Другиот начин е да се аплицира директно до ложата (јас така аплицирав) - и ложата да прецени врз основа на твојата биографија, однесување, итн - дали си погоден за член. Муабетот за активност во општеството не го кажувам напамет, а врз основа на сопственото искуство и искуството на луѓе кои се зачлениле во разни ложи (вклучително во ГЛМ). Кога живееш во земја со стотици ложи, се разбира дека е полесно и побрзо, но во земја со 4 ложи - треба време, трпение и многу работа.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.717
Поени од реакции
11.785
Може не им работи мејлот или нема кој да го отвори.
Треба да постават неколку мејлови, до Мајсторот, до секретар, до веб администраторот...
Треба да си ги обноват податоците на таа стара страница како библија!

И тие масони - еден електро-инжињер да се немало :D
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Освен тоа има едно старо правило - the beauty is the eye of the beholder. Тоа што на тебе (па и на мене) може да ни изгледа како добар кандидат - на некој друг може да не му изгледа така.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Во ГЛМ има еден вработен - кажи ми како тој да постигне да одговори на стотици мејлови дневно? Никаде на страницата не стои дека ќе одговорат на секој е-маил.
Има два начина да се зачлени човек. Еден е преку некој пријател кој е веќе масон. Пријателот смета дека ти ќе бидеш добар кандидат и е спремен да те спонзорира (ако ти искажеш интерес). Ти се имаш истакнато во очите на пријателот со нешто - па тој смета дека ќе бидеш добар кандидат.
Другиот начин е да се аплицира директно до ложата (јас така аплицирав) - и ложата да прецени врз основа на твојата биографија, однесување, итн - дали си погоден за член. Муабетот за активност во општеството не го кажувам напамет, а врз основа на сопственото искуство и искуството на луѓе кои се зачлениле во разни ложи (вклучително во ГЛМ). Кога живееш во земја со стотици ложи, се разбира дека е полесно и побрзо, но во земја со 4 ложи - треба време, трпение и многу работа.
Рековме за првиот начин дека е недостапен, бидејќи реално не може да се дојде во контакт со масон, прво затоа што повеќето го кријат членството, второ затоа што реално се малку масони во Македонија.

Вториот начин, како да да испратиш биографија ако никој не ти одговори ниту на првичен мејл?

Сакал или нејќел, мора да признаеш дека масонеријата во Македонија е така поставена да примаат само богати и влијателни луѓе, судејќи по имињата за кои јас знам со сигурност дека се масони.

Колку и романтично да звучи приказната за претседателот и шоферот, тоа во Македонија е далеку од вистината.
--- надополнето: 15 јули 2013 во 22:44 ---
Освен тоа има едно старо правило - the beauty is the eye of the beholder. Тоа што на тебе (па и на мене) може да ни изгледа како добар кандидат - на некој друг може да не му изгледа така.
Луѓево во ГЛМ поим немаат кој и каков е човекот, така да тоа за убавината не звучи многу убедливо. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom