Вакви патетики стануваат досадни. Аман веќе од муабетот "доколку дозволат масоните да излезе во јавност". Ако беше така - дали мислиш дека ти ќе пишуваше тука на јавен форум, каде што еден куп луѓе кои го администрираат форумот имаат увид кој си и од каде пишуваш и можат да избришат или корегираат се што си напишал? Дали мислиш дека ќе имаше илјадници книги напишани против масонеријата? Дали мислиш дека Ајк ќе може да објавува книги и да наплаќа по 30 до 60 илјади долари по говор, ако масонеријата е таква каква што ја опишува самиот тој? Ако масонеријата е таква каква што ја опишува - ниту ти, ниту било кој ќе знаеше за Ајк, а тој никогаш во живот немаше да објави ништо - туку веројатно ќе беше затворен во некоја институција. Лео Таксил ти е многу погрешен пример - си прочитал ли оригинални дела од него или само прераскажани од современи автори? Прочитај ги оригиналите - баш ме интересира што мислиш за делот каде што опишува како се запознал со Алберт Пајк - летајќи на метла со вештерка, прелетувајќи го океанот и влегувајќи во пеколот... мхм, да. Само што современите прераскажувачи милуваат да ги прескокнат таквите делови - исто како што ги прескокнуваат на Ајк книгите околу рептилите и слични измислици - кои всушност се основа на тоа што го пишува... Така е и муабетов за 72000 години - ќе ги вадиме од бунар муабетите, се додека ни звучат "логично", а всушност - не е ништо друго, туку ни звучат поинтересно од вистината.