Здраво на сите !
somoteitbe , пишуваш дека секој масон станал масон барајќи ги вредностите кои успеал да ги пронајде во своето братство. Читајќи ја оваа тема , и од мое лично искуство , би кажал дека човекот-масон решен да трага по Вистината дошол до тој круг на луѓе(братството) и од таму добива гледиште дека тоа е патот на Вистината , патот со Светлината. Ги ценам многу и почитувам чесните намери на луѓето кои ја бараат Вистината и не прифаќаат ништо освен самата Вистина.
Тоа е доста блиску до луѓето кои ја бараат својата духовност и заминуваат во Индија да ја пронајдат , што многу зачести во 90-те години минатиот век , како да конвергираше човечката душа кон Индија. Не е случајно во никој случај ,нели ?!
Сепак Индија е само еден пример како човекот се бара себе си , ја бара вистината.
Според мене , на нашиов ни Запад , тоа се масоните на овој дел од светот.
Истото и Македонските Темплари го бараат, само што пред извесна година се официјализирани. Сите трагаат по својата духовна внатрешност.
Би сакал да знам кој е проблемот помеѓу Македонските ТЕМПЛАРИ И МАСОНИ ???
Зошто темпларите не ги сакаат масоните, или во неколку прочитани текстови од нивни членови , повеќе пати го сретнав како го потенцираат зборот : АнтиМасонски !!!
Зошто и кој се темпларите да ги дефинираат масоните како ЗЛО на овој свет ,а зошто тогаш тие би биле доброто во случајов ???
Дали е вистина дека масоните произлегле од темпларите ???
Да бидам вистински разбран , не сум против масоните ниту против темпларите.
И ги почитувам нивните членови кои Вистината и само Вистината ја бараат !!!
НО доволно од нив со повисоки степени , барем тие што се на чело на македонските ложи , не се луѓе на кои јас би им верувал !!!! И да ги сакам , неможам да им Верувам,самите тоа го прават.
Искрено мислам дека има многу Вистински масони со вистинска искрена цел кои се злоупотребени од масоните од високиот ред.
Инаку ќе потврдам дека за да бидеш масон немора да си материјално моќен човек. Јас бар знам неколку луѓе кои се масони , а не се финансиски моќници , туку едноставно луѓе кои успеале да се изреализираат себеси. Е за тие луѓе ми е криво и жал оти се искористени и мислам дека се искористени , како што и спомнав малку погоре ! . Ако е поинаку , би сакал да слушнам како е и зошто е така . !?
Многу поздрави до сите.
Ова ми е прв пост , и невероватно долг пост за мене.
БлагоДарам на секој што ќе го прочита.