- Член од
- 22 февруари 2010
- Мислења
- 19
- Поени од реакции
- 1
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
potrebni mi se filmovi za masonite koi mozi da se svati nivnata funkcija rabotenje itn cekam......
Твоите приговори се темелат на погрешни основи (или по благо кажано на основи кои се недокажани, а ти ги земаш здраво за готово)Овие идеали се всушност истите идеали на Волтер и просветителството, на кои Масонеријата не може да полага никаков ексклузивитет. Меѓутоа, тешко е да се увиди како овие идеали имаат врска со религиозноста и како религиозниот човек би се залагал за нив. Напротив, организираните религии се најчесто најголемата препрека за остварувањето на овие идеали. Моралноста на еден човек која се базира на страв од казната, е морално победна од моралноста на која човек ја базира на едноставниот Сократовски постулат дека разумното = доброто. Токму таквите луѓе се способни да ги изнесаат овие идеали на своите плеќи, а не уплашени креатури кои својата моралност ја базираат на стравот од Бог. Не постои никаков доказ дека религиозните луѓе се поморални од атеистите, историјата забележала атеисти со исклучителни морални вредности. Барух Спиноза и Вилијам Џемјс, основачот на прагматизмот се првите кои ми доаѓаат на памет. Што е поентата? Едноставно тоа дека за остварување на тие овосветовни, надворешни идеали, религиозноста на кандидатите не е потребна, напротив претставува терет за носење.
Јас мислев дека ќе имаш повеќе приговори на вториот дел од постот, околу езотеријата.Твоите приговори се темелат на погрешни основи (или по благо кажано на основи кои се недокажани, а ти ги земаш здраво за готово)
- една од нив:
Тврдиш дека моралноста на верниците се базира врз страв од казна, а моралноста на неверниците се базира врз некакво прифаќање на сократовскиот постулат. Од тука тргнуваш, и врз оваа основа (погрешна, според мене) постепено ги создаваш твоите приговори.
Многу слично на авторите на Хирамовиот Клуч.
три книги и начитан си за нив: Света Крв, Свети Грал Ли Бејџент и нез таму кои беа
Хирамовиот Клуч од Роберт Ломас и Кристофер Најт и Вториот месија исто од нив.![]()