Масони

КајганаНаОко

А така ли?
Член од
6 јули 2009
Мислења
28
Поени од реакции
0
Уствари,и масоните и илуминатите се борат меѓу себе за потполна власт...
А за масоните незнам многу само знам дека богати и познати луѓе се масони и илуминати...
Што мислите зашто беше застрелан тупак? Беше против илуминатите,беше масон..
За масоните мислам дека не се сатанисти како илуминатите но и тие имаат цел како New World Order...све по нивно ;)
 
Член од
26 мај 2011
Мислења
10
Поени од реакции
6
Може некој од декларираните масони на форумов да ми објасни дали масоните имаат некаква историја и пред 1717 година? И уште нешто, која е врската меѓу масоните и илуминатите? НАкратко може и благодарам однапред.

П.с. Извинете ако можеби повлекувам повторување на вашите одговори, ги прочитав сите страни може сум направила пропуст... :)
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Масонеријата постои долго пред 1717-та година.
Има три периоди. Првиот период е оперативниот - кога масонеријата постои во рамки на ѕидарските гилдии. Иако многу современи автори кои бркаат сензации го негираат овој период, сериозните проучувачи и историчари, докажуваат дека ѕидарските гилдии кои постојат и во антиката и во средно-вековието, не се едноставно мајсторски здруженија или работнички организации, туку се братства кои не служат само за обука на занаетчии, туку имаат и духовен елемент и пренесуваат езотерички знаења од една генерација на друга. Да, езотеричкиот елемент бил збогатен во средно-вековието, со вклучувањето на остатоците од Темпларите во рамки на ѕидарските ложи, но не почнал од нив. Неодамна се појавија докази дека првите организирани ѕидарски ложи, постоеле во древниот Египет (што совпаѓа доста со масонската легенда и многу објаснувања во самиот ритуал). Сепак - масонеријата не потекнува од Египетските мистерии, туку постоела паралелно со нив (да, сигурно има взаимно влијание, но не потекнуваат едно од друго).
Вториот период е преодниот период - од оперативни во спекулативни ложи. Овој процес почнува активно во крајот на 15-тиот век, иако има докази за присуство на не-ѕидари уште од 14-тиот век. Во овој период, се повеќе внимание се посветува на езотеричката обука на членовите, а се помалку е битен оперативниот елемент (пред се заради постепеното намалување на потребата од масивни камени градби низ Европа во тој период). Во овој период, почнува користењето на ѕидарските алати во спекулативен контекст, односно, секој алат што се употребува во ѕидарството (на пример длетото, чеканот, шестарот итн), добива свое симболичко значење. Во овој период се формираат масонските ритуали кои се користат и ден денес. Настануваат со комбинирање на езотеричкото знаење кое гилдиите го пренесуваат во форма на историски и морални лекции, со симболичкото толкување на алатките и симболите. Овој период трае до средината на 17-тиот век, кога масонеријата станува речиси целосно спекулативна, а оперативниот елемент е запоставен. Интересно е што исклучок од ова правило е Шкотска, родината на современата масонерија, каде оперативната и спекулативната масонерија продолжуваат да коегзистираат до самото формирање на Големата Ложа на Шкотска во 1736-та година, а Големиот Мајстор на оперативната гилдија (од кланот Синклер), станува Голем Мајстор на Големата Ложа.
Сепак, генерално е прифатено дека од средината на 17-тиот век, масонските ложи се спекулативни, односно не-оперативни. Овој период трае до 1717-та година, кога се формира првата Голема Ложа (во Лондон).
 
Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Зидарски имам едно прашање за тебе и можеби негде назад е одговорено веќе , но многу страни се за разгледување
Какви квалификации , богатство , учење , возраст или било каква способност се потребни за да станиш член во масонската ложа во македонија т.е масон
однапред благодарам
 
Член од
25 ноември 2010
Мислења
156
Поени од реакции
149
Како што знам, кандидатот треба да е добро ситуиран и да може сам да се издржува, но исто така мислам дека постојат некакви трошоци кон ложата. Нешто детално околу тоа? Какви се трошоците кон ложата и која е намената на истите?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Не знам што точно значи терминот "добро ситуиран", затоа што секој има различна дефиниција за тоа. Да, кандидатот треба сам да се издржува себе си и оние кои зависат од него (станува збор ако има деца, сопруга или родители кои зависат од него).
Трошоци кон ложата има - тоа е годишна членарина, како и во секоја друга организација. Членарината е за да се покријат трошоците за функционирање - сметки и одржување за просторијата во која се одвиваат состаноците (наем ако се зема под наем, или сметки, даноци и слично ако е ложата сопственик на просториите), трошоци на Големата Ложа, трошоци за комуникација со членовите итн. Како што реков - исто како и во секоја друга организација. Сумата е различна во секоја ложа (не се одлучува на ниво на Голема Ложа, туку секоја ложа поединечно). Тука, во Канада, просекот е околу 150-200 долари годишно. Во мојата ложа членарината сега е 175 долари, со што се покриваат трошоците целосно и во тоа е вклучена и вечерата пред секој состанок (што значи - 18 пати годишно), плус од тие пари се двојат многу често донации за разни добротворни цели.
Ложите на Балканот се помали, со помалку членови, па соодветно, трошокот по член е повисок, што значи членарината е повисока - не знам точно во Македонија колку е, никогаш не сум прашал, но во соседните земји се движи околу 200-250 евра годишно. Во Турција е околу 300 евра годишно. Вечерите обично се плаќаат дополнително.
 
Значи горе долу тоа е тоа пошо мислев дека си член во ложата во Македонија.
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Не знам дали сеуште е активна темата. Но едно прашање до ѕидарски или somoteitbe. Се сеќавам, беше спомнато некаде низ темава за Ротари клубовите, но не можам точно да најдам. Во кратки црти, ме интересира дали постојат пречки за членување во двете организации ?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Не постојат пречки - двете организации не се поврзани по никаков начин.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34
Токму така ,како што кажа Зидарски не постојат никакви пречки..
ПС Сега кај нас во МК е трендовски да се членува во Ротари клубот иако од лично искуство познавајки некои локални ротаријанци искрено не верувам дека се спремни да ги спроведуваат начелата и принципите на ротаријанството за кои (од прочитаното имам позитивен став ) се обврзани оти ако еден човек не е на добар глас ниедно здружение не може да го избрише неговото минато.
 
Член од
26 мај 2011
Мислења
10
Поени од реакции
6
Благодарам за исцрпниот одговор од зидарски...ако може да ми го одговорите и вториот дел на прашањето за поврзаноста меѓу масоните и илуминатите... big thanx
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
За илуминатите имам пишувано опширно тука... Почнуваат како дел од масонските ложи во Баварија, но набргу се забранети, првин од самите Големи Ложи, а потоа и од државата (во тоа време владетелот на Баварија самиот е масон), затоа што почнуваат да се занимаваат со политички и анти-религиозни дејности во самите ложи. Реално, многу бргу се распаѓаат, и немаат никакво влијание врз историјата или врз било што друго. За жал, тогашната шунд литература ги претвора во мистични фигури и приказната до ден денес се повторува и збогатува со детаљи.
Денес има многу групи што тврдат дека се илуминати, ама секој луд со своите приказни...
 
El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
Зидарски имам едно прашање за тебе и можеби негде назад е одговорено веќе , но многу страни се за разгледување
Какви квалификации , богатство , учење , возраст или било каква способност се потребни за да станиш член во масонската ложа во македонија т.е масон
однапред благодарам
Најчесто поднесителот треба да е над 18 години.
Роден како слободен човек.
Да е без било какви претходни кривични дела.
Мора да верува во безсмртноста на душата и во Врховно Битие (Supreme Being).
Мора да ги исполнува моралните, психичите и духовните квалификации.
Психичките се потребни за да може самиот слободно да ја направи својата животна одлука и да биде одговорен за себе и неговите најблиски.
Моралните се потребни за одржливост на било кое братство, како и на супериорните идеали на нашето општество.
Додека духовните, ја подржуваат структурата на масонеријата, и ја потврдуваат својата конзистентност со другите организации низ целиот свет.

P.S. се извинувам што "непоканет" и некомпетентен, одговарам ... :)
 
Член од
26 мај 2011
Мислења
10
Поени од реакции
6
Благодарам zidarski. Секоја чест што несебично и опширно одговараш на СИТЕ прашања и коментари на 200 страни :)
Мене ме интересира уште твоето лично мислење за "Хирамовиот клуч" и "Вториот месија" , бидејќи авторите (како што навеле) ги обработуваат вистините за масонството....како историја, ритуали, членство, цели...итн. Колку има вистини за масонството во овие книги?

Благодарам однапред и поздрав
 
Kajgana Shop

На врв Bottom