Zidarski дали масоните и катарите имале некаква поврзаност ? (ритуали, учење, сфаќања, дејствувања...)
И покрај многуте обиди на масони и анти-масони да докажат ваква врска - искрено, не сум сретнал до сега релевантен доказ или барем аргумент, а ниту сериозните проучувачи не ја прифаќаат таа теза.
Во различни периоди, светот се фасцинира од различни идеи. И се обидува се да им припише на тие идеи. Во 19-тиот век, сите се обидувале да докажат некаква врска со Египет, затоа што тоа било најмистично нешто во моментот и не доволно проучено. Денес, ако читаме книги на "познати" египтолози од 19-тиот век, ќе се смееме на нивните тврдења, затоа што новите откритија ги негираат нивните заблуди. Во 15-тиот и 16-тиот век, имало фасцинација со античка Грција и Рим. Во 70-тите години на 20-тиот век почна фасцинација со источните учења и култура. Во 90-тите почна фасцинација со Катарите и сите движења кои произлегле од нив (иако првите дела на таа тема се малку постари).
Основна причина за ваквата фасцинација е недоволната информација. Реално, за Катарите се знае многу малку и до скоро (20-30 години), речиси воопшто не се проучувани. Исто како и со сите останати периоди, и ова ќе одмине, кога ќе се собере доволно информација и кога ќе се открие нов извор на воодушевување
.