Заради временската разлика не стигнувам да одговорам кога се постираат прашањата, па мора на сите одеднаш...
Дали може една организација што има сопствен храм да нема сопствени начини на молење, ритуали, тоа знам дека го има, но дали ако сите овие работи ги има таа не станува религија?
Знам сега повторно ќе ми речеш дека тоа е веќе кажано и не знам што, но всушност, секогаш некако бегате од целната суштина на прашањата кои ви се поставуваат.
Навистина е објаснето зошто се користи терминот Храм. Има чисто симболичко значење - во чест на Храмот на Соломон, првиот Храм во чест на Бога, првиот "дом" на Бога. Прочитај во Стариот Завет, во книгата Цареви, има детално објаснување за тоа. Симболиката на Храмот е многу битна - тоа е чисто место, место каде што нема расправии, место каде што треба Бог да престојува - соодветно, нема место за пороци, гревови. Масоните го градат храмот во себе си, во сопствената душа, а физичкиот храм, каде се наоѓа ложата е само симболичка претстава на истиот - ништо повеќе. Во самиот масонски ритуал, масонскиот храм (зградата) никаде не се спомнува, ниту пак има било каква функција (за разлика од ложата, која се спомнува).
сега едно прашаже кое сакам да ми се одговори со да или не и ништо повеќе: ДАЛИ МАСОНИТЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ?
Не.
Ќе молам за едноставен одговор без превртување, и не те прашувам за да ми го кажеш она што јас не сакам или сакам да го слушнам, туку те прашувам за твоето внатрешно убедување, твое мислење во врска со ова.
Секогаш се обидувам да одговорам на едноставен начин - некој пат тоа не е толку лесно. Но на претходното прашање - ако бараш само одговор со да и не, одговорот е не (да, тука знам дека се разликува моето мислење од она што Груевски го даде во едно интервју - но за да објаснам зошто потребно е да пишам повеќе од да или не).
Во врска со тоа што беше погоре кажано, зарем не беше Џорџ Буш масон???
Не, никогаш не бил. И стариот и младиот се членови на Skull&Bones, тајна елитистичка организација, која нема врска со масонеријата.
Јас мислам дека и Обама е, но овие двајца се живи и вас ви е забрането да откривате за луѓе кои се живи, туку само за себе.
Многу луѓе мислеа дека Обама е - за на крај, Големата Ложа на Илиноис (и PHA и Mainstream) да излезе со јавна изјава дека не е.
Еве гледаш, ако е вистина тоа што го кажува сомотеидбе, сепак има повеќе степени, но мене ми гледа дека тој само блефира.
Има повеќе странични ордени на масонеријата, но не се повисоко од третиот степен. Највисокиот степен во масонеријата е третиот. Останатото е задлабочување во симболиката и значењето на третиот степен - и има десетици различни ордени низ кои може тоа да се направи. Пример само - во Шкотскиот ред, постои системот до 33 ти степен. Во Јорк орденот, има пак само 13 степени. Тоа во никој случај не значи дека некој кој е во Јорк орденот на 13-ти степен е пониско од оној кој е во Шкотскиот во 33ти степен - затоа што и едниот и другиот се само трет степен и ништо повеќе. Системот на бројките, ако човек не е внатре во самата организација за да го разбере како што треба - е доста збунувачки.
--- надополнето ---
Членовите на Светилиштето (Шрајнот) веруваат дека Бог го створил човекот за да се покорува на неговите намери, меѓу кои е и помошта на другите во Негово име.
Ова е првата ставка во која веруваат Шрајнерите.*
Хм...
Но за жал ништо древно, ни мистично (дури ни муслиманско, иако на прв поглед личи така) нема во овој ред, за разлика од останатите сериозни редови и ритуали (Јорк, Шкотскиот....).
Прилично плитка им е таа, да речам мистично езотерична страна.**
Кога би се интересирал за мистиката и во масонството, не би идел таму дефитивно.
Апсолутно се согласувам со ова.
Но сето тоа го надоместуваат со огромна посветеност во втората (од трите масонски активности) - милосрдието, во такви размери невидено во масонскиот, а и немасонскиот свет.
Да, една од најголемите донаторски организации во светот се - со стотици милиони годишно дадени за детски болници.
Сепак - ориентирани се само кон добротворноста, а орденот нема речиси никаква езотеричка нишка (не бил ни замислен да има).
--- надополнето ---
Ovi tri sliki se vo kukata koja se naoga na ulica zelengora br.12 vo przino skopska naselba za onie koj se od "USA"
GOLEMATA LOZA NA MAKEDONIJA PRED TRI NEDELI GO ODRZA SVOJOT GODISEN SOBOR I NA NEGO PRISUSTVUVAA DVAJCA MAJSTORI OD GOLEMATA LOZA NA FRANCIJA I NA ANGLIJA.SOBOROT SE ODRZA VO AMERIKANSKIOT KOLEC VO SKOPJE.
Е,и?!
--- надополнето ---
на пример, со оглед на тоа дека кај нас масонеријата е премногу млада, мене ме интересира дали нашата држава е водена од масонеријата? Не како поединци, туку како организација.
Не, ниту нашата, ниту било која држава се води од масонеријата како организација. Едноставно не е возможно - самиот механизам на функционирање на масонеријата не го дозволува тоа. Најпросто кажано - на практично ниво би било неизводливо такво нешто.
Колку масонеријата и помага на една држава и како? Во случајов да речеме за нашата држава?
Со усовршување на поединецот. Ако поединецот се усоврши, тој неминовно ќе доведе до усовршување на општеството. Ќе го цитирам пак Толстој - секој сака да го промени светот, никој не сака да се промени себе си. Масонеријата работи токму на тоа - на личната промена.
Колку што можам да видам на страната на ГЛМ, грчката ложа ја нема принзнаено
нашата регуларна ложа. Зошто?
[/QUOTE]
Сигурно името има голем удел во тоа. Ако грчката Голема Ложа ја признае ГЛМ, со тоа ќе застане против грчките национални интереси и ќе биде на штета на сопствениот народ (без разлика дали е тоа исправно или не). За да не се создава политичка ситуација од тоа - подобро е да остане вака. Грчката Голема Ложа веќе имаше многу големи проблеми заради вмешување во политика - во 90-тите беа исклучени од меѓународното братство (одземено беше признанието), што доведе речиси до гаснење на ложата таму, и подоцна до расцепување и до формирање на нова Голема Ложа, затоа што првата ја изгуби регуларноста. Причина беше вмешување во спорот со Кипар и давање на јавно мислење во врска со политичката ситуација таму. Тоа во регуларната масонерија - не се дозволува.
--- надополнето ---
MOJ BRAKA ZIDARSKI I SOMOTEITEBE BIDEJKI NE STE OD MAKEDONIJA ?! A NA FORUMOV STE DOSTA AKTIVNI POGOTOVO ZIDARSKI NA KOJ MU GI CITAV POSTOVITE I MALKU MI E CUDNO STO TAKA MASONI SAMO DOBRO INFORMIRANI LUGE KOJ IMAAT ZELBA DA STANAT MASONI.SE REGISTRIRAV NA FORUMOV SAMO DA PROVERAM DALI E TOA TAKA I NE SE IZLAZAV TOA GO DOZNAV SO EDNA RECENICA (zboruvam za zidarski)BRATU MOJ VO IDNINA?! PRVIN IZMERI PA POTOA SECI??
Ова веќе преминува секакви граници.
Inaku jas sum mason, i tatko mi e mason tolku za vas. Moze sega revoltirano ke pisuvate i ke kazuvate se i sesto no ne lazete deka ste masoni i deka ste minale nekakov pat da stanete masoni.
ZA KRATKO VREME KE DOBIJA ODGOVOR OD GOLEMATA LOZA NA KOJA TI TVRDIS DEKA SI CLEN Zidarski MAILOT KE GO VIDAT SITE, A AKO E POTVRDEN KE TREBA NA SITE DA IM SE IZVINIS. POZDRAV DO SITE NA FORUMOV OKOLU OVAA TEMA I NE SE TRUDETE MNOGU TEMAVA E DOSTA GOLEMA I STARA.
http://forum.kajgana.member.php?26103-somoteitbe
[/QUOTE]
Ако беше масон, првин немаше јавно да ги пишуваш глупостите од претходниот пост. Второ, ќе се претставеше на соодветен начин, како што тоа го пропишуваат правилата. Трето, немаше да го користиш конкретниот ник - кој што патем, очигледно е дека не можеш ни да сфатиш зошто е смешно и апсурдно самото тоа што го користиш...
Како тоа ќе провериш со мојата Голема Ложа? Ќе прашаш дали човек кој пишува со ник Зидарски (не презиме - тук ник), е член на нивната ложа?
Ако беше член на ГЛМ, ќе си побараше од Големиот Секретар потврда (затоа што веќе ја има кај него и тоа одамна) и многу лесно ќе се завршеше целата работа, веднаш при тоа, без да пишуваш вакви небулози. Исто така - ќе провереше кај своите браќа, многумина од кои многу добро ме познаваат лично. Покажуваш основно непознавање на најосновната масонска етика и протокол - прво, затоа што не можеш ти лично да пишеш до Големата Ложа, второ, не смееш да објавиш комуникација меѓу две ложи јавно, па каква и да е содржината на тоа писмо.
Лажното претставување е нечесно и гнасно... но во случајов мислам дека е посериозно нешто, изгледа навистина си веруваш на ова што го пишуваш...