Масони

Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Зидарски, велиш дека Масоните не владеат со светот, зарем е лага дека пред претседателските избори во америка, се собра масонскиот врв, како и врвот на тајните служби како ФБИ и ЦИА како и голем број на други врвни личности за да се договараат за новиот претседател на Америка??
Врвот на ФБИ, ЦИА и други врвни личности сигурно се собираат за да решат за новиот претседател - но тоа нема врска со масонеријата.
Да претпоставиме дека си во право. Да речеме дека масонскиот врв се собира. И? Што ќе направи потоа тој врв? Ќе нареди на членството да гласа на еден или на друг начин?! Погледни ја Америка - има масони таму кои се демократи, има републиканци, има независни. Како и на кој начин било кој ќе им каже да гласаат на еден или на друг начин? Не постои таков механизам, не постои начин да еден масон, без разлика на каков врв е, нареди на некој друг нешто да направи. Едно од основните правила е дека политика не се дискутира во ложата. Како тогаш ќе се дискутира кандидат за претседател?!
Сепак - не верувам дека рационалноста може да надвладее во оваа дискусија.
Друго, велиш дека видеово не баш, тогаш ќе ми кажеш ли зашто едната нога треба пантолоните да ти бидат завратени нагоре, да изгледаш парталав и понижен??
И тоа го имам објаснето - не е за да изгледаш понижен, а за да те потсети дека материјалното не е она што те прави, а духовното. Да те потсети, утре, кога ќе бидеш во добра ситуација во животот, да помагаш на останатите и да не ги осудуваш во нивната несреќа, затоа што еднаш, и ти си бил беден и парталав.
Дали тоа значи дека неосветлените се глупави, парталави и понижени па за да станат некои и нешто треба да се осветлат преку масонеријата??
Воопшто не.
Еве сега уште едно прашање кое би сакал јасн и едноставно да се објасни, КАКОВ Е СТАВОТ НА МАСОНЕРИЈАТА КОН СВЕТОТО ТРОЈСТВО???
Христијаните масони веруваат во Светото Тројство. Муслиманите, Евреите, Хинду итн - не.
Масонеријата како таква - нема став за религиозни прашања.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Воопшто не е контрадикторно. Секој сам си го дефинира Бог, но мора да верува дека Бог Својата Воља Ја Изразил на луѓето.
Бидејќи секој сам си го дефинира бог, ме интересира што со оние кој бог го дефинираат како суров, неправеден и зол спрема луѓето и го почитуваат неговиот непријател - Луцифер? Дали тие кандидати исто така ќе бидат примени за масони?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Не.
Има два исклучока во врска со ова.
Првиот - се прифаќа само монотеистичко верување.
Вториот - не се прифаќа сатанизмот во било која форма. Причината за ова е тоа што Сатаната е деструктивна сила (дури и во хуманистичката варијанта на сатанизмот), додека Големиот Архитект е градител. Верувањето на сатанистот би било во спротивност со принципите на масонеријата. Сепак, основната причина на исклучување на сатанистите не се базира на тоа во што веруваат, туку на еден од основните услови за членство - верувањето дека правењето добро се наградува, правењето зло се казнува.
 
Ама еве да речеме јас ја гледам работава од следниов аспект: Бог создавајќи ги Адам и Ева им го ускратува спознавањето на доброто и злото, ги лаже дека ако пробаат од дрвото за спознавање на истото ќе умрат, и им го поставува на дофат, за конечно кога ќе го пробаат да ги казни иако ги создал да не распознаваат добро и зло! Сатаната од друга страна им ја одкрива вистината! Што значи од моја перспектива тој што ја разодкрива лагата е оној што прави добро, а не оној кој им ги затвора очите т.е ги создава без сознание за исправно и грешно, за потоа да ги казни затоа што згрешиле! Ако некој е добар, зошто би им ускратувал на другите да увидат што е добро а што зло?
И уште ова да прашам! На неколку наврати го имаш споменато и хиндуизмот како прифатлива религија за масонеријата, а сепак сега викаш дека само монотеистички религии се прифаќаат!
Првиот - се прифаќа само монотеистичко верување.
Хиндусите веруваат во околу 300 милиони богови!:toe:

--- надополнето ---

Од кај ти толку познавање на Масонеријата :aplauz::icon_eek:
Затоа што е масон!
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Каков е ставот на овдеприсутните слободни ѕидари околу ликот и делото на Дејвид Ајк?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Благодарам на посоченото.
Лесно се забележува дека лажат.

Исто и прашањето зошто нема жени во нивните редови побудува интерес.
Што е тоа што ги тера да ги исклучат жените од можност за членување во своите ложи?
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
И на истиот тој кој има неколку книги објавено на темата рептили, си во состојба да му веруваш за било што друго? Како тоа решаваш за што ја збори вистината, а за што не? Како решаваш што е измислица, а што е вистина, со оглед на тоа што тој со години ја промовира тезата за рептилите?
Аааа не единствен што зборува на тема рептили има уште неколку типови како Колиер, Марс итн......
Исто така зборуваат за отфрлање на пирамидалната структура на нашето опшество а во замена за нејзе да имаме холографска структура.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Имаат поврзаност, во главите на лудаци како Дејвид Ајк. Не знам зошто сите тајни организации и здруженија им се припишуваат на масоните. Има стотици тајни здруженија по светов. Масонството не е тајно здружение!
Интересно... затоа што за да бидеш член на масонската ложа, мора да си во добро ментално здравје, инаку ќе бидеш исклучен. :nesvest:

Фати читај Дејвид Ајк, ќе ти се допадне, сигурен сум. Да не ме разбереш погрешно - кај него нема грам точна информација, но гледам дека на иста бранова должина сте според интересите...
Теориите за вонземјани, воопшто не се тема на расправа тука... Прашањето е - дали на човек кој верува во она за кое пишав погоре, можеш да му веруваш за било што? Или ќе сметаш дека додека го пишувал едното бил малку луд, ама додека го пишувал другото бил здрав? Или додека го пишувал едното забегувал и лажел, ама за другово може сто посто да му веруваме?
Извини, ама јас не функционирам така. Или е човек чесен или не е.
Меѓу другите лаги и дезинформации се појавува и дефинирање на ментално здравје по основа на нешто напишано во книга.
Вонземјани во случајот.
Но масоните исто така во своите редови примале луѓе кои верувале во некакво врховно битие.
Без разлика на конфесија.
Во тие конфесии,извор на информации се светите книги.
Во нив имаме разни настани,згоди и незгоди на јунаците каде има чекорење по вода,шетање на мртовци со денови низ Ерусалим,воскресение,безгрешно зачнување...во куранот,ведите,тората и други списи имаме исто така огромен број настани кои очигледно се невозможни.

Но тоа не ги возбудува масоните да ги етикетираат овие дела како дела на лудаци.
Значи масоните лажат и манипулираат со информациите и си имаат своја некоја перцепција,према своите потреби.

Во постовите на цитираниот член има голем број лаги.
Цитираните 3 се доволни,има уште многу,но за почеток доволно.
Тоа го дискредитира и за останатите информации кои ги сервира.
Феил.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Ама еве да речеме јас ја гледам работава од следниов аспект: Бог создавајќи ги Адам и Ева им го ускратува спознавањето на доброто и злото, ги лаже дека ако пробаат од дрвото за спознавање на истото ќе умрат, и им го поставува на дофат, за конечно кога ќе го пробаат да ги казни иако ги создал да не распознаваат добро и зло! Сатаната од друга страна им ја одкрива вистината! Што значи од моја перспектива тој што ја разодкрива лагата е оној што прави добро, а не оној кој им ги затвора очите т.е ги создава без сознание за исправно и грешно, за потоа да ги казни затоа што згрешиле! Ако некој е добар, зошто би им ускратувал на другите да увидат што е добро а што зло?
Доста либерално толкување на Битие... Бог не ги казнува Адам и Ева затоа што увделе што е добро, а што зло - а затоа што прекршиле негова заповед. Тој им дава избор - да не ја прекршат заповедта, или да ја прекршат. Сатаната ги води кон прекршувањето (гревот), затоа што знае дека на тој начин ќе бидат казнети. Сатаната ги води со полна свест кон грев, за да го наруши нивниот однос со Бога. Со тоа - стануваат смртни, односно ја губат бесмртноста. Значи - Сатаната им нанесува штета - ги лишува од вечниот живот.
И уште ова да прашам! На неколку наврати го имаш споменато и хиндуизмот како прифатлива религија за масонеријата, а сепак сега викаш дека само монотеистички религии се прифаќаат!

Хиндусите веруваат во околу 300 милиони богови!:toe:
Има две варијанти на Хиндуизмот. Едната во која тоа се богови, другата во која тоа се духови, односно енергетски присуства. Има голема разлика.

--- надополнето ---

Каков е ставот на овдеприсутните слободни ѕидари околу ликот и делото на Дејвид Ајк?
Малку погоре го кажав ставот.

--- надополнето ---

Исто и прашањето зошто нема жени во нивните редови побудува интерес.
Што е тоа што ги тера да ги исклучат жените од можност за членување во своите ложи?
Пред се - традиција.

--- надополнето ---

Но тоа не ги возбудува масоните да ги етикетираат овие дела како дела на лудаци.
Значи масоните лажат и манипулираат со информациите и си имаат своја некоја перцепција,према своите потреби.
Книгите на Ајк се јавно достапни. Секој нека си формира свое мислење.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Благодарам на посоченото.
Лесно се забележува дека лажат.

Исто и прашањето зошто нема жени во нивните редови побудува интерес.
Што е тоа што ги тера да ги исклучат жените од можност за членување во своите ложи?
Како тоа лесно се забележува?! Сакаш да кажеш дека тврдењето за рептилите е точно?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Доста либерално толкување на Битие... Бог не ги казнува Адам и Ева затоа што увделе што е добро, а што зло - а затоа што прекршиле негова заповед. Тој им дава избор - да не ја прекршат заповедта, или да ја прекршат. Сатаната ги води кон прекршувањето (гревот), затоа што знае дека на тој начин ќе бидат казнети. Сатаната ги води со полна свест кон грев, за да го наруши нивниот однос со Бога. Со тоа - стануваат смртни, односно ја губат бесмртноста. Значи - Сатаната им нанесува штета - ги лишува од вечниот живот.

Има две варијанти на Хиндуизмот. Едната во која тоа се богови, другата во која тоа се духови, односно енергетски присуства. Има голема разлика.

--- надополнето ---

Малку погоре го кажав ставот.

--- надополнето ---

Пред се - традиција.
Дали тогаш условот за припадност кон монотеистичка религија го исклучува,барем во главите на ѕидарите,верувањето во она кое што е напишано во светите книги во кои има се и сешто,како што наведов,од слушање гласови,змии кои говорат,грмушки кои горат и соопштуваат вистини до Езекиел и неговите старозаветни пасуси кои се...необични...хехех

Каква е таа традиција???
Зарем сметате дека жените се инфериорни битија кои не можат да бидат членови на ложа?!

--- надополнето ---

Како тоа лесно се забележува?! Сакаш да кажеш дека тврдењето за рептилите е точно?
Не знам дали е точно или не е.
Чудно е и неверојатно,но сепак не може да се отфрли 100%.
Ништо побизарно од тврдењето дека змии зборуваат,а мртовци трчаат низ Ерусалем,дигнати од гробиштата...
Во тие работи веруваат масоните кои по дифолт мора да се припадници на монотеистичка религија.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Доста либерално толкување на Битие... Бог не ги казнува Адам и Ева затоа што увделе што е добро, а што зло - а затоа што прекршиле негова заповед. Тој им дава избор - да не ја прекршат заповедта, или да ја прекршат. Сатаната ги води кон прекршувањето (гревот), затоа што знае дека на тој начин ќе бидат казнети. Сатаната ги води со полна свест кон грев, за да го наруши нивниот однос со Бога. Со тоа - стануваат смртни, односно ја губат бесмртноста. Значи - Сатаната им нанесува штета - ги лишува од вечниот живот.
Ова ми личи како завземање став, а нели рече дека масонеријата не завзема став?
Христијаните масони веруваат во Светото Тројство. Муслиманите, Евреите, Хинду итн - не.
Масонеријата како таква - нема став за религиозни прашања.
Нели главната причина беше верувањето дека правењето добро се наградува а правењето лошо се казнува?
Сепак, основната причина на исклучување на сатанистите не се базира на тоа во што веруваат, туку на еден од основните услови за членство - верувањето дека правењето добро се наградува, правењето зло се казнува.
Но кога веќе завзеде став да го разгледаме твоето размислување! Велиш дека бог ги казнил Адам и Ева затоа што прекршиле негова заповед! Но нели ги создал без сознание за добро и зло! Тогаш како може да знаат која постапка е исправна а која не?
Втора работа! Од каде знаеш што знаел а што незнаел Сатаната? Единствен сезнаен во оваа приказка е бог! Сатаната е претставен само како полукав од останатите, тој ја препознава лагата дека ако јадат од тоа дрво ќе умрат и им го кажува тоа! Дека е така кажува и реакцијата на бог:
"Ете Адам стана како еден од нас, знаејќи што е добро а што зло, но сега да не ја испружи раката своја и да земе од дрвото на животот па да заживее вечно! Тогаш Господ Бог го изгони од Едемската градина за да ја обработува земјата од која беше земен.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Немам намера да го бранам Христијанството, ниту пак било која друга религија во моментов, затоа што не е ниту место, ниту доликува - бара далеку посериозна и подлабока дискусија.
Едноставно ги посочив условите и критериумите - дали некој се согласува со нив или не - тоа воопшто не е предмет на дискусијава.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Бидејќи цело време се претставувате како ѕидари и градители,најверојатно ја ѕидате светската економија преку свои правила на игра,кои претпоставувам се надвор од законот...барем според досегашните дела истите укажува на тоа...
Но да ја оставиме надвор оваа тема,бидејќи претпоставувам дека ке настане форумска дрвица околу целите и начините на функционирањето на масонеријата....но кога веќе напомена дека Масоните не се тајно здружените,би те прашал како стојат нашите околу ова,има ли активни членови,има ли познати членови денес и дали имало порано Македонци(попознати) кои членувале во оваа организација???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom