Масони

Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Многу работи се насобраа... ајде едно по едно:

Na prasanjeto ke ti odgovoram so prasanje !? zosto ti imas masonski nik?
Tubalcain
На прашањето кое го поставуваш е одговорено многу пати низ темава - јас мојата масонска припадност не ја сокривам - член сум на Victoria Lodge#474, во Големата Ложа на Канада, во Провинцијата Онтарио (во Торонто живеам, не во Македонија). Ако ја разгледаше темава, ќе го видеше ова на многу места спомнато.
Моето прашање околу твојот ник останува неодговорено! Лажното претставување е банално и сосема непотребно.

--- надополнето ---

Хм, зидарски, еве што стои на официјалната страна на големата ложа на македонија, сигурно знаеш што тоа значи, па поголем доказ од тоа здравје!!

Ова ќе биде во врска со христијанството и поврзаноста на апостолите со слободните ѕидари:

[FONT=&quot]МИТОЛОГИЈА И ИСТОРИСКИ ЗАСНОВАНА ХРОНОЛОГИЈА[/FONT][FONT=&quot] НА МАКЕДОСНКАТА МАСОНЕРИЈА[/FONT][FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot]Историјатот (во најшироката смисла на зборот) на македонската масонерија ја споделува глобалната судбина на светската масонерија: постојано наликува на сон, на треперење на човековата фантазија меѓу историските факти и мистификацијата. Како и врз примерот на највидливите светски струи и движења на масонеријата, и кај нас, во Македонија доста тешко се разликува границата на која историјата поминува во мит. Со самото тоа што Македонија има библиски “сертификат”, со самото тоа што апостол Павле се поврзува со патешествие низ земјата на Македонците, севкупниот библиски митски изворник на масонеријата се става во погон: ако првите масони, според извесни митолошки ориентирани масонолози биле првите библиски јунаци, тогаш е неверојатно зрното на масонеријата да не било посеано и во една библиска земја, уште од најраните прапочетоци.

Ако е вистина тоа што го тврдиш, ако светлоста го огреала твоето лице, (во што се сомневам) тогаш сигурно ти е познат овој пост.

немој да мислиш дека толку нелогично ги сваќам работите, тоа погоре е правата логика.


[/FONT]
Ако се потрудиш да го прочиташ постот што самиот го имаш напишано, ќе видиш дека вели "ако првите масони, според извесни митолошки ориентирани масонолози биле првите библиски јунаци". Првите библиски јунаци, не се апостолите, туку Адам, Ное, Авраам, Јаков итн... (Стар Завет, Битие). Единствени личности од Новиот Завет кои се спомнуваат во контекст на масонеријата се Свети Јован Богослов и Свети Јован Крстител, но не како масони, а како заштитници на ѕидарските гилдии во средниот век, а не во религиозен контекст.

--- надополнето ---

до сомотеитбе- ако навистина си масон, како што тука сакаш да се прикажеш, кажи ми во која ложа си регистриран и колку масони муслимани постојат во Македонија??

Овие две прашања ако ми ги одговориш, според тие одговори би ти верувал, но мене не ми се верува!!!

чекам.
Не знам дали братот е на линија, но ќе одговорам за него - и тој е член на масонска ложа надвор од Македонија, во САД. И тоа е спомнато десетици пати низ форумов.
Во Македонија има масони од муслиманска вероисповед, исто како што има и во сите други балкански држави, а и насекаде во светот.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
И кога ќе им заврши тогаш што? Златна ера? Утопија? Сите ќе имаме 1000 евра плата? Ќе нема криминалци? Ќе нема недоразбирања?
Ваквите идеи, не се ништо поразлични од идеите на религиите кој ветуваат утопии! Рај кај што тече мед и млеко, нема страдање и сите си живеат среќно и задоволно!
Да беа остварливи досега ќе ги остваревме, нема никакви божествени циклуси после кој доаѓа опишанава утопија! Луѓето во својата природа одсекогаш имале и секогаш ќе ја имаат карактеристиката да си го загорчуваат животот!
Можеби од ограничена човечка преспектива тоа изгледа сурово, непотребно и неправедно, но тоа е двигателот кој не тера да преживееме и да станеме уште подобри преживувајќи се што нема да не уништи. Затоа што таа "лоша" карактеристика на луѓето која ги генерира сите проблеми и тешкотии исто така ги генерира и сите предизвици, кој еднаш надминати ни даваат смисла на животот и не прават да се гордееме со тоа што сме.
Давањето екстремни вредности е доказ за успехот на структурите кои се во прашање,ѕидарењето секако меѓу нив...:)
Таков е образовниот систем па не е ни чудо што така ги поставуваш работите.
Од една страна е некаква претстава за совршеноста на системот,но несовршеност на луѓето а од друга страна се става некоја си утопија,некаква магловита представа за рај,бимбиљи пеат наоколу,луѓето во полу-левитација се движат наоколу како самовили и тече мед од чешмите,нема никакви проблеми никаде и слично...

Да,такво нешто е невозможно.
Она што е возможно е живеење према целосниот потенцијал на човекот кој го кочат баш тие структури,манипулирајќи со нашата перцепција за самите себе.

Утопија - не.
Далеку поквалитетен,почовечен и поисполнет живот на мнозинството луѓе во светот - сосема можно и остарливо.
Нормално,проблемите секогаш ќе бидат дел од сликата но не онакви како што се сега,кога и самиот физички опстанок е во корелација со послушност и робување на системот...

А тоа што ерата на овие структури е при крај...слободните ѕидари included...тоа е шанса за луѓето.
Значи пат со два правци,по кој пат ќе тргнеме ќе видиме,зависи од секој од нас.
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
59
Јас би сакала да сум мала риба.
Замисли татко ти не ти е татко, а синот не ти е син. Сите сме брака и сестри, бидејки сме негови деца.

:toe:
 
Член од
16 ноември 2010
Мислења
11
Поени од реакции
0
до сомотеитбе- ако навистина си масон, како што тука сакаш да се прикажеш, кажи ми во која ложа си регистриран и колку масони муслимани постојат во Македонија??

Овие две прашања ако ми ги одговориш, според тие одговори би ти верувал, но мене не ми се верува!!!

чекам.

--- надополнето ---

Море море морееее!!!

Ова изгледа стана тренд, како така сите станаа масони во оваа држава!!!

ц ц ц ц ц ц ц

И јас ќе мора да станам, за да бидам во тренд.[/QUOTE


Незнам колку ќе ти користи одговорот што го бараш и зошто инсистираш толку на тоа?

Во македонија постојат четири ложи од кој во едната работата се изведува на англиски јазик.
Еве мало објаснување за зборот кој го имаш напишано намерно или не намерно :)
Па тоа Mote Бидете

The oldest known of Masonic expressions is "So Mote It Be," and is used
Најстариот познат масонски на изразите е "Значи Mote да биде", и се користи
in and outside the Lodge as a general response to Masonic prayer. It
во и надвор од Ложа како општ одговор на масонски молитва. Тоа
derives from the famous Regius Poem, sometimes called the Halliwell
произлегува од познатиот Regius песна, понекогаш се нарекува Халивел
Manuscript, said by experts to have been written in about 1390 by a monk who
Ракописот, изјави од стручни лица за да се напишани во околу 1390 од страна на монахот кој
had access to Operative Masonic documents. The document was discovered by a
имале пристап до Оперативни Масонски документи. Документот беше откриен од страна на
citizen of London, non-Mason, Mr. JO Halliwell Phillips, im about 1839 in
граѓанин на Лондон, не-Мејсон, г-дин ЈО Халивел Филипс, IM за 1839 во
the British Museum where it was catalogued under the title of "A Poem of
Британскиот музеј каде што беше каталогизирани под наслов "Песна на
Moral Duties."
Морални должности. "

The poem, written in Chaucerian English, is the oldest known Masonic
Песната, напишана во Chaucerian англиски, е најстариот познат масонски
document in existence; the unknown monk who composed it showed a remarkable
документ во постоење; непознатото монах кој го сочинуваат тоа покажа извонреден
clarity of understanding about fraternity of Freemasons at the times, who
јасност на разбирање за братство на Масоните во времето, кој
were, of course, of the Operative workmen. He lists the rules which
биле, се разбира, на оперативната работниците. Тој листи правилата кои
governed the Craft, the relationships between Masters and workmen, the
Управуваше со занаетчиска дејност, односите помеѓу мајстори и работниците, на
moral, civil, occupational and religious duties of the Craftsmen. Nearly all
морална, граѓанска, професионална и религиозни обврски на занаетчии. Речиси сите
the articles set forth in this ancient document, nearly six hundred years
на членовите наведени во овој антички документ, речиси шестотини години
old, are as applicable today(in substance) as they were when written.
старите, се што се применуваат денес (во суштина), како што беа, кога напишани.
The final words in the poem are:
Конечниот зборови во песната се:

"Amen! and Amen! so mote it be!"
"Амин! И Амин! Така промовираат тоа да биде!"
"Moltan" meaning "May." It is the ancient "Amen" of the Freemason.
"Moltan" што значи "мај." Тоа е старата "Амин" на масон.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Google translator понекогаш води до забуни...

"Amen! and Amen! so mote it be!"
"Амин! И Амин! Така промовираат тоа да биде!"

Mote, иако преведувачот го преведува како "промовира" (од pro-mote), сепак значи "Нека".
"Moltan" meaning "May." It is the ancient "Amen" of the Freemason.
"Moltan" што значи "мај." Тоа е старата "Амин" на масон.
Moltan, во посовремениот англиски значи May, но во никој случај преводот на тоа не е "мај" (како месецот), туку значи (повторно) - Нека.

Точниот превод на изразот "So Mote It Be" е - Така нека биде. Контекстот е - Така е кажано, Така нека биде. Се користи во потполно истиот контекст (и го има идентичното значење) со зборот Амин (кој во превод од старо-Еврејски, значи - Така нека биде).

33degree - нешто не прочитав никаде објаснување околу никот и потписот...
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
59
На форумот има масон, за еден сигурно. Но има и мутанти. :vozbud:

ПС: Мала Риба :nesvest:
 
Член од
16 ноември 2010
Мислења
11
Поени од реакции
0
Јас знам што точно значи "So Mote It Be"
Дали сум должен да објаснам нешто според правилата на форумот (а тоа не го прочитав никаде) или лично за ваша информација.
 

kralot

Вистина!!
Член од
9 април 2008
Мислења
466
Поени од реакции
72
видете, јас знам колку ло7жи има, знам кои се кога се основани, од кого се основани, зашто се основани, каде се кријат нивните храмови.

Знам за големата ложа на македонија, кога е створена, кога е пуштено светлото во неа(кога е осветена), знам од кого е пуштено светлото, знам кој доведе до пуштање на тоа светло, знам кој беше првиот голем мајстор на големата македонска ложа, знам кој е актуелниот, знам кои беа тие кои добија поддршка директно од мајката ложа, големата слободна ложа на Англија.

Знам се, знам дека последната ложа е посебна од останатите три по еден начин, а првата е посебна по друг начин(енг) го знам сето тоа.

Најмногу би сакал да дознаам дали тука има друг масон кој што е припадник на некоја Македонска ложа.

А сега уште едно прашање, зашто тврдите дека постојат само 3 нивоа на масони, кога постојат 39 нивоа односно степени? 33дегри, дали твојот ник значи дека си масон од 33 степен или дека тоа е твојата цел???

--- надополнето ---

"Amen! and Amen! so mote it be!"
"Амин! И Амин! Така промовираат тоа да биде!"

еве доказ дека масоните веруваат во нешто друго.

КОј да промовира така да биде???

Значи повторно доаѓаме до тезата од која масоните упорно ја негираат.

Значи повторно масоните владеат со светот и тие одлучуваат, притоа нормално користејќи нечовечки начини.

како што велат и познатите ПРОТОКОЛИ НА СИОНИСТИЧКИТЕ МУДРЕЦИ, кои знам дека ќе ми речете немаат врска со масоните, но сакале да признаете или не, тие се едно исто.

ЦЕЛТА ГИ ОПРАВДУВА СРЕДСТВАТА!!!


 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Јас знам што точно значи "So Mote It Be"
Дали сум должен да објаснам нешто според правилата на форумот (а тоа не го прочитав никаде) или лично за ваша информација.
Нема правила кои ти налагаат да пишеш нешто за што неќеш, но во интерес на дискусијава и тие кои читаат - пиши.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Јас знам што точно значи "So Mote It Be"
Дали сум должен да објаснам нешто според правилата на форумот (а тоа не го прочитав никаде) или лично за ваша информација.
Не, не си должен да објасниш ништо - но јас сметав дека треба јас да објаснам на учесниците на форумов, за да не дојде до забуна и некој да се подведе непотребно... сепак, доволно е јасно веќе, нема потреба од објаснување.

(инаку, обраќањето од претходниот форумџија со somoteitbe, беше до корисникот со тој ник, кој исто така е масон, а не беше употребено како израз)

--- надополнето ---

видете, јас знам колку ло7жи има, знам кои се кога се основани, од кого се основани, зашто се основани, каде се кријат нивните храмови.
Во Македонија сеуште нема храмови.
Знам за големата ложа на македонија, кога е створена, кога е пуштено светлото во неа(кога е осветена), знам од кого е пуштено светлото, знам кој доведе до пуштање на тоа светло, знам кој беше првиот голем мајстор на големата македонска ложа, знам кој е актуелниот, знам кои беа тие кои добија поддршка директно од мајката ложа, големата слободна ложа на Англија.
Е да де, беше напишано во сите весници, не е некоја тајна.

Знам се, знам дека последната ложа е посебна од останатите три по еден начин, а првата е посебна по друг начин(енг) го знам сето тоа.
Ова исто така.
Најмногу би сакал да дознаам дали тука има друг масон кој што е припадник на некоја Македонска ложа.
НЕ! На форумов сеуште нема припадник на македонска ложа. Еден е припадник на канадска (јас), еден е припадник на американска (somoteitbe). Сите останати - влегуваат во филмови.

А сега уште едно прашање, зашто тврдите дека постојат само 3 нивоа на масони, кога постојат 39 нивоа односно степени? 33дегри, дали твојот ник значи дека си масон од 33 степен или дека тоа е твојата цел???
Постојат само 3 степени. Имам детално објаснувано што значат останатите степени и зошто бројките се на тој начин. Ако не е јасно, пиши тука, ќе објаснам повторно... 33degree - НЕ Е МАСОН од ниеден степен, а каква му е целта не знам, треба тој да се изјасни.


"Amen! and Amen! so mote it be!"

"Амин! И Амин! Така промовираат тоа да биде!"
еве доказ дека масоните веруваат во нешто друго.
КОј да промовира така да биде???
Еее, ете токму затоа ЦЕЛО ВРЕМЕ велам дека човек треба да се придржува до фактите и да ја проверува секоја информација. Кога драгиот форумџија 33degree реши да се прави на масон и да објавува текстови на темата, реши дека за таа цел може да користи Google Translator, кој иако е корисен понекогаш и може да ти помогне да разбереш некој текст - ужасно лошо преведува термини. Ако го прочиташе мојот пост по неговиот, ќе видеше дека давам објаснување. Преводот не е ПРОМОВИРААТ, туку НЕКА, грешка на автоматскиот преведувач (pro-mote наместо mote). Така да нико јништо не промовира, туку изразот е Така Нека Биде - што буквално значи - Амин (Амин е на Старо-Еврејски, So Mote It Be е на англиски).

Значи повторно доаѓаме до тезата од која масоните упорно ја негираат.
Значи повторно масоните владеат со светот и тие одлучуваат, притоа нормално користејќи нечовечки начини.
како што велат и познатите ПРОТОКОЛИ НА СИОНИСТИЧКИТЕ МУДРЕЦИ, кои знам дека ќе ми речете немаат врска со масоните, но сакале да признаете или не, тие се едно исто.
ЦЕЛТА ГИ ОПРАВДУВА СРЕДСТВАТА!!!
Не баш... повторно доаѓаме до мојата теза дека неинформираноста (која е производ на мрзливоста) е страшна работа. Проверете факти, читајте внимателно, споредувајте информации. И не користете Google Translator, си има речници, ама треба малку повеќе труд за тоа.

Токму затоа се нервирам кога некој ќе се појави со масонски ник на форумов и ќе продава ефтини финти дека е масон, и ќе шири дезинформации тука, особено кога тоа е лесно да се провери и да се спореди - затоа што тоа не е ништо повеќе од чиста лага, и не можам, а да не се прашам што е скриената намера на тоа (ако некој нема скриена намера, тогаш нема да се претставува лажно). Не е ни прв пат, нема да биде ни последен, нејсе...
 

kralot

Вистина!!
Член од
9 април 2008
Мислења
466
Поени од реакции
72
Почитуван Зидарски, долго време се познаваме за да се момиме, можеби не се сеќаваш на мене но јас поради што беше зафатен мојот ник тука на форумов морав да го преведам од англиски на македонски.

најпрво велиш дека нема масонски храм во македонија.

ајде ќе те молам да ми кажеш што е ова:








Доволни се овие три слики???

немој да ми речиш дека не ти се познати сликиви, ќе почнам и во тебе да се сомневам дека си еден од оние кои влегуваат во филмови дека си масон.


Други, штом пишувало во сите весници, ќе те молам да ми објасниш која беше карактеристиката на последната ложа во македонија, да ја откријам која е и што е???

Ок еве само ова ќе го кажам, регистрирана во регистерот на големата македонска ложа како -Утринска Ѕвесда бр.4- во 2007 година, основана е од 12 основачи, кои сите се од еден специфичен регион на македонија. сега ти дообјасни ни.

Одиме на третото, Значи и далје тврдиш дека има само 3 степени?? викаш 1. кандидат за излегување од темнината, 2. калфа 3. мајстор, друго ништо така???

А зашто на гробовите на многу познати масони се наоѓа бројот 39???

добро можеби и тебе не ти се познати повисоките од 3-тиот.

Одиме на четвртото, ок нека бите и нека бире, хехе, па сега ќе те молам на што вие во ритуалите во храмот изговарате -нека биде-???

ги чеам одговорите.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Никој не видел фајде од нервози... полека, на се ќе се даде одговор.
Почитуван Зидарски, долго време се познаваме за да се момиме, можеби не се сеќаваш на мене но јас поради што беше зафатен мојот ник тука на форумов морав да го преведам од англиски на македонски.
Сеедно - не правам разлика меѓу нови и стари членови.
најпрво велиш дека нема масонски храм во македонија.
И стојам зад тоа тврдење.
ајде ќе те молам да ми кажеш што е ова:








Доволни се овие три слики???

немој да ми речиш дека не ти се познати сликиви, ќе почнам и во тебе да се сомневам дека си еден од оние кои влегуваат во филмови дека си масон.
Сликите не се некоја тајна - од сајтот на ГЛМ се земени (кој е јавен). Ова се слики од ложа, но не се наоѓа во рамки на масонски храм, туку во изнајмени простории. Во Македонија сеуште нема храм. Факти се факти, толкувања се нешто друго.

Други, штом пишувало во сите весници, ќе те молам да ми објасниш која беше карактеристиката на последната ложа во македонија, да ја откријам која е и што е???
Не те разбирам што сакаш да кажеш со тоа "карактеристиката" и за какво откривање зборуваш...? Објасни...
Ок еве само ова ќе го кажам, регистрирана во регистерот на големата македонска ложа како -Утринска Ѕвесда бр.4- во 2007 година, основана е од 12 основачи, кои сите се од еден специфичен регион на македонија. сега ти дообјасни ни.
Што да дообјаснам?

Одиме на третото, Значи и далје тврдиш дека има само 3 степени?? викаш 1. кандидат за излегување од темнината, 2. калфа 3. мајстор, друго ништо така???
Ученик, Калфа, Мајстор. (на англиски - Entered Apprentice, Fellowcraft, Master)
Ако разгледаш низ темава (а и на други форуми, штом се познаваме од друго место), ќе видиш дека имам објаснето. Во хиерархијата на масонеријата има САМО 3 степени. Најпросто објаснето, по вертикала може да се оди само до три. Сите останати варијации се развој по хоризонтала, односно дообјаснување на третиот степен. Сите останати таканаречени степени се со име, а американците, за да го поедностават објаснувањето почнале со употреба на бројки во 19-тиот век, и оттаму доаѓа забуната - на некој неупатен, 33 му изгледа дека е повеќе од 3 и автоматски треба да е "повисоко", но всушност се на исто ниво.
А зашто на гробовите на многу познати масони се наоѓа бројот 39???
Сум сретнал 33 многу често, или 32, но не сум сретнал 39.
добро можеби и тебе не ти се познати повисоките од 3-тиот.
Е да де, така е тоа...

Одиме на четвртото, ок нека бите и нека бире, хехе, па сега ќе те молам на што вие во ритуалите во храмот изговарате -нека биде-???

ги чеам одговорите.
Секој пат кога ќе се заврши една целина - се изговара тоа. Тоа е поскоро форма на благодарност до Бога и цврстина на убедувањата (Така нека биде - како што е речено).
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34
до сомотеитбе- ако навистина си масон, како што тука сакаш да се прикажеш, кажи ми во која ложа си регистриран и колку масони муслимани постојат во Македонија??

Овие две прашања ако ми ги одговориш, според тие одговори би ти верувал, но мене не ми се верува!!!

чекам.
Се гледа дека не си ги подпрочитал претходните страници....јас не сум член на ГЛМ туку сум УСА масон и ДА во мојата ложа има доста муслимани а со еден од нив кој е од Босна сум ептен близок и секојдневно комуницираме преку нет.Зидарски веке каза дека припадноста на определена вера е небитно во масонеријата и е лична работа,па ние сме СЛОБОДНИ ЗИДАРИ а какви би биле тие зидари доколку имаат тутор над главата да им дава наредби што и како да прават.Сакаш верувај сакаш не, тоа си е твоја лична работа јас сум тука изворно да им помогнам на оние заинтересирани да се запознаат што е и како функционира масонеријата без цел некого одредено да убедувам оти човек не е слободен доколку некој било како го контролира како кукла.
 

kralot

Вистина!!
Член од
9 април 2008
Мислења
466
Поени од реакции
72
Хм, вие сте само марионети на правите масони, како и Илуминати, Сионисти, што е се едно и не ни ги знаете правите.

Вие сте само она зад кое тие се кријат и со кое се правдаат, поради тоа, колку и да пишуваме нема да дојдеме до никаков заеднички заклучок.

Не се до толку глупави луѓето и повеќе не ги затвораат очите намерно за да некој знаејќи ги маме, веќе ја гледаат вистината.

Не може претседателот на Америка да биде член во организација од која нема корист, а користа е желбата за надвласт над другите и тоа е тоа, но наместо надвалст виењ добивате подвласт и сте потчинети под правите, кои не ни знаете дека постојат.

Се надевам дека ќе го постигнете тоа по кое што трагате.

со почит!!!

--- надополнето ---

за крај сакам само да поставам некое видео:

И


само краток превод на една реченица од видеосто, вика вака:

ОВАА ВИДЕО ГИ ШОКИРА КАКО ДРЖАВАТА, ТАКА И МАСОНИТЕ КОИ НЕ СТИГНАЛЕ ДО ВИСОКИТЕ СЛОЕВИ НА МАСОНЕРИЈАТА!!!

Значи оние од 3 степен не го знаат ова!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom