Antipater - никогаш не сум рекол дека степените не се од круцијално значење!
Напротив - тие се најважни. Тоа што го велам е дека не е некоја фама стигнувањето до трета степен, затоа што секој еден масон стигнува до третата степен (во некои земји за помалку од 6 месеци, во некои за период од околу 2 и пол години), освен ако самиот не се откаже од членството во меѓувреме. Третата степен (највисоката) не е нешто што е недостапно (во тој контекст го имав кажано тоа - провери).
Масонството не се занимава со заговори! Тоа го тврдам најодговорно и со факти. Околу тезата дека масоните владеат со светот - малку е преувеличена. Да, лидери на многу политички партии, држави, организации, компании се масони. Тоа е факт. Но заговор? Не, не постои такво нешто, ниту пак нивното делување е координирано и со некаква задна цел.
Француската ложа која беше во Скопје (Големиот Ориент на Франција) не е дел од меѓународната масонерија - токму од овие причини. Се меша во политика, во религија, во работи во кои регуларната масонерија НИКОГАШ не смее да се меша. Во Франција има 10 Големи Ложи кои се нарекуваат масонски! Дури 10! Само една е призната (и тоа не е Големиот Ориент). И ти можеш да собереш пријатели утре и да формираш масонско здружение... но тоа нема да биде регуларно и нема да биде признато. И после можеш да излегуваш со јавни изјави и прокламации во името на масонството - но тоа истотака нема да биде признато. Но - луѓето кои нема да знаат доволно, ќе мислат дека ти зборуваш од името на масонството.
Масонството во еден дел од своето делување е филантропска организација.
Има три основни дела:
1. Братство - здружување меѓу различните луѓе, градење на лични, братски врски меѓу нив.
2. Филантропија - социјално делување, помагање на општеството, на разни каузи, на добротворни цели.
3. Езотерија - лична надградба, духовно осознавање, еволуирање на личноста.
Има масони кои се занимаваат само со првиот сегмент. Има масони кои се занимаваат само со вториот, или само со третиот... идеално - масонот се занимава и со трите.
Уште нешто - ниеден масон, дури ни Голем Мајстор на една ложа, нема право да зборува во името на масонството, туку само и единствено во свое име и во име на своите лични убедувања и разбирања за масонството (тоа и Груевски го кажа во интервјуто, колку што се сеќавам). Секој еден масон се занимава со оној дел на масонеријата кој му е лично најбитен и кој лично му е најблизок. Оттаму и големите разлики меѓу различни масонски автори.
Масонството не е секта, култ, религија, нема една единствена филозофија и пат. Напротив - масонството е само алатка (буквално) во процесот на личното себеобопознавање и усовршување, како и усовршувањето на општеството.