Масони

Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Јас пак да прашам - што точно значи пентаграмот? Дали "заштитниците" и "душегрижниците" тука всушност знаат зошто се употребува и кое е неговото значење и симболика?
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Пентаграм или пламена звездата го претставува човечкото тело - петте врвови ги претставуваат четирите екстремитети и главата , затоа и се вика знакот на Микрокосмосот . Прогласен е за најголем и најмоќен од сите знаци од страна на Парацелзус .
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.823
Поени од реакции
80.357
Јас пак да прашам - што точно значи пентаграмот? Дали "заштитниците" и "душегрижниците" тука всушност знаат зошто се употребува и кое е неговото значење и симболика?
Тоа би бил off topic со премногу текст.

Но сатанистичката конотација на превртениот пентаграм е евидентна.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Гледајте ја документарката што ја даваат на Наша ТВ, јас баш денеска ја фатив само не знам точно во колку часот и кои денови ја даваат. Инаку таму се си е убаво објаснето, кој се масоните, во што веруваат....
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Тоа би бил off topic со премногу текст.

Но сатанистичката конотација на превртениот пентаграм е евидентна.
1307 - прашањето го поставив со иронија, затоа што во истава тема (многу страници наназад) истото го имам објаснето на долго и на широко...
Ѕвездата не е сатанистички симбол, туку Христијански (иако и претходно се користел, во современата симболика влегува заради употребата од страна на раните Христијани). Со 5-те врвови ги опишувале петте рани Христови на екстремитетите и на главата.
Ѕвездата е симбол на совршенството кое Бог го создал, затоа што е совршен приказ на златното правило. Да Винчи го користи тоа во познатата графика - човекот од Витрувиј. Преку петтоаголникот се објаснува совршениот сооднос во природата.
Со ова се занимавале речиси сите научници од Питагора, па до Њутон...
Ниту превртената ѕвезда не е сатанистички симбол во минатото, а се појавува како таков дури во втората половина на 19-тиот век!!! Претходно, се употребува со сосема друга цел! Во многу ранно-христијански цркви може да се најде овој симбол (и во двете форми и нагоре и надолу завртена ѕвезда - стремежот на човекот кон Бога и дарот од Бога кон човекот).
Во втората половина на 19-тиот век, разно-разните тогашни сатанистички движења почнуваат да го користат со идеја дека заради неговата употреба тој симбол има свето значење и соодветно, дека тие можат да го употребат за нивни цели и намени.
Во масонството - овој симбол се користи МНОГУ пред 19-тиот век, така што нема никаква врска со овие измислици.
 

ANTIPATER

of Macedon
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.181
Поени од реакции
44
Зидарски ја читам темата од почеток.
Деновиве ја читам и Значењето на масонеријата од Валтер Л. Вилмшурст и
дури сега ништо не ми е јасно.
Значи во книгата авторот кој е масон кажува дека главната цел на Занаетот е себеосознавање и духовно еволуирање на човекот дури не биде налик на Бога.
Вилмшурст напоменува и дека филантропството на масонеријата е само гранка,корисна општествена активност но не и цел на масонеријата.
Дека минувањето низ трите степени треба да биде вистинско а не само церемонијално и теориски.
Од друга страна ти пишуваш дека степените биле нешто што секој кога тогаш ќе го помине.....не од круцијално значење.
Ти си упорен во твредењата дека масонството нема никаква врска со никакви заговори.....Големиот мајстор на македонската ложа те демантира.
На прашање од водителот Васко Ефтов,дали мислите дека масоните владејат со светот,тој одговара,јас не мислам јас знам дека масоните владејат со светот.
На почетокот од истата емисија кажува дека масонеријата е пред се филантропска организација.
Ти упорно не убедуваш дека масонеријата не се меша во политика......доаѓаат Масони од француската ложа и не подржуваат во борба за името па дури и ни расправаат дека не било добро државата да гради цркви.
Зошто се овие контрадикторности Зидарски?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Antipater - никогаш не сум рекол дека степените не се од круцијално значење!
Напротив - тие се најважни. Тоа што го велам е дека не е некоја фама стигнувањето до трета степен, затоа што секој еден масон стигнува до третата степен (во некои земји за помалку од 6 месеци, во некои за период од околу 2 и пол години), освен ако самиот не се откаже од членството во меѓувреме. Третата степен (највисоката) не е нешто што е недостапно (во тој контекст го имав кажано тоа - провери).
Масонството не се занимава со заговори! Тоа го тврдам најодговорно и со факти. Околу тезата дека масоните владеат со светот - малку е преувеличена. Да, лидери на многу политички партии, држави, организации, компании се масони. Тоа е факт. Но заговор? Не, не постои такво нешто, ниту пак нивното делување е координирано и со некаква задна цел.
Француската ложа која беше во Скопје (Големиот Ориент на Франција) не е дел од меѓународната масонерија - токму од овие причини. Се меша во политика, во религија, во работи во кои регуларната масонерија НИКОГАШ не смее да се меша. Во Франција има 10 Големи Ложи кои се нарекуваат масонски! Дури 10! Само една е призната (и тоа не е Големиот Ориент). И ти можеш да собереш пријатели утре и да формираш масонско здружение... но тоа нема да биде регуларно и нема да биде признато. И после можеш да излегуваш со јавни изјави и прокламации во името на масонството - но тоа истотака нема да биде признато. Но - луѓето кои нема да знаат доволно, ќе мислат дека ти зборуваш од името на масонството.
Масонството во еден дел од своето делување е филантропска организација.
Има три основни дела:
1. Братство - здружување меѓу различните луѓе, градење на лични, братски врски меѓу нив.
2. Филантропија - социјално делување, помагање на општеството, на разни каузи, на добротворни цели.
3. Езотерија - лична надградба, духовно осознавање, еволуирање на личноста.

Има масони кои се занимаваат само со првиот сегмент. Има масони кои се занимаваат само со вториот, или само со третиот... идеално - масонот се занимава и со трите.
Уште нешто - ниеден масон, дури ни Голем Мајстор на една ложа, нема право да зборува во името на масонството, туку само и единствено во свое име и во име на своите лични убедувања и разбирања за масонството (тоа и Груевски го кажа во интервјуто, колку што се сеќавам). Секој еден масон се занимава со оној дел на масонеријата кој му е лично најбитен и кој лично му е најблизок. Оттаму и големите разлики меѓу различни масонски автори.
Масонството не е секта, култ, религија, нема една единствена филозофија и пат. Напротив - масонството е само алатка (буквално) во процесот на личното себеобопознавање и усовршување, како и усовршувањето на општеството.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: zok

ANTIPATER

of Macedon
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.181
Поени од реакции
44
Antipater - никогаш не сум рекол дека степените не се од круцијално значење!
Напротив - тие се најважни. Тоа што го велам е дека не е некоја фама стигнувањето до трета степен, затоа што секој еден масон стигнува до третата степен (во некои земји за помалку од 6 месеци, во некои за период од околу 2 и пол години), освен ако самиот не се откаже од членството во меѓувреме. Третата степен (највисоката) не е нешто што е недостапно (во тој контекст го имав кажано тоа - провери).
Проверено и потврдено
Сепак,Вилмшурст тврди дека многумина од тие што ги минуваат трите степени не поминуваат вистински низ езотеричните процеси.
А и самото тоа што го велиш ти,дека секој масон стигнува до тертиот степен го потврдува тоа.
Не е можно ама баш секој масон да ја прочистил душата и да се осознал себеси.
Значи пак се сведува на церемонијал и ритуал.

Масонството не се занимава со заговори! Тоа го тврдам најодговорно и со факти. Околу тезата дека масоните владеат со светот - малку е преувеличена. Да, лидери на многу политички партии, држави, организации, компании се масони. Тоа е факт. Но заговор? Не, не постои такво нешто, ниту пак нивното делување е координирано и со некаква задна цел
Ах тој заговор.
Премногу анти-масонска литература имам прочитано за да го отфрлам туку-така.:)Но се трудам.:)
Која е причината што моќниците стануваат масони??
Што ги тера да се приклучат на масонеријата??
Себеосознавање???
Духовна еволуција???
Единствен логичен одговор(а да не е заговорски) ми е дека се привлечени од мистичноста на масонството.

Француската ложа која беше во Скопје (Големиот Ориент на Франција) не е дел од меѓународната масонерија - токму од овие причини. Се меша во политика, во религија, во работи во кои регуларната масонерија НИКОГАШ не смее да се меша. Во Франција има 10 Големи Ложи кои се нарекуваат масонски! Дури 10! Само една е призната (и тоа не е Големиот Ориент). И ти можеш да собереш пријатели утре и да формираш масонско здружение... но тоа нема да биде регуларно и нема да биде признато. И после можеш да излегуваш со јавни изјави и прокламации во името на масонството - но тоа истотака нема да биде признато. Но - луѓето кои нема да знаат доволно, ќе мислат дека ти зборуваш од името на масонството.
Во ред.
Ми избегал делот дека Големиот Ориент на Франција ни бил на гости.
Јас мислев дека се работи за регуларната ложа.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.823
Поени од реакции
80.357
Триумфот, доминацијата на петтиот елемент* врз останатите четири**, како претстава на човековото тело (во кое и го има). Кое пак е создадено по слика на Бога, според "Како што е горе, така е и долу".
Односно, победа на духот* над материјата**.

Во пентаграмот се крие и тајната на името на Господ Бог Исус Христос. YHVH + Sh (Шин). YHShVH (Јешуа), со исто симболичко значење од погоре, имајќи ги во предвид елементарните симболики на знаците од Тетраграматонот + Шин.
Воедно и петте рани господови...

Покрај ова осакатено (кратко) објаснение, има уште многу други.

* -Акаша, Етер, Квинтесенца, Свет Дух, Божја Искра...останатите божји творби го немаат нејзиното присуство.
** -Оган, Вода, Воздух, Земја

(Нормално, за ова што го пишувам можам многу повеќе да дообјаснам и дебатирам, но ќе биде off-topic)

Малку во врска со Инверзијата: доколку е учењето дуалистичко, тогаш сатанистичките обвинувања на неимформираните, и не се толку без основа, бидејќи неприфатливо е, од аспект на Десната Патека, помирување со Доминацијата на Материјалното врз Духот ("помалку" сатанистички делува). Можете да го претставите и како симнување/претопување на Духот во Материја, но тоа е исто.
 

KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
Zidarski гледам дека целиот твој труд на темава изгледа како залуден ... Никој не чита предходни постови ... А и да читат повекето се со пристапот „ ти незнаеш , јас ке ти кажам “ и знаат за масоните само од емисиите на Нова тв и мислат дека масоните се страшни чичковци кои крадат деца ноќе и го контролираат светот .

Сега за пентаграмот . Пентаграмот е симбол кој се користел и во пред христианската ера . Генералната симболика е 4 елементи плус 5 тиот ( анима или светлина или живот во зависност од митологиата за која се зборува пошто го има во сите . ) Во тие конотоации не се употребува како означување на доминациа на ништо врз ништо , туку единството мегу овие 5 во внатрешниот петоаголник .
Теориата за доминациата не е точна бидејки краците на пентаграмот се еднакви ... ништо не е поголемо од другите .
Е сега инвертираниот означва исто нешто ... само што кај инвертираниот се дава поголемо значење на 4 елементи а на обичниот повеке на 5 тиот .

Е сега да се навратам на темата . Масоните не го граделе и планирале вашингтон . Тоа е само дел од теориите на завера кои се трудат да го искористат нашиот страв од непознатото ... Имено за масонството многу малце се знае поради тајноста на тоа што се случува во ложите . А ако нешто не познаваме обично тоа предизвикува страв кај нас ...

Масоните се луге кои во основа се трудат и работат на подобрување на себеси а преку тоа и подобрување на светот околу себе .
Ако навистина го контролираа светот тој ке беше далеку подобар за живеење .
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.823
Поени од реакции
80.357
Сега за пентаграмот . Пентаграмот е симбол кој се користел и во пред христианската ера . Генералната симболика е 4 елементи плус 5 тиот ( анима или светлина или живот во зависност од митологиата за која се зборува пошто го има во сите . ) Во тие конотоации не се употребува како означување на доминациа на ништо врз ништо , туку единството мегу овие 5 во внатрешниот петоаголник .
Теориата за доминациата не е точна бидејки краците на пентаграмот се еднакви ... ништо не е поголемо од другите .
Е сега инвертираниот означва исто нешто ... само што кај инвертираниот се дава поголемо значење на 4 елементи а на обичниот повеке на 5 тиот .

Реков јас дека ќе одиме со off-topic-ци....

Горниот крак доминира, во висина, над останатите. А и петиот елемент врз базичните четири. Има единство помеѓу елементите, но не се исти "по ранг".
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Донекаде беше интересно за пентаграмот, само мислам дека навистина е доста и ептем ќе се забега ако продолжите :smir:
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Вчера на крај ја гледав емисијата на Наша Тв за масоните , имаше за бројот 13 колку е битен во масонсонството , ситни детали на американскиот долар кои не се случајни , за бувот итн .
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Antipater - се согласувам. Многу масони има кои ги поминуваат степените, но не навлегуваат длабоко во езотеријата. Сепак, секој со своите идеи и лични потреби. Како што реков - има три основни елементи во Масонството, секој си го наоѓа своето место барем во еден од нив.
1307, не знам дали беше во тој контекст кажано, но масонството не е дуалистичко учење.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34
Вчера на крај ја гледав емисијата на Наша Тв за масоните , имаше за бројот 13 колку е битен во масонсонството , ситни детали на американскиот долар кои не се случајни , за бувот итн .
Za emisijata mozam da kazam deka ima pomalku vistina otkolku delata na Den Braun(a istiot ima javno izjaveno deka pisuva bestseleri koi se prodavaat a ne istoriski romani,znaci vistina ni trunka oti poentata e profit) i zatoa dajte luge zarem ke veruvate na nekoj koj se sto postoi na ovoj svet go stavi vo ist kosh kako gjavolski raboti???Pa toa funkcionira i pali samo vo amerika ne i kaj nas.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom