Lurtz...
во последниве 60-тина страници ги имам одговорено и објаснето сите прашања кои ги поставуваш... еве ќе се обидам уште еднаш - ако испуштам нешто потсети ме.
Во ложата е забрането да се зборува за политика и религија. Господинот кој е цитиран е член на Големиот Ориент на Франција, која е нерегуларна ложа и е исфрлена од меѓународното братство, пред повеќе од 130 години - токму заради тоа што почнуваат да се занимаваат со политика во ложите и затоа што почнуваат да примаат атеисти. Тоа се коси со основните масонски принципи, и денес, ГОдФ е ограничена само на своето членство и не се во состојба да остваруваат масонски контакти со другите регуларни ложи по светот.
Се повторува прашањето - за што точно се зборува во ложата... За личното усовршување на поединецот. Толстој има една мисла - Секој сака да го промени општеството, никој не сака да почне од самиот себе си. Токму тоа е она што масонтвото го прави - се труди да помогне на своите членови да се усовршат лично. Во општество, и во свет во кој сме превземени од материјалното и каде се што се прави или се гледа или се толкува низ призмата на материјалното - масонството е една од малкуто оази во која духовниот развој е на прво место.
Масонството е општество на луѓе кои повеќе ја ценат добрината и моралот, отколку рангот и богатството. Внатре во ложата - не е битно дали некој од браќата е кондураџија, а другиот милионер. Сите се еднакви. Ќе дадам конкретен историски пример - за време на претседателството на Рузвелт, тој и неговиот возач биле членови на истата ложа. Уште повеќе - возачот бил Мајстор на ложата (односно раководел со нејзината работа).
Како што реков - во свет во кој сме опседнати со материјалното и со рангот - ова е речиси невозможно да се разбере. Ако повеќето луѓе размислуваа вака - тогаш ќе имавме 500 милиони, а не 5 милиони членови.
На кој начин се случува тоа лично усовршување... Преку алегории, симболи, морални поуки. Кога влегуваш во ложата, е како да влегуваш во друго време, во друг свет. Одеднаш имаш луѓе, убаво облечени, секој со секого е брат, секој со секого е во добри односи, секој секого почитува и го сака искрено, како да му е роден брат - без разлика дали се познаваат еден час или 30 години. Одеднаш си во средина во која луѓето зборуваат и се однесуваат како што тоа го правеле пред 200 или 300 години - со манири, со почит, со достоинство. Како што реков, ова некому ќе му изгледа како целосна глупост - но токму затоа - не е масонството за секого.
Колку до влијанието во општеството... тоа се случува на два начина.
Кога еден човек се усовршува самиот себе си - неминовно е тој да сака да го усоврши и општеството во кое живее. Неминовно е принципите по кои се води, да се труди да ги инкорпорира во работата која ја работи. Кога човекот е политичар - нормално е тие принципи да влијаат во неговата работа и да се труди да ги наметне на самото општество. Тоа не го прави масонството. Тоа не го прави ложата. Тоа го прави поединецот, затоа што верува дека тоа е начинот да се има подобро општество, подобар свет. Само пример - ако ги погледнеш претседателите на САД, оние кои биле масони, и ден денес важат за луѓе со чест, со достоинство, луѓе кои го помогнале општеството - Вашингтон, Џеферсон, Вилсон, Рузвелт (и двајцата), Форд. За жал - последниот масон претседател беше (сега покојниот) Џералд Форд. Пред повеќе од 30 години. Мислам дека е неспорно дека моралот и вредностите во американската политика се постојан опадок оттогаш наваму и земја која беше идеал за многу земји, се претвори во пример за потсмев и предмет на омраза.
Затоа и го кажав за Македонија тоа што го кажав - ако во Македонија имаше масонска ложа порано и ако имаше можност да има повеќе членови, тогаш многу од тие луѓе ќе го пренесеа тоа морално влијание и вредности во политиката, во бизнисот, во општеството. Тоа ќе изградеше една сосема поинаква држава од она што го имаме сега. Јас живеам во Канада, каде масонството е присутно во јавниот живот речиси два века. Државата и нејзините принципи се буквално оформени од масони... можам да ти кажам дека има огромна разлика во општеството тука и таму (не само во однос на развојот - туку и во однос на социјалната култура на однесување и живеење, кои пак неминовно се одразуваат и на развојот).
Вториот начин на влијание, од каде што потекнуваат сите теории на заговор, е тоа што ние имаме безрезервна доверба едни кон други. Доколку еден брат побара помош од мене за нешто, тогаш знам дека неговите намери се чисти и ќе му помогнам. Доколку го прекрши тоа - тогаш ризикува да биде исклучен од братството. Кога соработувам службено со масони - никогаш не ми се случило да имам проблеми. Многу често дури немам ни писмен договор, затоа што стискањето на раката е доволно. Ова е истотака неразбирливо за многумина, затоа што живееме во свет во кој довербата, честа и принципите се нешто кое се спомнува во литературата во минатото...
Во врска со кажувањето на тоа кој е масон, а кој не - имав детално објаснето зошто тоа не се прави. Лично право на секој е да каже дали е член или не. Дури и една фирма, не ги објавува јавно списоците со своите акционери. Во конкретниов случај - тоа не се прави, за да се заштити личноста од непотребни реперкусии во општеството и средината во која живее. Има секакви фанатици (во Истанбул 2 пати во последниве 5 години има бомбашки напади на ложи), не секој разбира за што точно станува збор. Лично право на секој е дали ќе каже или не. Во САД и во Канада, доста појавно е. Луѓето носат значка, прстен, јавно се декларираат - не претставува проблем. Во Западна Европа - некаде појавно, некаде не... во Источна - сеуште не е спремно општеството да го прифати масонството онакво какво што навистина е.