Мислам дека јас веќе објаснив што се Илуминатите... ајде уште еднаш, штом се отвора повторно тоа прашање.
Илуминати - е група, друштво, формирано од Адам Вајшаупт. Основачите на организацијата се масони! Причината за формирањето на групата е наводно подлабоко езотеричко проучување, особено на кабалистички идеи. Но... многу бргу по формирањето, почнуваат да се занимаваат со политика и тоа доста отворено. Да не забораваме, ова е во 1780-тите години, кога се случуваат доста промени во Европа и во Светот. Во Америка веќе е на големо во тек борбата за независност. Во Англија веќе се поминати големите промени и општеството е доста подемократски уредено. Холандија одамна е веќе демократија и е укинат феудализмот. Во Франција, секој момент ќе се случи Големата Револуција... Германија од друга страна е доста побавна во овие промени, особено Баварија (каде што се наоѓаат Илуминатите).
Вајшаупт има доста крајни идеи, не само во врска со политичкото уредување, туку и во врска со начинот на кој треба да се извршува политичката активност. Неговите јавни пројави водат до тоа да биде исклучен од масонската ложа! Со тоа - и тој и сите членови на неговата организација, престануваат да бидат масони.
Владетелот на Баварија, самиот масон, ја забранува целосно организацијата на Вајшаупт и апси поголем дел од членовите, под обвинување на заговор против власта. Вајшаупт пребегнува во Швајцарија, оттаму во Шведска, но тоа е крај на неговите активности. Престанува да постои фамозната организација Илуминати, некаде кон крајот на 1780-тите. Зад себе остава напишани и објавени 3 книги, поголемиот дел од напишаното се однесува на неговите политички идеи.
Е сега... од каде денес толку многу се зборува за оваа организација?
Има неколку извори за нивната актуелност, сите од 19-тиот век. Ниеден од тие извори не е ниту историски, ниту фактографски издржан и уште во нивно време било докажано дека тоа што е напишано е фалсификат или чиста измислица.
Еден од нив е Лео Таксил - шарлатан, автор на крими романчиња и конспирациски книги од крајот на 19-тиот век, во Париз. Пишува серија на книги за масоните, каде што главни играчи се илуминатите. Тој го воведува познатиот мит за Бафомет и познатата слика за него, повикувајќи се наводно на докази од католичката црква користени при судењата на Темпларите. Се разбира - такви докази не постојат, ниту некогаш постоеле - но неуките маси во Париз тоа не го знаат... Не само тоа - ами тој пишува во своите книги како зборува со духот на некоја вештица, која е божица на масоните и која директно комуницира со духот на Алберт Пајк (починат во тоа време), и која директно го пренела во текот на една вечер преку Атлантскиот Океан во Америка за да се сретне со духот на Пајк, а во друга книга го одвела во длабочините на пеколот, за да види како изгледа следниот живот...
Хм... Значи... автор кој го напишал сево ова (а и уште многу други глупости од овој тип) се зема и ден денес како релевантен извор на информации?!?!?!
Неколку години трае неговата слава, но станува премногу славен. Книгите стануваат премногу актуелни и читателите веќе сакаат да се сретнат на живо со него и уште повеќе - бараат од него да ја покаже таа вештерка (божица) со која зборува и од која му се сите информации за Илуминати, Масони и се останато... Тој оди дотаму што на неколку пати свикува конференции на кои објавува дека ќе ја донесе, но се разбира - ги откажува подоцна. На крај, не можејќи да даде никаков доказ за своите книги, ЈАВНО признава дека сето тоа било измислица. Против него е покрената судска постапка за заведување на народните маси!
И ден денес - 90% од приказните за сатанистичката поврзаност на илуминатите, всушност потекнува од овој извор. Сами преценете дали има смисла да се верува и да се сфати сериозно.
Втората линија на приказни во врска со Илуминатите и Масоните потекнува од прочуените Протоколи на Сионските Мудреци... Истотака - измислица, која е докажано дека е чист фалсификат уште во времето кога е објавена!
Сепак - тоа не спречува илјадници автори и ден денес да се повикуваат на тие писанија, и да велат дека - ете, масоните ве лажат и сакаат да ве убедат дека е тоа измислица.
Проблемот во таа теорија пак е во тоа што не масони, а лингвисти имаат докажано, многу едноставно и со многу јасни, конкретни, непобитни докази, кои стојат на располагање на секој кој малку повеќе разбира од структурата на јазикот и пишувањето. Но, се разбира - обичниот народ, масите не се такви и соодветно, полесно им е да ја примат теоријата на заговор која овие таканаречени протоколи ја промовираат.
Инаку - протоколите се однесуваат на Масонско, Илуминистичко, Еврејски заговор против светот. Оттаму е кованицата Јудео-Масонство, која се користи потоа од Франко, Хитлер и Мусолини.
Само што - протоколите се препишани од неколку претходни текстови, кои се однесуваат на сосема други теми и имаат сосема други "негативци". Основата ја зема од француски текст напишан во 1860-тите години, каде што не се ни спомнуваат евреи, уште помалку масони, а се однесува на комунистите и на штотуку актуелизираната Интернационала. Протоколите имаат буквално цели пасоси, па дури и страници директно препишани од овој текст, само со промена на негативецот. Има и препишување од неколку други текстови.
Како што реков - тоа не ги спречува шпекулантите и шарлатаните да ги цитираат во последниве 100 години како да се чиста вистина и непобитен факт.
Ќе дадам само еден пример. Тоа е како денес да напишете книга, во која ќе кажете дека Никола Груевски (се извинувам што употребувам конкретно име) има натприродна моќ и дека на тој начин ги добива изборите, и не само тоа, ами за време на интервјуата, прави некаков магиски ритуал, со кој ги хипнотизира гледачите, за потоа да може да испрати кај нив духови и да влијае врз нивниот живот. Се разбира, ова ќе го поткрепите со конкретни случки и сведоштва од прва рака, како и од луѓето кои му помогнале да го постигне тоа, но потоа се одметнале од него, кога виделе дека го злоупотребува.
И после 100 години, некој да ја земе оваа книга, и да ја препишува како официјална верзија и да ја раскажува како историја.
Отприлика исто е... (иако сум сигурен дека денес може да се најдат барем 100-тина будали кои директно се во состојба да поверуваат во примерот кој го наведов со премиерот и се апсолутно убедени дека е тоа чиста вистина!:uvo
Така да - секогаш, што и да прочитате што се базира на шпекулација, споредете го со неколку извори и со различни автори, но пред се - проверувајте ги основните факти кои се наведени во напишаното!