Ајде уште еднаш да објаснам...
Морал и Догма се однесува на сите степени и од "синото" масонство (трите степени) и од Шкотскиот орден (до 33-та степен).
Реченицата која ти ја цитираш: "Lucifer, the Light-bearer!" - е аналогија и е директно земена од Библијата! (затоа и реков претходно - навистина се потребни сериозни познавања од Библијата за да може да се дискутира езотериката на масонството).
Луцифер значи (буквално!) - Носител на Свелината (Lucis Ferrе). Потекнува од Стариот Завет, пророкот Исаија, книга 3, стих 12:
12 Како падна од небото Деницо (Светлоносецу), сине Зорин? Како ли си симнат на земјата ти, угнетувачу на народите?
Се однесува на падот на ангелот, кој станува ѓавол. Деница, или Светлоносец, се однесува на фактот што утринската ѕвезда е таа која ја најавува светлината на денот.
Кај Пајк, ако го извадиш од контекстот, тогаш ќе звучи како да му се восхитува. Но, ако го гледаш во рамките на контекстот во кој е напишано - ќе видиш дека Пајк зборува со директен негативен однос кон него, и отприлика тоа што го вели е - како може да подведе некого едно такво романтично име и таква една лажна светлина... пазете се од неа!
Целото поглавје се однесува на тоа како треба да се пазиме од лажната светлина, од лажниот сјај, од привремените материјални придобивки, од позицијата во општеството, од парите, златото итн... дека не е тоа вистинската вредност, туку лажната и дека токму тоа не води по погрешен пат и се подалеку од вистинската светлина.
Ова, е доста Библиска поука, во секој случај.