F
FallenHypaspist
Гостин
А братче се гледа дека сме читале од различни извори.Fallen - ако те мрзи - не читај. Има тука кратки некои постови за лизардс и слично - прочитај ги, веројатно покорисни ќе ти бидат :kesa:.
Аце - многу прашања, ајде едно по едно:
1. баш ме интересира кога е основана организацијата на слободните ѕидари
Не е познато! Првата Голема Ложа (здружение на ложите во една држава) е формирана на 24ти Јуни, 1717-та година.
Првите масонски записи се од 14-тиот век, иако има некои дела од 10-тиот век, за кои може да се каже дека изобилуваат со масонски елементи.
Претходно? Којзнае... масонската традиција генерално се пренесува усно (дури и денес), така што тешко е да се пронајде почетокот. Според една од легендите - првата ложа е отворена од Мојсеј во пустињата, при Излезот од Египет.
2. кој ја основал?
Конкретно име не постои. Современото потекло е од каменорезачките гилдии и е процес кој траел со векови.
3. какви биле околностите тогаш?
Може да зборуваме само за масонството во денешниот негов вид. Се оформува околу 15-17ти век. Крајот на феудализмот, почетокот на промените, првичното воведување на демократија, развој на уметностите, развој на науката, поставување на разумот пред суеверието итн...
Иако може да се тврди дека тоа создало услови за развој на масонството, ако се погледнат имињата кои биле масони во тој период, ќе се увиди дека е обратното - а токму од нив потекнуваат овие промени, социјален и интелектуален развој.
4. како се развивала цела таа организација?
Во почетокот тајно. Заради преследувањето од страна на црквата на секој кој не мислел како нив и секој кој се осудувал да зборува за слобода, права, еднаквост на сите... Од 1717-та година е јавно, иако доста дискретно, затоа што повторно - преследувањата не запреле.
Во Хитлерова Германија - првите кои биле уапсени, прогонети, ставени во логори и убивани биле масоните. Истото се случувало во Италија. Сепак - најголемиот прогон е извршен во Шпанија од страна на Франко. Иако во Шпанија има само 5.000 масони пред граѓанската војна, тој убива 80.000 луѓе под обвинување дека се масони. Убивале секој за кој што постоело сомневање и убивале секој што бил поврзан со него (семејство, пријатели, соработници). Тоа налага доста голема доза на дискретност кога се зборува за масонството, за членовите итн.
Од оваа страна на океанот - се развива доста слободно. Поточно кажано - и САД и Канада, се земји кои се создадени на масонски принципи (во САД уставот и декларацијата за независност, во Канада - Картата на Правата).
5. ако е можно, кои се нејзини дела или дејствија?
Дела и дејствија на масонеријата нема! Има дела и дејствија на поединечните масони. Секој делува по свое лично убедување, по сопствена воља и во рамките на сопствените можности. Нема "команден синџир", нема наредби што да се прави, како да се прави...
Дела на масони? Толку многу што енциклопедија не би била доволна да се набројат само... Ќе набројам имиња, ти пробарај по нет што се правеле...
Моцарт, Њутон, Да Винчи, Галилео, Дидро, Волтер, Гете, Бетовен, Лист, Пиер Кири, Александар Флеминг (пеницилин), Хенри Дунан (Црвен Крст), Џејмс Нејсмит (ја измислил кошарката), Черчил, Труман, Рузвелт (двајцата), Нет Кол, Дјук Елингтон и Оскар Петерсон (тројцата џезери)... можам да набројувам до утре...
6. според масоните, која година е сега? зошто баш од тогаш почнува да се одбројува времето?
6009-та. Додаваш 4000 на сегашната бројка. Затоа што во средните векови било "пресметано" дека "Нека Биде Светлина", односно создавањето на светот се случило 4000 години пред Христа (не од масони, туку од црквата). Масонството го превзема симболички, како годината во која на светот му е дадена Светлината (од Бога). Затоа и се нарекува - Anno Lucis (A.L.) - Година на Светлината. Значи сега е 6009 A.L.
7. кои се видни денешни масони? (*нормално за кои можете да ни кажете)
Може да се зборува за оние кои јавно се декларирале... Не се многу таквите, особено познатите личности внимаваат, затоа што после нивните придобивки и успеси ги припишуваат на тоа што се масони, а не на нивниот труд и усилија.
Еден многу познат - Стив Вожњак (ко-сопственик и основач на Apple).
Според изворите од кои имам јас читано Илуманатите подоцна наречени масони се организација за која се смета дека се оформила околу 12 000 година п.н.е. Поточно се оформило Братството на змијата кое било поделено на 2 dела - Илуманати и Илуманари - Братството на жолтиот змеј и Братството на црвениот змеј...ајде не ми се куца веќе...
Инаку биди ми поздравен и не ме сваќај погрешно...:smir: