Масони

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Вака неколку скромни и неуки прашање. Ако може Зидарски да ми објасни малку околу таа ткн. езотерија во слободното масонство?
Прво, нели, да се биде масон е потребно да се верува во Supreme Being. Дали тоа може директно да се преведе како Бог, без врска дали е христијански, муслимански или еврејски? Или се работи за Архитектот на универзумот? Некако поимите не се поклопуваат целосно...

Второ, околу ритуалите на масонството, во кои како напомна некои работи се влечат од христијанството и христијанските симболи. Како сега масон со исламска вероисповед ќе ги пренесе тие ритуали и симболи? Дали за него ќе имаат исто значење како за католичкиот, протестантскиот и православниот масон?

И трето, претходно нешто напомнавте дека дел од масоните може да се концентрираат само на братското дружење и на добротворните цели, без да се интересираат за езотеријата, ритуалите, историјата на масонството. Дали сепак и тие имаат барем основно познавање на овие поими и на што тие значат во масонството? Или можеме да ги наречеме ignorant масони??
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Zidarski според вас - масоните, кој датум е денес ?
И ако сакаш да пообјасниш нешто околу тоа ...
Не се сеќавам дали имав пишувано нешто околу оваа тема тука или беше на друг форум...
Значи - секој еден масон го користи календарот кој е во употреба - односно, денес е 25-ти декември, 2009-та година. Но - има друг календар, кој симболички се употребува, таканаречен Anno Lucis, односно - Година на Светлината. Тој календар се пресметува така што на постоечката година ќе се додаде 4000.
Пак ќе повторам - тоа е чисто симболички календар, а не практичен, односно не се употребува во практична примена.
Зошто токму таа година? (пред некој да почне со теза дека е тоа еврејски календар - еврејскиот се разликува од овој!)
Во средниот век, имало многу обиди да се пресмета староста на светот според Библијата. Имало неколку варијанти според кои се пресметувало, но најприфатена била една, која вели дека тоа било 4000 пред Христа.
Масонеријата уште тогаш го прифаќа, од чисто симболички причини - и времето го мери од моментот во кој Бог во Библијата вели: Нека Биде Светлина (Генезис 1:3). Бидејќи Светлината (знаењето) е битен елемент во масонеријата - тој момент се зема симболички како почетен момент на броењето на времето.
Затоа на многу згради изградени од масони, ќе се сретне знакот A.L.5679 (или друга бројка, зависи од годината во која е изградена зградата). Тоа не значи дека самата зграда е ложа, или дека таму живеат или работат масони - понекогаш архитектот е масон, па решил да даде такво обележје.

Вака неколку скромни и неуки прашање. Ако може Зидарски да ми објасни малку околу таа ткн. езотерија во слободното масонство?
Езотерија - знаење кое е достапно на посветените. Сите филозофски правци, сите духовни организации, па дури и религиите го имаат. Во Христијанството има одредено духовно знаење, кое е достапно само за оние кои се посветени (свештенството - едно од Таинствата на црквата).

Прво, нели, да се биде масон е потребно да се верува во Supreme Being. Дали тоа може директно да се преведе како Бог, без врска дали е христијански, муслимански или еврејски? Или се работи за Архитектот на универзумот? Некако поимите не се поклопуваат целосно...
Бог е Архитектот на Универзумот. Зарем не е Тој Оној Кој создаде се? Зарем не е Универзумот Негово дело? Големиот Архитект на Универзумот е атрибут, не име. Како што е атрубут - Семоќен, Севишен, Сезнаечки, Милостив, итн...

Второ, околу ритуалите на масонството, во кои како напомна некои работи се влечат од христијанството и христијанските симболи. Како сега масон со исламска вероисповед ќе ги пренесе тие ритуали и симболи? Дали за него ќе имаат исто значење како за католичкиот, протестантскиот и православниот масон?
Масонските симболи иако во еден дел (велам во дел, не во целост) се повлијаени од Христијанството и од Христијанската култура, сепак се универзални и се општо-човечки. Бидејќи не се религиозни во својата природа - нема пречка за било кој член да пронајде значење во нив. Се разбира - секој наоѓа свое лично, индивидуално значење. Дури и двајца Христијани, кога гледаат во еден симбол - ќе извадат различен заклучок. Токму тоа е убавината на масонеријата - нема догма, само поттик за усовршување и учење.
И трето, претходно нешто напомнавте дека дел од масоните може да се концентрираат само на братското дружење и на добротворните цели, без да се интересираат за езотеријата, ритуалите, историјата на масонството. Дали сепак и тие имаат барем основно познавање на овие поими и на што тие значат во масонството? Или можеме да ги наречеме ignorant масони??
Да се разбира дека имаат основно познавање. Но - има луѓе кои се длабоко посветени на езотеријата, има масони кои се длабоко посветени на добротворноста. Не е тоа игнорантски однос - затоа што и едното и другото се подеднакво важни и потребни. Идеално е кога сите три елементи би биле присутни - но секогаш луѓето тежнеат кон едниот од трите повеќе, таква е природата на човекот. Затоа - секој си ја пронаоѓа својата нишка...
 
Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Езотерија - знаење кое е достапно на посветените. Сите филозофски правци, сите духовни организации, па дури и религиите го имаат. Во Христијанството има одредено духовно знаење, кое е достапно само за оние кои се посветени (свештенството - едно од Таинствата на црквата).

Бог е Архитектот на Универзумот. Зарем не е Тој Оној Кој создаде се? Зарем не е Универзумот Негово дело? Големиот Архитект на Универзумот е атрибут, не име. Како што е атрубут - Семоќен, Севишен, Сезнаечки, Милостив, итн...
Јасно, јасно, ама пак дали е можно некој тоа Supreme Being да го протолкува како нешто поинаку од јудео-христијанско-исламскиот поим за Бог? Некакви пофилозофски и поапстракни концепти, како на пример во херметичките учења и сите тие 'еретички' ранохристијански религии.
Бидејќи вака на прв поглед (имам многу прочитано, ама сум скептик по убедување) ми изгледа дека се остава простор за некои луѓе кои не го признаваат монотеистички Бог како што го познаваат христијаните/муслиманите/евреите/итн. да влезат во редовите на масоните.

И фала за трпеливоста на овие стотина страни
 
Може да претставува само монотеистички Бог. Причините за тоа се содржат во самиот ритуал на масонеријата.
Но - како ќе се дефинира тој Бог, е оставено на поединецот. Некој може воопшто да не го дефинира како што е во Јудео-Христијанската традиција, а да го дефинира само како неименувана Виша Сила која го води универзумот, на пример. Така што - може да е "поапстрактен" концепт, но не може да е политеистички во својата природа.
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
zidarski-dali ova na slikive e loza i sto se slucuva vo lozava.....ako smees da kazes....i zosto gledam zeni vo lozava.....ako ova e voopsto loza.....
 
Attachments

Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Ложа е. Жените не се членови (како што гледаш, немаат престилки). Штом има нечленови присутни, тоа значи дека е некаква јавна церемонија - може да е оддавање почит некому, давање на некаков медал за заслуги итн... Многу често има такви церемонии.
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
zidarski-mozno li e lozite da se poznavaat vizuelno kako na primer na slikava, na primer da mi kazes dali lozava e regularna i priznata ili ne......
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Не, не можам да знам дали е регуларна и призната или не само од слика.
 
bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Масоните постојат. Илуминатите не.
Илуминати - здружение кое постоело неколку години во 18-тиот век, почнало со позитивна намера и идеи - да собере во себе интелектуалци, филозофи и ументици во Австрија и Германија. За жал - набргу, неговиот основач почнува да го користи тоа за да оствари политичко влијание и почнува да се занимава со политика и отворено да настапува против црквата. Масонеријата се откажува од тоа здружение и речиси сите видни интелектуалци го напуштаат. Наскоро бива забрането, а основачот е протеран од Баварија. Со тоа престанува да постои. Сепак - останува како тема во литературата уште долги години и денес, многумина веруваат дека сеуште постојат, иако доказите го велат
а од кај си убеден дека не постојат?
Ротшилд,Рокфелер... тие фамилии сеуште постојат :toe:
таму неможе секој да влезе за разлика од Масониве...

и да те прашам, зашто толку се експонираат, зарем не треба да бидат тајно друштво?
и дали припадноста на ложите се оценува според бојата на униформата која ја носат :toe:

дали има разлика меѓу ѕидарите и слободните ѕидари?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
а од кај си убеден дека не постојат?
Долго годишно занимавање со таа тема и доста солидно познавање на историјата.

Ротшилд,Рокфелер... тие фамилии сеуште постојат :toe:
таму неможе секој да влезе за разлика од Масониве...
Ни едните, ни другите не биле дел од Илуминатите на Вајшаупт.

и да те прашам, зашто толку се експонираат, зарем не треба да бидат тајно друштво?
Масонеријата не е тајно друштво веќе 300 години. Друштво со тајни - да.
и дали припадноста на ложите се оценува според бојата на униформата која ја носат :toe:
Не го разбирам прашањето, ако сакаш објасни.

дали има разлика меѓу ѕидарите и слободните ѕидари?
Па, првото е занает, второто е македонскиот превод на она што е попознато како Масонерија (Free-masonry).
 
Член од
11 април 2009
Мислења
87
Поени од реакции
5
Прашање до Зидарски

Ако сакаш преведи го зборот на македонски јазик good standing,(кај нас е преведен да е човек на добар глас),но во висинска смисла на зборот тоа не е правиот превод ,тоа е еден од условит кој треба секој да ги исполне за да постане член.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Прашање до Зидарски

Ако сакаш преведи го зборот на македонски јазик good standing,(кај нас е преведен да е човек на добар глас),но во висинска смисла на зборот тоа не е правиот превод ,тоа е еден од условит кој треба секој да ги исполне за да постане член.
Висока - почитувана репутација :) ете ти превод на зборот :smir:
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Само да искористам шанса да спомнам дека статусот на Зидарски е good standing, човек со висока, почитувана репутација.
Неговиот допринос на темава е бесценет и сакам само да знае дека го почитуваме тоа.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Ти благодарам Никола.

Прашање до Зидарски

Ако сакаш преведи го зборот на македонски јазик good standing,(кај нас е преведен да е човек на добар глас),но во висинска смисла на зборот тоа не е правиот превод ,тоа е еден од условит кој треба секој да ги исполне за да постане член.
Означува човек кој е со добар углед во општеството. Секогаш кога ќе го спомнам ова, во Македонија, реакцијата е - "значи богат". Не знам како и зошто добриот углед се врзува со богатството. Дали толку малку се вреднуваме како луѓе во Македонија, што угледот и добриот глас ги врзуваме со парите кои човек ги има?
На добар глас, или човек со добар углед, значи човек кој е почитуван во средината во која живее - се грижи за семејството, се грижи за заедницата, се грижи за општеството. Помага на секој начин на кој може, допринесува за подобра иднина на луѓето околу себе (има многу начини тоа да се направи). Човек кој има високи морални вредности, човек кој е верен на своето семејство, човек кој не се прекршува под притисокот на искушенијата кој секојдневно не следат.
Дали треба да има пари? Доволно за неговото семејство да има нормален живот. Ако семејството ти страда за основни работи, не може ти да се занимаваш со било што друго освен со тоа како да ги обезбедиш.
 
Член од
4 јануари 2010
Мислења
22
Поени од реакции
0
zidarski гостин кај Јанко Јади Бурек беше една темпларка.
Женава спомна дека не веруваат дека во смртта и воскресението на Исус.
Што мисли масонеријата за ова?
ti dechko neshto si pobrkal...stvarno neznam kaj go slushna ova shto go tvrdish.
Znaci stvarno mi e preku glava od lugje koi ne ja gledale emisijata a preraskazuvaat gluposti ili pak nemaat dovolno intelekt da ja razberat...
i te molam vakvi gluposti da ne shirish...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom