- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.378
- Поени од реакции
- 84.626
Познатиот ракометар Стојанче Стоилов на Фејсбук го коментира протестот за „Монструм“ кој вчера се одржа во главниот град, и вели дека во државата има двојни аршини, едни за Македонците, а други за Албанците.
Како пример ги наведе фрлањето по крстот во Охрид за Водици и карневалот во Вевчани каде имаше санкционирани граѓани.
„Охрид санкционирани дечките што скокале по крстот, Вевчани за карневалот специјалци насилно ги разби луѓето... поради короната. А ова се случува во главниот град Скопје за време на корона... епа најверојатно за Албанците важат други закони. Друго нема, а и не е првпат!!! Ало Влада на Република Македонија, Министерство за внатрешни работи има некој?!!!“, пишува Стоилов.
За протестот имаше повеќе реакции.
Скандирањето „УЧК“ за време на кој било протест ја разгорува меѓуетничката омраза, порачува директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Професорката Тања Каракамишева реагираше за двојни аршини на институциите, коментирајќи го протестот за случајот „Монструм“.
„Никој не е приведен за скандирање националистички и големоалбански пораки, иако Кривичниот законик дава правен основ за такво нешто. Двојните аршини на одговорност и натаму се на сила, нели Спасовски? Едни за Македонците, други за Албанците!БЛЕСКАМЕ!!!“, пишува таа.
Ова не е прв пат да има вакви протести во Скопје.

![](https://faktor.mk/media/inline/2021/01/124818Untitled.jpg)