Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.440
Поени од реакции
3.698
Ако ова е вистина, дека децата биле жртви на политички интереси, веќе слободно можеме да кажеме обивнителството заслужува бесење на сред плоштад.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Ако ова е вистина, дека децата биле жртви на политички интереси, веќе слободно можеме да кажеме обивнителството заслужува бесење на сред плоштад.
А ако не е истото го заслужуваат тие што ја пласираат оваа информација.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Ај во негов стил - авторот на оваа колумна е потпретседател на партијата МДСМ. Ја прочитав два пати заради бомбастичниот наслов. Мислев дека има врска со убиствата, но се што разбрав е дека авторот инсинуира дека се вртеле пари и ден после убиството. Да тоа е срамно доколку е вистинито (а од ова што го посочува во колумнава тешко се гледа некој доказ освен дека некој правел маубет...) но не знам што тоа зборува за самото убиство?
Милковско Езеро
Денес ќе ви раскажам приказна за една чудна земја. Сите настани и ликови од оваа приказна се вистински, освен оние што не се. Некои можеби ќе се препознаат, некои не. Нема врска.

Приказната е за земјата Камедонија. Главен град на Камедонија е Копје. Во Камедонија апсолутистички владее Премиерот. Во Копје, на 12 април 2012 година, на Велигден, се случи еден трагичен настан. Покрај Милковското Езеро, кое се наоѓа на периферијата на Копје, четири млади момчиња и еден возрасен човек брутално беа убиени.

Ама ова не е приказна за нив. Приказната за нив е тажна и никогаш нема да заврши. Ова е приказна за Петар. Петар е млад градежен инженер, кој долго време бара работа и не може да ја најде, зашто во Камедонија има огромна невработеност. Во Копје се случуваше градежна офанзива. Партијата на Премиерот целосно го промени ликот на главниот град на Камедонија, градејќи многу споменици, музеи, фонтани и административни згради. Јавноста беше поделена, некои го одобруваа проектот, а некои гласно му се спротивставуваа. Ама ова не му помагаше на Петар. Него не го интересираше политика и тој не поседуваше членска книшка на партијата на Премиерот за да може да се вработи.

Сепак, шест месеци пред настаните на Милковското Езеро, Петар покрај многуте апликации за работа, испрати една и во една од копските општини во кои се градеа најмногу споменици. Тој секаде си ја пробуваше среќата, воден од поривот еден ден конечно да се занимава со својата професија. Шест месеци немаше никаков одговор. Тој ниту го очекуваше и се имаше помирено со судбината дека некој од партијата на Премиерот веќе го добил местото.

Но, неколку дена пред настаните од Милковското Езеро се случи нешто чудно. На Петар му се јавија од Владата да го поканат на интервју за работа. Петар беше зачуден, бидејќи никогаш немаше аплицирано за работа во Владата. Сепак, реши да види за што се работи и да си ја проба среќата. Интервјуто беше закажано за 13 април, ден по Велигден и убиствата на Милковското Езеро.
На тој 13 април во Копје млади луѓе протестираа по улиците и го изразуваа својот револт заради злосторот од претходниот ден. Дури и полицијата требаше да интервенира и се судри со демонстрантите. За среќа, немаше повредени и жртви. Целата земја беше обвиткана во црно.

Петар на тој ден се појави во Владата. Иако беше неработен ден, во Владата имаше луѓе. Тој таму виде и некои други негови колеги што исто така чекаа за интервју за работа. Никој не знаеше зошто е таму и со кого треба да разговара.

Тогаш почнаа да ги повикуваат еден по еден. Кога Петар влезе во просторијата за интервју, сфати дека всушност се наоѓа во кабинетот на Премиерот. Во кабинетот седеше лично Премиерот, заедно со една негова советничка, сопруга на министерот за внатрешни работи на Камедонија. Во Камедонија тоа не беше чудно. Така функционираа работите. Првиот братучед на Премиерот беше шеф на тајната полиција, а кумот на Премиерот беше министер за финансии. Сѐ се вртеше во фамилијата.

Во кабинетот владееше чудна тишина предизвикана од блокираните улици поради протестите за згаснатите животи. Петар седна и Премиерот го почна интервјуто наводно за советник од областа на градежништвото, кој бил потребен во премиерскиот кабинет. Петар одговараше механички на поставените прашања во врска со неговите професионални квалификации. Не можеше да се изначуди како во време кога на улиците на Копје има немири, и кога сите жалат за жртвите од Милковското Езеро, овој човек седи тука и спроведува интервјуа за работа на неговите споменици. Петар не се чувствуваше убаво. Разговорот беше многу коректен и професионален, но имаше нешто што однатре му кажуваше на Петар дека денес не треба да биде таму. Имаше некаков немир во него внатре, уште кога претходниот ден разбра за убиствата.

Интервјуто заврши и Петар ја напушти Владата. Не знаеше каде да оди. Улиците беа без сообраќај и пусти. Беше доцна попладне. Не знаеше ниту дали некому да каже што му се случи. Ни нему не му се веруваше. Му требаше воздух и прошетка, но ситуацијата во градот беше напната па реши веднаш да си оди дома. Ништо не му беше јасно.

Поминаа три недели од интервјуто кај Премиерот. Петар се обидуваше да ја заборави таа чудна епизода, од која немаше никакви очекувања. Седеше на едно од редовните пладневни кафиња со своите пријатели. Му ѕвонеше телефонот. На линијата беше учтива млада дама што го информира дека е примен на работа во копската општина. Тој беше пресреќен, но одвај се сеќаваше за која работа станува збор, бидејќи имаше пратено многу апликации.

Откако го затвори телефонот, ги поврза работите. Тој никогаш не беше ниту на интервју, ниту на тестирање во општината. Сфати дека интервјуто со Премиерот, всушност, било за работа во општината. Среќното чувство за добиената работа, му отстапи место на гнев. Гнев дека Премиерот ден по Милковско Езеро, во својата канцеларија, всушност, си црткал нови споменици. Не издржа. Приказната им ја раскажа на своите пријатели и реши барем да сподели дел од товарот што го чувствуваше.

Но, Петар не знаеше дека еден од неговите пријатели е дел од една патриотска Група. Тоа никој од друштвото не го знаеше. Така Групата разбра за настанот.

Групата сѐ повеќе и повеќе растеше, заедно со гневот на граѓаните на Камедонија.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Капацитет е авторот на текстов, се гледа. Тотално ме спобрка со тоа метафорите...
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Капацитет е авторот на текстов, се гледа. Тотално ме спобрка со тоа метафорите...
И после се прашуваш зошто нивото на другите е опаднато. Кога немаш конкуренција стануваш немарен. Како опозиционер имаш далеку многу повеќе опции да ја изразиш својата инвентивност пошто ти предлагаш, критикуваш и тн. а другиот треба да брани. И покрај се го добиваме ова од единствените кои претставуваат организирана структура спротиставена на другите?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Вчера бевме сведоци на грозоморен чин и терористички акт од невидени размери. По овој чин на улица излегоа милиони луѓе низ Европа и го осудија настанот.
Но несреќата е во тоа што иако Смилковско Езеро беше многу побрутално и помуџахедински, класично обележување на територија и прогонување на христијаните и тоа исто така се случи на континентот Европа кој традиционално е христијански но никој во Македонија не излезе да ги подржи граѓаните на Радишани а следствено никој не се заинтересира баш нешто премногу во Европа за овој теросристички акт. И не само тоа како што гледаме никој не се ни обиде на протекторатот Косово да го притисне да се сипорачат терористите. На крај како што денес во цела Европа има пораки и јас сум charlie така требаше во цела Македонија и најмалку на Балканот да се излезе и да им се каже НЕ на исламистичките движења.

 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Некаде на темава беше постиран текст за Смиљковско на англиски јазик заедно со слики од протестите на брадоњите. Не се сеќавам кој веб-сајт беше, ако некој има линк би ве замолил да постирате.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.933
Поени од реакции
83.204
Вчера бевме сведоци на грозоморен чин и терористички акт од невидени размери. По овој чин на улица излегоа милиони луѓе низ Европа и го осудија настанот.
Но несреќата е во тоа што иако Смилковско Езеро беше многу побрутално и помуџахедински, класично обележување на територија и прогонување на христијаните и тоа исто така се случи на континентот Европа кој традиционално е христијански но никој во Македонија не излезе да ги подржи граѓаните на Радишани а следствено никој не се заинтересира баш нешто премногу во Европа за овој теросристички акт. И не само тоа како што гледаме никој не се ни обиде на протекторатот Косово да го притисне да се сипорачат терористите. На крај како што денес во цела Европа има пораки и јас сум charlie така требаше во цела Македонија и најмалку на Балканот да се излезе и да им се каже НЕ на исламистичките движења.

Не може нашата власт да се занимава со такви банални работи како што се терористички ќелии, масакри за Велигден и акции на радикалниот Ислам, кога има доста побитни работи, како молери кои фарбаат, луѓе што поминуваат на непешачки, ситни пари во џепот на келнерот, пушење цигари, возење точак на малолетни под десет години, водоинсталатери кои поправаат кај некомшии-нероднини и слични заебани работи (да се разбереме ова е важи само во неалбанските места на живеење). Константното каменување на црквата во Чаир (додека е полна со верници), секојдневното тепање на немуслиманските неалбански деца по автобусите по населбите, секојнеделното сквернавење и пљачкање на цркви во муслимански доминантни средини или пак неизрачувањето на убијците од Смилковско, како и еден тон други вакви случаи, не се баш сега работа на која може да троши време нашата патриотска власт.
 

Lil Lamb

Сакам да се родам одново.
Член од
7 април 2014
Мислења
258
Поени од реакции
282
Ааааа, значи сега се сменил правецот на истрагата, од кој и судијата се разболел и не дошол на рочиште. Интересно. Јас кога пишував тука уште на почетокот, не зимајте невини деца на врат, Господ ќе ве казни,ќе ме распневте тука сите. Коа ви кажував дека Тајната служба ги убила децава, чисто дека така им одговарало. Поликитика,јебеш му матер.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Случајот Смилковско нема никаква врска со терористичкиот напад во Париз, доста си играте со чувствата на граѓаните. Овие од Вмро-Дпмне немат ниту 1 % осет..
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Ал Завахири лично нареди за масакрот,како тоа нема поврзаност? Или оној од Јемен како и да се викаше ....
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.933
Поени од реакции
83.204
Поврзаноста е само идеолошка, а секако не практична.

...Или оној од Јемен како и да се викаше ....
LoL, демек , не знаш како се вика тој на постер у твоја соба што ти виси и чија слика ја имаш на десктоп?
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Поврзаноста е само идеолошка, а секако не практична.


LoL, демек , не знаш како се вика тој на постер у твоја соба што ти виси и чија слика ја имаш на десктоп?
Не знам сериозно ... важно си ја врши работата прави масакри,името не е важно... :D
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.933
Поени од реакции
83.204
Не знам сериозно ... важно си ја врши работата прави масакри,името не е важно... :D
Но, не се важни масакрите, важна е целта, многу добро презентирана од Албанците:


Кога кафирите би биле паметни и би ги срушиле црквите и крстовите и би примиле Ислам, немаше ни Смилковско, ни во Нигерија да загинат 2000 за еден ден, немаше ни на Блискиот Исток, геноцид да пијат, нити пак мачениците ќе мораа да им прават масакри.
Муслиманите искрено верувам, неќат ова истребување на кафири да го прават, стварно. Али кафирите се тврдоглави, ne go gledaat realitetot. Затоа бидуваат уништувани од правоверните алахови робови, кои ќе бидат наградени во џенетот.

Коа ви кажував дека Тајната служба ги убила децава, чисто дека така им одговарало. Поликитика,јебеш му матер.
Пишав онаму дека не си оригинален лик, туку некој кој се заебава, т.е. трола* и прво шо напраи е да покушаш да предизвикаш реакција од мене на ваква тема.
Патетично и провидно.

* иако секој член ваљда више сконтал, до сеа
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom