Уште десетмина се соочуваат со казни за учество на протестите за „Монструм“
Уште десетмина нови се осомничени дека учествувале во толпата која направи неред пред и на зградите на судовите за време на протестите за пресудата за случајот „Монструм“, пишува „Курир“.
Основното Јавно Обвинителство – Скопје до Кривичниот суд доставило обвинителен предлог против 10 лица и тоа Е.В., В.Б., Ф.Н., И.М., Р.М., Ф.Н., С.И., Н.Џ., Б.Р. и Р.И. за кривичното дело чество во толпа што ќе изврши кривично дело за протестите кои се организираа во Скопје по пресудата за случајот „Монструм“ и нередите пред Основниот суд 1 и 2.
Претходно, шестмина демонстранти добија по три години затвор, двајца добија ослободителни пресуди, за едниот обвинителот го повлече обвинението, а другиот судот го ослободи бидејќи немало докази.
Судот ги задолжи обвинетите солидарно да ја надоместат штетата предизвикана од дивеењето и мавањето со камења кон зградите на судовите при што беа оштетени повеќе прозорски стакла.
http://www.plusinfo.mk/vest/151876/Ushte-desetmina-se-soochuvaat-so-kazni-za-uchestvo-na-protestite-za-Monstrum
Бонус