- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
-...Некои луѓе се однесуваат како тој единствен збор(мислејќи на вулгаризмите) да е муниција за базука, ставена таму само за да го разнесе нивниот естетски стаклен дворец.
-...Додека некој родител ќе му заврани на своето дете да слуша “музичари кои пцујат“, лошо е тоа, бидејќи е вулгарно... од друга страна нема да има ништо против детето да слуша народњаци прекрасни, затоа што гледате, тие не пцујат. Не му пречи што се голи, неталентирани, и естетски осакатени, што на децата им ја сервираат идејата дека конечна цел во животот е да стави силикон во се живо и да се омажи за локалниот мафијаш. Бидејќи побогу, тоа е идеал. Тие се богати! А дека не пцујат во песните, што е право право е.
-... и не не сум член на ниедна партија ниту нејзин подмладок, ниту сум бил ниту ќе бидам. Значи не сум платен, не, јас пцујам затоа што ми се сака. Затоа што сум бесен и згаден.
-... се` додека е таква ситуацијата, интелектуалното малцинство ќе пцуе, а големосрпскиот плебс ќе ги цитира “Кодот на Да Винчи“ и “Алхемичарот“, и ќе дели памет кој е вулгарен а кој фин.
Ова е само мој извадок од интервјуто... целото интервју го имате тука: http://www.politika.co.yu/detaljno.php?nid=39864...