Барав по интернет, и за жал, ако е точно ова што го прочитав пред некој ден, сега за сега освен надворешно вештачко магнетно поле, нема друго решение..
Прочитав дека, јадрото на Марс делумно се стврднало, и затоа магнетното поле на планетата е мртво. За да се активира, би требало металите во јадрото да се доведат во течна состојба. За ова да се направи, треба енергија 5 милиони пати поголема од онаа што ја произвело до сега човештвото за време на целото свое постоење, така да нашата најмоќна бомба моментално ќе му дојде нешто као петарда.. И тоа не е се', дури и доколку би имале ваква енергија, тоа би ја превртело планетата наопаку, и би чекале стотици ако не и илјадници години за нејзината површина пак да се стврдне, значи фактички би требало да создадеме цела планета од почеток...