Марс

Постои ли живот на марс ?

  • Да, има висок степен на еволуција

    Гласови: 22 15,4%
  • Да, но само некакви микроорганизми

    Гласови: 91 63,6%
  • Нема никаков живот

    Гласови: 30 21,0%

  • Вкупно гласачи
    143

Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
Mozebi istoto ke se sluci i so nas dokolku se obideme takvo nesto. BTW ne veruvam deka ke se unistime od takvo nesto.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.714
Поени од реакции
22.675
Ова е планета за која се верува дека пред милион години имало живот ! при посетата на марс од нашите драги астронаути се дојде до неверојатен пронајдок-ВОДА ! јас лично мислам дека и ден денеска има одредена врста на живот ако не олку развиана како човекот но сепак има некои микроби кои можат да бидат зачеток на нова еволуција и нов живот.Што мислите ? :salut:


Колку што јас знам сеуште не сме биле на Марс...:helou:
А дали има живот верувам дека има некои микро бактерии..
 

Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
Pa faraon vo pravo si. Ne sme bile na mars.BOzino malce se zanese:smir:. Na mars imame prateno samo sonda.I taa sonda otkrila voda, a ne astronauti. pozz:helou:
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.714
Поени од реакции
22.675
Pa faraon vo pravo si. Ne sme bile na mars.BOzino malce se zanese:smir:. Na mars imame prateno samo sonda.I taa sonda otkrila voda, a ne astronauti. pozz:helou:

Знам за тоа дека имаме пратено два роботи кој што се шетаа на површината на Марс и збиреа некакви податоци од почвата..
 

Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
Jas ne veruvam deka ima nekoj mnogu razvien zivot na mars. Ako ima ima samo nekoi bakterii ili mikro organizmi.
 
Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
Наоѓањето на перхлорати на Марс не само што беше изненадувачко за научниот тим на мисијата Феникс, туку исто така создаде и јаз помеѓу истражувачите.

Во март еден научник, кој користел само фотографски докази, тврдеше дека капките кои се појавуваат на нозете на лендерот се, всушност, вода. Други научници, вклучувајќи го и главниот истражувач Питер Смит (Peter Smith) беа сомничави во врска со изјавите за „течна вода на Марс во моментов“. Но, сега, група истражувачи од Универзитетот во Арканзас велат дека во моментов на Марс во најблиската околина на Феникс детектирале потенцијално стабилна течност.
Солите формирани од перхлоратите, кои се откриени на местото каде што Феникс слета, делуваат како антифриз и имаат потенцијал да бидат најдени во течна состојба на температури и притисок кои моментално владеат на Марс“, вели професорот Винсент Шеврие (Vincent F. Chevrier), со неговиот тим од дипломирани студенти. Нивното истражување е објавено во актуелното издание на публикацијата „Geophysical Research Letters“.

„Во реалните услови, кои се набљудувани на Марс, може да постои стабилна течност“, тврди Шеврие.

Истражувачите ги проучувале својствата на натриум и магнезиум перхлоратите (соли откриени од страна на Феникс) под температура, притисок и влажност како оние на местото на слетување. Откривањето на перхлорати на Марс ги изненади научниците – овие соединенија се ретки на Земјата и најчесто може да се најдат во екстремно суви средини, како на пример во пустината Атакама во Чиле.

Биле проучувани и својствата на овие соли и на различни температури, за што била користена комората „Андромеда“ во Лабораторијата за вселенски симулации „W.M. Keck“. Тоа е просторија која може да го имитира притисокот и атмосферските услови присутни на Марс. Истражувачите, исто така, направиле и термодинамички пресметки, за да ја откријат состојбата на комбинации од сол и вода на површината на Марс и за да видат дали постои можност за откривање на течност.
Екстремните температури присутни на Марс типично водат кон кристализација или, пак, кон испарување на водата, па тешко е да се замисли дека може да се најде вода во течна состојба. Сепак, солите ја намалуваат точката на замрзнување на водата (затоа на улиците се користи сол за топење на мразот по обилни снегови). Некои соли, како што се перхлоратите, значително ја намалуваат точката на замрзнување. Температурата за течната фаза на магнезиум перихлоратот (-67° С) е токму онаа температура која владее на Марс на местото каде што слета Феникс.

Значи, условите би дозволиле овој перхлорат да биде присутен во течна форма барем неколку часа секој ден во текот на летото. „Временскиот интервал за постоење на течност е многу мал“, вели еден од истражувачите. Но, сепак, овие откритија одат во прилог на можноста за наоѓање живот на Марс.

„Не е неопходно да има многу вода за да постои живот“,вели Шеврие. „Но, во одреден момент, потребна е течна вода“.
 
F

FallenHypaspist

Гостин
Докажано е со 100% сигурност дека на Марс пред што ти знам колку години постоел живот во форма на микроорганизми...


Ова не ми е воопшто чудно...сосем логично и прифатливо,не предизвикува никакви сомненија итд итд...

Областа Cydonia е тоа што ме зачудува...веќе некако отпада теоријата за играта на ветерот..



Комплексот е граден според Божествената Пропорција...:nesvest::nesvest:
 
Член од
28 април 2009
Мислења
1.831
Поени од реакции
253
aко има живот на марс тоа сигурно се некои микроорганизми:toe:
 

InSuLaNeR

A man who never was a boy.
Член од
13 јули 2009
Мислења
878
Поени од реакции
107
Ја не верувам дека воопшто може да постои живот на Марс ама зш има вода има некакви шанси да се создадат некакви микроорганизми!!!:wink::wink::wink:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Значи под живот може да се подразбира еден прост микроорганизам кој што ниту можеби може да се забележи. Факт е дека Марс е ништо повеќе од една голема пустина и сите теории и митови паѓаат во вода и остануваат во стриповите и филмовите.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.714
Поени од реакции
22.675
Ја не верувам дека воопшто може да постои живот на Марс ама зш има вода има некакви шанси да се создадат некакви микроорганизми!!!:wink::wink::wink:

Зошто да не веруваш??Кога има лед на површината кога ја има таа работа мислам дека мора да има некакви бактарии или микроорганизми..
 
S

skywalker12

Гостин
не верувам дека има живот Сега...но можно е пред 2-3 милјарди годни кога имало вода :)
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Пред околу 3,5 милиони години, огромен океан покривал една третина од површината на Марс, покажува најновото истражување на Црвената планета.
Научниците сметаат дека океанот се простирал на северната полусфера на планетата и содржел десет пати повеќе вода од сите океани на Земјата заедно.
Научниците веќе подолго време спорат дали на Марс имало океани, мориња, реки или езера. Најновите сателитски снимки покажуваат дека на планетата имало водни долини и рамници.
Откритието, објавено во списанието „Нешенел Геосајенс“, ги дава најдобрите докази на човештвото дека на Марс постоел живот.

Kajgana
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
па ако би имало живот сигурно астронаутите ќе провереле. мислам, не ми е логично да одат тек до таму за да видат само дали има живот, а да не земат примероци и да ги испитаат. ако имало нешто ќе сме знаеле.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
па ако би имало живот сигурно астронаутите ќе провереле. мислам, не ми е логично да одат тек до таму за да видат само дали има живот, а да не земат примероци и да ги испитаат. ако имало нешто ќе сме знаеле.
Никогаш немало АСТРОНАУТИ на марс.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom