Лада Нива vs Сузуки Витара/Тракер vs Сузуки Самурај :wink: Вечна дилема ми е кој е подобар
значи збориме за теренски карактеристики,проодност... ај да слушнам мислења,а кој е подобро информиран може и + и - да каже за сите па да го избереме најдобриот :zlo:
Изборот ти се сведува на да те касни змија, или да ти го бапни магаре.... како и да е, после “операцијата“ ќе плачиш.
Јас имав Лада нива некои 7 години, (три примероци) на едната монтирав дизел мотор од Фиат 1.7, а сите три ги растурив до 0 и ги фарбав. Можам докторат да ти напишам за нива. Џабе ти е. Лада е мотор, мењач и тркала. Толку. Не барај никаков комфорт, тишина или мала потрошувачка. Теренски перформанси има одлични, снег, кал не ја запираат, НО деловите за неа се неквалитетни. Така да ќе менуваш јабучици на секои 5000 километри. Како возило за низ град и малку off road возење не го препорачувам. Голема потрошувачка, и безпотребно дрнкање низ градските улици.
Витара пак е она обратното од Нива... имаш се горе што е наброено како недостаток, ама ги немаш теренските перформанси. Недај боже да наврни 30 цм снег, иако го имаш 4 х 4 погонот, секаде каде што неоди кола нема да помини ни Витарата. И на крај идиме до моментот, шо кур возиш 2 тона џип џабе?? Купи си кола за тие пари, бар нешто почоечко ќе земиш.
Ако ме прашуваш мене, нити еден од овие два не би купил за моите потреби. Стварно од време на време сакам да се издувам малку, ама да бидам врзан за теренец цела година, за некои 3 дена ќеиф во годината неми се исплати.