Малку ви ги потсредив мислењата од навредите, а и избришав неколку.
ctrkantia и shutrak, не мора да се палите толку...
ctrkantia, Laredo е само трим-пакет кај Grand Cherokee (речиси сите моделски години), истото што се Sahara и Rubicon кај Wrangler. Не можеш да кажеш дека се тоа различни модели. Што значи ист модел кој се разликува по погонот (мада во Европа е каша-попара, затоа дојде до недоразбирањето) и разлика во опрема и оптика. Конкретно сликата што ја ставил shutrak, за која се фати ти е со модел Laredo (црни браници, пишува Laredo на лајсната на предната врата, хром маска, но има жолти жмигавци што сугерира на американска верзија). Laredo во Европа можеш да најдеш 3.1 и 2.7CRD. Друг мотор кој е и најчест, освен 4.7, е и стариот 4.0 кој го носат полициските Cherokee кај нас (значи само Cherokee, немаат врска со Grand). Проблемот е што кај нас можеш да сретниш се и сешто, па така во ист ден ќе видиш и европски и американски Grand Cherokee, на двата да пишува Visio, Laredo, Limited... и пак да бидат различни. Освен фабрички разлики, често и сопствениците чепкаат па така конфузијата е уште поголема. Вакво Laredo, како на сликата од shutrak, стоеше кај мене во маало неколку години со NJ таблици. Тоа што кога си впишал Grand Cherokee за 2011-2012 веднаш ти се појавила Laredo верзија е случајно... си ги видел ли SRT-8 верзиите на последниот и претпоследниот модел?