Манијаци за џипови

KamikazaGVG

kajgana zavisnik
Член од
11 мај 2009
Мислења
14
Поени од реакции
2
Друга јас кога го зедов никој немаше тоа беше пред 3 - 4 години . . . А до сега можно е некој да купил али никој нема да има во толку добра состојба како што е мојот :nenene:

ЛУдница е - Многу е јак :eek:lee:
 
Член од
12 ноември 2009
Мислења
86
Поени од реакции
6
А јас да прашам нешто до манијациве за џипови, имал ли некој искуство со Opel Frontera 2.2 DTI :wink:, што и како се покажал, и како стои со потрошувачката. Гледам има доста и во Бугарија за 4000-5000 евра од 2000-та година па нагоре, со околу 150.000км. Изгледа доста добро се надевам дека е со редуктор итн. :toe: И што мислите што е подобро да се земе (Opel Vectra-Astra,BMW 320d или Opel Frontera 2.2 DTI) ?
 
Член од
2 декември 2009
Мислења
151
Поени од реакции
4
Здраво дечки,бидејќи знам има off road љубители на форумов да прашам што мислат за ладава http://www.pazar3.mk/ViewItem.aspx?itemId=837384 и тоа само од сликиве
далеку ми е Крива Паланка... и километражава 112000 мислам,многу е за ладава или не... ај коментарче нешто...
 
:helou:Абре се убаво 2001 год, ама малку ја утепале за тие години. Ова според изгледот...:toe: а што се однесува до километражата Ладиве не идат многу имам 2 дома и едната има 130.000 km и веќе троши масло што значи и се гледа крајот односно ремонт. Ако планираш да купуваш Лада Нива обрни посебно внимание и на исправноста на диференцијалите и редукторот. Јас лично не би ти ја препорачал оваа, бидејќки гледам има доста подобри на Pazar3.com.mk
:salut:
 
И мене ко многу ми се гледаа... негооо... има лади ама се нема пари :toe: Фала во секој случај :salut: Инаку и Фиестана ми троши масло цел зивот па уште оди,нема гајле нека се тркала :pos2: накај 200к оди :toe:
 
Член од
2 декември 2009
Мислења
151
Поени од реакции
4
Лада Нива vs Сузуки Витара/Тракер vs Сузуки Самурај :wink: Вечна дилема ми е кој е подобар :) значи збориме за теренски карактеристики,проодност... ај да слушнам мислења,а кој е подобро информиран може и + и - да каже за сите па да го избереме најдобриот :zlo:
 
JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Летно време, на суво, ќе отидеш таму кај што сакаш и со двете (мада Витарата и Самурајот ќе се мачат). Ако ти заврне, е тоа е веќе друга приказна. Витарата е прениска и не е за сериозен офф роуд. Таму каде што со Нива или со Махиндрата возиме во втора и трета (на терен) Витарата ја возиш полека со прва затоа што на милион места може да ја удариш, а катастрофалната амортизација е друга приказна.
Ако си за поозбилен теренец, Нива, ако ти е за низ град и лајт офф роуд тогаш Витара 2.0 дизелче и мака да немаш.

За разлика во квалитет нема потреба да зборуваме. Кога со Нивата ќе поминеш 400.000 без да отвориш мотор, без да крпиш крила, под, прагови и без да ги смениш сите делови 5 пати јави се.
 
JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Батали таквата поделба, и покрај тоа што пишав дека Нивата е подобра (терен), јас Нива никогаш не би купил. Значи реално гледано е ОК, ама лично јас никогаш не би ја ни споредувал со возило како Витара, Самурај, Фрилендер... Тој што се тепа во гради и вели дека на Ладата и нема рамен, најверојатно никогаш (се) нема возено во друг теренец.
 
Абе парите играат голема улога во тоа. Ладата точно е дека ќе ја крпиш и ке менуваш делови... но кога ќе размислиш подобро таа е далку поефтина да ја купиш и поефтина за оджување. Што се однесува до издржливоста на моторот зависи како каде и кој ја вози, мада јас и друг пат сум рекол дека Ладата не поминува голема километража... а што се однесува до коризијата, исто и таму, без разлика дали е возена по кал и сол... ако ти си добар газда и ако сакаш да ја сочуваш и имаш, мислам дека ништо нема да ти наштети ако ја измиеш, нели? На мој пријател Лада Нива од 1987 ... колку што знам математика тоа се 23 години старост нема никаде корозија, а за возење кај не е бил со неа, кој не му се верува нека дојди ќе ја види... не ми е целта некого да убедувам дека Ладата е светско чудо... но за тие пари е доста солидно теренско возило подобро од Сузуки Витара и ако си добар газда ако знаеш да ја одржуваш дефенитивно добар избор за малку пари !:toe::salut:
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Лада Нива vs Сузуки Витара/Тракер vs Сузуки Самурај :wink: Вечна дилема ми е кој е подобар :) значи збориме за теренски карактеристики,проодност... ај да слушнам мислења,а кој е подобро информиран може и + и - да каже за сите па да го избереме најдобриот :zlo:
Изборот ти се сведува на да те касни змија, или да ти го бапни магаре.... како и да е, после “операцијата“ ќе плачиш.

Јас имав Лада нива некои 7 години, (три примероци) на едната монтирав дизел мотор од Фиат 1.7, а сите три ги растурив до 0 и ги фарбав. Можам докторат да ти напишам за нива. Џабе ти е. Лада е мотор, мењач и тркала. Толку. Не барај никаков комфорт, тишина или мала потрошувачка. Теренски перформанси има одлични, снег, кал не ја запираат, НО деловите за неа се неквалитетни. Така да ќе менуваш јабучици на секои 5000 километри. Како возило за низ град и малку off road возење не го препорачувам. Голема потрошувачка, и безпотребно дрнкање низ градските улици.

Витара пак е она обратното од Нива... имаш се горе што е наброено како недостаток, ама ги немаш теренските перформанси. Недај боже да наврни 30 цм снег, иако го имаш 4 х 4 погонот, секаде каде што неоди кола нема да помини ни Витарата. И на крај идиме до моментот, шо кур возиш 2 тона џип џабе?? Купи си кола за тие пари, бар нешто почоечко ќе земиш.

Ако ме прашуваш мене, нити еден од овие два не би купил за моите потреби. Стварно од време на време сакам да се издувам малку, ама да бидам врзан за теренец цела година, за некои 3 дена ќеиф во годината неми се исплати.
 
JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Бујрум фотки

Jeep Wrangler Sahara, 1994 4.0 - овој беше во Скопје и се продаваше некое време, сега кога го гледам ми е криво што не се јавив пошто немаше цена...

Уште еден феноменален Вранглер (Џиш, ако се сеќаваш, мислам дека за овој те прашував. Беше огласен Уаз, а во гаража се гледаше ваков). Инаку оригинална боја со декали, хром маска и одбојници велат трим пакет Laredo. Исто 4.0 шестак.

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Ги знам и двата вранглери... прашањето е колку пие 4.0 шестакот под хауба :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom