Мали трикови за поубав изглед!

.

  • .

    Гласови: 25 47,2%
  • .

    Гласови: 7 13,2%
  • .

    Гласови: 15 28,3%
  • .

    Гласови: 6 11,3%

  • Вкупно гласачи
    53

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Модни совети: Што да облечете за интервју за работа?

Конзервативците поминуваат подобро

Вашата облека покажува колку силно ја посакувате новата работа - научете како да ги одбегнете најчестите модни грешки кај интервјуата за работа! Ако побарате совет од модните стилисти повеќето од нив би ви одговориле: Облечете се колку е можно поконзервативно. Тргнувајќи од овој одговор на модните стилисти, ви даваме неколку добри сугестии, кои ќе ви помогнат да одбегнете некои од најтешките модни грешки. Нокти: Многу долгите или неуредни нокти делуваат одбивно. Ноктите треба да бидат пократки и средени. Накит: Не носете повеќе од два прстена на едната рака или повеќе од една обетка на уво. На интервју не е дозволено накит на лице (пирсинг), ниту нараквица околу зглоб. Чевли кои ги откриваат прстите: Папучите и сандалите спаѓаат во оваа категорија.Чевлите кои дефинитивно излегле од мода треба да
бидат фрлени или да се носат, ама во некои други пригоди. Голи нозе: Облечете најлонки, дури и при висока температура. Чорапите мора да бидат во неутрални бои или барем во боја која одговара на вашите чевли. Бела кошула: Одбегнувајте на вашиот прв разговор за работа да носите бела кошула. Вашите заби никогаш нема да бидат побели од кошулата. Застарени, демоде костуми: Немојте да ги носите. Костумот не смее да биде широк ниту премногу стегнат за телото. Кратки здолништа: Работ на сукњата не треба да поминуваат преку два сантиметра над колената. Немојте ниту да мислите да облечете нешто како капри-сукњички или премногу кратки здолништа. Кожни јакни: Ниту кожните елеци не се пригодни за интервју. Вратоврска: Вратоврската се препорачува задолжително ако се работи за примарен договор во врска со добивање работа. Но, сепак не претерувајте со вратовските. Во најдобар случај облечете кошула со крагна. Чанти со прејаки бои: Чантите би требало да бидат премногу
конзервативни и ненаметливи Црвени актовки: Актовката, торбите и чевлите мора да бидат во одлична состојба и конзервативни бои. Конзервативните бои, кои најмногу ќе ви помогнат при интервју за работа се различните варијанти на сина и сива. Ако носите облека со црна боја, постои можност да оставите впечаток на пресериозна личност. Но, ако сепак се одлучите за црна боја, задолжително облечете и нешто со светла боја, која ќе го ублажи изразот на вашето лице. Што се однесува до светлите бои, за нив се уште е дискутабилно колку се добри за една ваква ситуација. Токму и поради тоа треба да ги одбегнуваме. После првото интервју ако повторно имате средби со вашиот иден роботодавач тогаш морате да ја менувате гардеробата (менувајте ја бојата на кошулата , вратоврската...) Заклучок: Вашата гардероба мора да го нагласува фактот дека сте професионалец кој е подготвен за новата работа. Препуштете се на сопствениот разум и сигурно ќе ги одбегнете најчестите грешки во облекувањето при деловно интервју.


 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Мислам дека не може да се даде еден универзален совет. Многу е битно за каква професија е интервјуто. Знаеш она, како изгледа типичен банкар, компјутерџија, секретарка...

Јас повеќе би давал совети за toa како да им направиш social engineering на потенцијалните работодавачи! :)
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Поголем број жени користат кармин и тоа им станува навика. Во припцип бојата на карминот се избира во зависност од тоа како ви стои и во какво расположение сте.
Меѓутоа, дали знаете дека одредена боја на кармин праќа и одредена порака за вашата околина?

Боја на корал: со ваквиот избор на кармин ја известувате околината дека сте весела и отворена личност и со тоа позитивно делувате на околината. Бидејќи нема многу жени, кои носат портокалова нијанса на кармин, со ваквиот избор препорачувате и дека сте смели, и дека сакате да привлечете внимание.

Неутрална: како и името на оваа нијанса на кармин, неутралниот кармин порачува дека не сакате да привлекувате многу внимание. Покрај тоа порачувате дека сте мирољубиви и дека имате смисла за дипломатија, и дека сте воздржани и софистицирани.

Црвена: боја најпривлечна за младите мажи, таа сугерира моќ, било да станува збор за кревет или за деловен состанок. Силна и впечатлива боја која дефинитивно привлекува внимание.

Виолетова: ако сте помислиле дека црвената боја изразува сексуалност, се прелажавте - тоа е виолетовата. Во една анкета, во која учествувале пет илјади испитаници, на прашањето која боја е најсензуална, многу се определиле за нијанси на виолетова.

Розова: оваа боја сигнализира желба за игра, забава и флерт. Некои нијанси на розово делуваат многу префинето и женствено.
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
Pa dobro,logicno e deka treba da se izgleda najpristojno sto moze,zatoa sto sepak toa intervju e seriozna i bitna rabota. Osven toa so rakavicata na zglobot,drugo se mi bese jasno i ke go primenam eden den :wink:
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
10 трикови за коса како на Клаудија Шифер

Познатата германска манекенка позната е не само по својата витка фигура, туку и по долгата и негувана плава коса која уште пред 18 години стана нејзин заштитен знак.

Ако и вие имате долга коса, тогаш вие најдобро си знаете колку труд треба да се вложи во нејзиното одржување. Тука не е крајот, затоа што треба да се избегне досадниот изглед на распуштена коса која виси без никаков облик и идеја, или уште полошо, да се држи секојдневно фатена во опаш. Тоа е, доколку уште не знаете, вистински терор за вашата коса.

Затоа боженствената Клаудија одлучи да ги открие тајните со кои успева секогаш да изгледа одлично, со како што вели таа, многу малку труд. Тоа секако треба се испроба. Одговорот, вели Клаудија, лежи во постојано применување нови идеи.


1. Направи благи завојки

Намотајте ја косата околу топли навојувачи, оставете ги на косата околу 30 мин и потоа тргнете ги.

Дополнителен совет: Не ја чешлајте косата, само благо поминете со прстите низ неа и краевите ставете малку серум.


2. Гламурозна фризура за вечерно излегување

За вечерното излегување секогаш треба да се има посебна фризура, која бара повеќе труд.
Најефективно е да го зголемите волуменот, а најдобриот совет за тоа го даде стилистот на Клаудија. Значи, прво навалете ја главата надоле и на косата нанесете малку восок. Потоа ‘зафрлувајќи’ ја косата наназад, вратете ја главата право, и во рацете ставете малку детска пудра и од внатрешната страна на косата пројдете со прстите преку прамените и на тој начин ќе створите впечаток на поголем волумен.

Дополнителен совет: Не се грижете, никој нема да забележи што сте направиле.


3. Натапирај го коренот на косата

За оваа фризура никако не смееш да користиш чешел, туку земете четка која има гумено перниче затоа што е многу пофлексибилна и понежна за косата, па и ќе го избегнете електрицитетот. Се што треба да направите е да чешлате од челото накај темето.

Дополнителен совет: Ова е фантастично. Ќе добиете полн изглед на врвот на главата и се тоа без многу труд.


4. Направите неколку мали плетенки

Доволно се две три плетенки, па немојте да претерувате или да ги направите до лицето, затоа што во тој случај ќе има спротивен ефект. Најдобро е да ги направите малку позади ушите и тоа многу тенко и не претерано уредно. Дури и кога ќе ги тргнете ластичињата ќе изгледате доволно cool.


5. Изглед за празниците

Многубројните спрејови кои на косата даваат разбушавен изглед кој потсеќа на летните деновии сол во косата твојата коса сепак можат да ја направат млитава и вез сјај. Меѓутоа, Клаудиниот мал трик ќе ви го даде секогаш посакуваниот сјај. Доволно е да во боцата во која е распрскувачот да измешаш малку вода и лимунов сок и тоа да го попрскаш на сува коса.

Дополнителен совет: Ова навистина делува, а и покрај тоа, ќе изгледаш како да си поминала цела недела на плажа.


6. Лежерна пунџа

Ако имаш малку подебелко лице, ќе изгледаш послабо ако ја подигнеш косата и оставиш неколку ‘несмасни’ прамени околу лицето. Наведнете ја главата надоле, соберете ја косата во опаш и направете лежерна пунџа, прицврстете ја и извлечете неколку прамени да останат на лицето.

Дополнителен совет: Не се плашете да извлечете малку подебели прамени од оние на кои си навикнала.


7. Користете шноли кои одговараат со бојата на вашата коса

Клаудија често знае да стави шнолички со боја на мед во косата над ушите со што би го ослободила лицето а косата би ја повлекла малку наназад. И бидејќи шнолите се скоро иста боја како што и е косата, таа изгледа отмено и што е најважно никогаш неуредно.

Дополнителен совет: Над ушите ставете шноли во облик на буквата Х и за неколку секунди ќе го промените вашиот изглед.


8. Одлучи се за низок опаш

Доколку сакаш да изгледаш малку посериозно, најдобро е да направите низок опаш во висина на вратот, никако во висина на ушите, бидејќи ќе постигнеш сосема друг ефект. Опашот секако врзи го со проѕирна гумичка или со боја на косата.

Дополнителен совет: Брза и практична фризура со која во секоја ситуација може да изгледате одлично.


9. Променете го ‘раздељакот’

Ако ви досади секогаш истата распуштена коса, а не сте спремни на драстични промени, тогаш ова е една од најлесните и најбезболни промени. Затоа Клаудија веќе некое време прави раздељак на средина на главата а не на страна како порано.

Дополнителен совет: Добро е затоа што потсеќа на 60-тите и многу е попрактично да имаш раздељак на средина затоа пто кога работиш секогаш можеш да ја ставиш косата од страна позади уштеи, за да не ви пречи.


10. Опушти се

Најважно од се, порачува Клаудија, е да на робувате на сопствената коса: “Најубаво изгледаш кога не се трудиш премногу, кога изгледаш природно”. Затоа таа сака да ја пере косата навечер, да стави потоа серум, и да оди на спиење. Наутро само нечно ја прочешлува со прстите и “тоа е совршен изглед за викенд” тврди Клаудија.


Кои се вашите трикови?:coffee:
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Мојата коса многу бргу станува нечиста, без живот и сјај како резултат на мрсниот корен и сувите врвови на косата. Што би ми советувале?
Ако вашата коса лачи прекумерно маснотии, важна е редовната нега на косата и почестото миење, можеби и секој ден. Доколку користите регенератор, нанесувајте го само на врвовите на косата и внимателно исплакнете ја. Избегнувајте го допирањето на косата со рацете во текот на денот, бидејќи тоа ќе предизвика дополнително мастење на косата.



Како се употребува Кокосовото врело масло за коса?
Еднаш во текот на неделата користете го врелото масло за сува и оштетена коса. Една минута оставете го маслото во врела вода неотворено. Отворете го и ставете мала количина на чиста и измиена коса. Масирајте една минута и добро исплакнете. За подобар резултат, оставете го маслото да дејствува неколку минути на косата и завиткајте ја во топла крпа.



Мојата коса е без волумен и сјај. Што да направам?
Покрај употребата на Шампонот за волуме и сјај и Регенератор треба редовно да ги кратите сувите врвови на косата. По миењето нанесете Пена за обликување на коса и исушете ја со фен. Можете да употребите и твистери за коса, за да постигнете природен волумен на косата.
 
Член од
14 декември 2005
Мислења
130
Поени од реакции
2
Aj nekoj ako znae da mi kazi dali od Gillette Mach3 Power bricot so 3 secila sto raboti so baterija go ima tuka vo MKD i kolku pari e. Dali drskata mu e ista kako na drugite postari Mach3 ili e razlicna. Dali starite patroni gi faka ili ne? Iskustvo? Dobar/los? A, za Gillette Fusion go nema nikade, sega brzo izleze taka da koj znae kaj nas koga ke dojde.
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Карминот на женските усни

Детаљот кој најмногу се забележува на лицето на жените секако се убаво нашминканите усни, кои автоматски ја будат желбата за бакнување кај потенцијалните или постоечки партнери.

Затоа, многу е важно карминот да остане неоштетен дури и после целодневна употреба на устата (јадење, бакнување, зборување).

Познато е дека со помош на козметиката усните можат да се коригираат, односно да се наголемат или продолжат и намалат усните.

Доколку некој сака да ги намали полните усни треба да лесно да ги премачка со основа за да ги осветли краевите. Треба да се избегнува бисерни или светкави бои затоа што таквите би ги направиле усните уште пополни.

Тенките усни изгледаат поголеми доколку со светол креон се исцрта нов облик кој потоа би се пополнил со боја. За оваа интервенција треба да се избегнува употреба на кармин со мат боја, затоа што ваквата боја ги истанчува усните.

Бојата на карминот кој е нанесен на усните може да ја потенцира бојата на забите.

Кармините кои во основа ја имаат жолтата боја како што се портокалово-црвен, со боја на праска или корал ќе го минимизира ефектот на жолтите заби во усната празнина.

Кармините со боја на модри сливи или црвени би ги истакнале жолтите заби.

Бледи бои не се користат освен во случајот кога забите на жената се бисерно бели. На бели заби убаво стои и црвената боја.

Губењето на белиот сјај на забите најчесто се должи на прекумерна консумација на кафе и цигари. Затоа наместо кафе подобро е да се пие чај.
 

ЃАВОЛЧЕ

PlayGIRL
Член од
13 април 2006
Мислења
983
Поени од реакции
4
Па во принцип не преферирам козметика од пазарче(било што)....највеќе зошто ми е страв, од алергии, флеки....и кој знае што се не може да ти излезе, заради тоа што не се чува во соодветни услови.Сепак се работи за лице и не би сакала да си играм со тоа, зошто можеби еднаш ке заштедам 500ден,ама ке си носам белези цел живот.Затоа поубаво ке си платам, ама барем знам дека ке има резултат.
 

schtranga

Кратовчанче
Член од
7 август 2005
Мислења
1.295
Поени од реакции
18
probajte go nema da zazalite go koristam vekem so godini
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
191
Поени од реакции
0
schtranga напиша:
probajte go nema da zazalite go koristam vekem so godini

каде може ова да се најде и која цена е од прилика,а поточно какво дејство има?
 

schtranga

Кратовчанче
Член од
7 август 2005
Мислења
1.295
Поени од реакции
18
tuka u Germanija ja kupuvam od Mьller mnogu e skapa ali pomaga ( 27 eura , mozes i pomalo tubice za pomalku pari da si zemes ) za mesana koza e ,ja matira kozata , jas go koristam namesto krema pa potoa pudra stavam i dolgo trae , ako ja koristis nema nikogas liceto da ti sveti :)
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Како да се сокријат подочниците од фотографиите?

Еве едно мало трикче,се надевам ке ви биде корисно

Доколку на фотографиите подочниците на кои сте нанеле коректор ви изгледаат бели и светли, очигледно сте згрешиле во одбирањето на нијансите.
Ако станува збор за премногу блед или маслинест коректор, на фотографиите излегува бел или сив. Ова се случува бидејќи подочниците имаат сина нијанса која флешот на фотоапаратот ја нагласува.

За да го спречите овој ефект, одберете нијанса само малку посветла од бојата на кожата. Целта е да се изедначи бојата на подочниците со остатокот на лицето, а не да се направат побели од остатокот на телото.

Доколку имате светло тен, коректор во нијанса на праска ќе ги сокрие темните подочници. За Маслинест тен најдобра е портокалово -жолта нијанса, а за розев – портокалово-црвена.

Нанесете тенок слој и прекријте го со подлога или пудра во прав. На крај под добро светло проверете дали добро сте ги стопиле слоевите и боите.
 

schtranga

Кратовчанче
Член од
7 август 2005
Мислења
1.295
Поени од реакции
18
da ne znae nekoj nekoja maska za race ? :pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom