Мали трикови за поубав изглед!

.

  • .

    Гласови: 25 47,2%
  • .

    Гласови: 7 13,2%
  • .

    Гласови: 15 28,3%
  • .

    Гласови: 6 11,3%

  • Вкупно гласачи
    53

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Маски за лице и тело


Маски за вашето лице

Која маска најмногу и одговара на вашата кожа? Обична, овошна, мед и млеко или смеси од восок и масни работи...
Маските за лице најчесто предизвикуваат набубрување на површинскиот слој на кожата и омекнување на епителот. Маските кои се составени од смеси со глина најпогодни се за чистење на мрсна кожа, затоа што добро ги отстрануваат старите делови од кожата. Ако сте суштински заинтересирани за нивниот состав, освен глина содржат 15% магнезиум-карбонат и 20% зобна каша.
За сува и нормална кожа се препорачуваат маски на база на хидроколоид со мал додаток на глина од 5%.

Маската за нормална и сува кожа содржи:

6,0 цинк-оксид

7,0 растворен етанол

16,0 глицерол

18,0 колоиден каолин

20,0 пченкарен скроб

1,0 трагент

32,0 прочистена вода.

Трагентот се меша со етанол, се додава вода и се чека да отстои 10 минути. Тврдите состојки што останаа треба да се помешаат со глицерол и на тоа да се додаде слузот од трагент.

Кожата која има големи пори и е со засилено лачење, треба да биде третирана со маски сочинети од состојки кои упиваат, велат, одговорните.

За опуштена кожа најдобри се маски кои содржат протеини кои се наоѓаат во сурутката од млекото, колаген, еластин и кератин.

Сува и груба кожа бара маска која ќе ја влажни.

Кожа полна со мозолчиња и лузни треба да биде третирана со маска која ја стимулира циркулацијата.

Овие се нанесуваат топли.
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Нега за долгокоси мажи

Во бањата на една просечна жена можат да се најдат солидни колекции на шампони, регенератори, четки, лакови за коса и кој знае какви се други инструменти и "справи за мачење" кои се составен дел на секојдневниот ритуал за разубавување на косата. Од друга страна, просечниот маж кој решил да носи долга коса смета дека повеќемесечното или повеќегодишното непотстрижување е единственото нешто што е потребно за да девојките во агол на некоја дискотека или кафуле шепотат: "Види колку е сладок, личи на Курт Кобејн!" Ако целата приказна би се сведела само на тоа да се избегнат ножиците, сите жени би биле убави и долгокоси, а "Пантен" досега сигурно би банкротирал. Сепак, покрај желбата за долга коса, потребно е да се познаваат
и некои елементарни принципи за нега. Немојте да ја миете косата со агресивни шампони: Не велиме дека секое дволитарско пакување на некој шампон од коприва автоматски е лош за нега на косата, ама немојте да употребувате каков било шампон. Обрнете внимание на тоа каква ви е косата по миењето. Дали е наелектризирана, сува, разлетана на сите страни? Во тој случај пробајте некои од шампоните за сува коса или некои со хидратантни состојки. Магичен збор - балсам. Можеби веќе имате искуство со балсамите, а можеби сте на тоа поле апсолутен почетник. Ако припаѓате на ова категорија, имајте на ум дека се работи за многу корисно средство кое нема само долгорочно да ја чува косата и да го спречува пукањето на влакната, туку ќе даде сјај, мекост и ќе овозможи едноставно чешлање. Регенераторите и балсамите денес можете да ги купите буквално секаде, односно не треба само да ги нафрлите во кошницата кога пазарете во супермаркетот. Употребувајте ги според зададеното упаство и не откажуватејте се брзо. Понекогаш не е лесно веднаш да пронајдете регенератор кој ги содржи баш оние хранливи супстанци кои недостигаат на вашиот тип коса. Разговарајте со другарките: На тој начин ќе го скратите лутањето и потрагата за совршен препарат за коса. Тие се веројатно многу поискусни од вас и можат да ви дадат драгоцени совети благодарение на кои ќе заштедите време и пари. Испробајте ја пеглата за коса! Кога ќе ја измиете косата и убаво ќе ја нахраните со балсам, можете да пробате да ја испеглате. Многу девојки денес имаат пегла за коса, па можете едноставно да ја позајмите и да експериментирате едно попладне. Купете си себе маска за коса. Маската за коса содржи поголема концентрација на корисни супстанци отколку регенераторите, па самите тие даваат подобри резултати.Ако имате сува и оштетена коса, откривањето на добрите маски би била вистинска мала револуција за вас. Покрај маските можете да купите и ампули за коса, како и регенератори кои се нанесуваат на влажна коса. Ја сакате својата коса: Немојте немилосрдно да ја кинете во текот на чешлање. Редовно мијте ја и хранете ја со соодветен препарат. Потстрижувајте ја редовно по неколку сантиметри. Третирајте ја со внимание и љубов и таа ќе возврати така што ќе биде здрава, силна и убава.
 

simonce*

SEXY
Член од
14 декември 2005
Мислења
290
Поени од реакции
3
e ova mi se sviga,t.e na ova i najveke obrnuvam vnimani neznam zasto..
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Маникир
во домашни услови

Совршени нокти во четири чекори

Ноктите на рацете и нозете секораш мора да бидат уредни и дотерани бидејќи тие се важен дел од вкупниот впечаток што го оставаме на луѓето околу себе. Изгризаните нокти, како и оние лакирани со темен лак не се веќе ИН, а не се ни привлечни.

Чекор 1
Прво од ноктите исчистете ги површинските дамки, белите пеги и вишокот мрснотии. Оваа задача најлесно се решава со крупна турпија, а потоа со малку понежна турпија измасирајте го целиот нокот. Доколку подолго време го третирате коренот на нокотот со турпии, ќе ја забрзате циркулацијата.

Чекор 2
За жал, секој од нас има проблеми со кожичката околу ноктите. Таа најчесто е дехидрирана, да изгледа запуштено и испукано. Решението од оваа ситуација се наоѓа во различните производи за нега на ноктите и прстите кои содржат билни масла и кои ја омекнуваат кожата. Бадемовото масло е една од делотворните состојки што помагаат во решавање на овој проблем. По третирање на кожата со маслата, таа омекнува и многу е лесно со специјално стапче да се потисне надолу, или пак да се отстрани со специјално стапче за отстранување на кожичката.

Чекор 3
Сега е потребно убаво да се обликува нокотот. Прво одредете ја неговата должина и облик, а потоа полирајте го целиот нокот додека не постигнете негов висок природен сјај. Ќе забележите дека на совршено мазната подлога идеално ќе го наненесете слојот на базниот лак. Базниот лак мора да го одберете според својствата на вашиот нокот: за рамнење на неправилностите, за избелување, јакнење на нокотот...

Чекор 4
Последниот чекор целосно ќе ги прикрие несовршеностите и ќе го заврши уредувањетп на ноктите. Пред да нанесете лак во боја, ноктите мора да бидат целосно чисти и мазни за да го задржат долготрајниот сјај. Одберете пастелни светкави тонови, и ќе имате тренди средени раце, кои во секое време на денот ќе изгледаат негувано и привлечно.

 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Чаевите се добри и за кожата и за косата

ЧАЈОТ Е ВИСТИНСКА ЧУДОТВОРНА НАПИВКА. ЗАВИСНО ОД НАЧИНОТ НА ПОДГОТОВКА, ЧАЈОТ ОЖИВУВА ИЛИ СМИРУВА, ОСВЕЖУВА И ГО ПРОЧИСТУВА ОРГАНИЗМОТ И НЕ САМО ТОА, БИДЕЈЌИ ГО РАЗБИСТРУВА И ПОГЛЕДОТ, ГИ РАЗУБАВУВА КОЖАТА И КОСАТА, А ПОМАГА ДУРИ И КАЈ ПОЈАВА НА ЦЕЛУЛИТ

Чаша миризлив чај е вистинско уживање и извор на здравје. Само по неколку голтки, човекот се освежува и се одмора како по закрепнувачки сон. Но, само ако ја совладате вештината на правилна подготовка на чајот, ќе ги искористите сите негови скапоцени состојки (етерични масла, минерали, витамини, ензими, гликозиди...) кои подеднакво делуваат користејќи и однадвор и одвнатре.


ТЕЈ:
Билката се прелева со врела вода (на 1 лажичка билки, 1 чаша вода) и поклопено се чува 1 до 3 минути ако билките се свежи, односно 5 до 15 минути ако се сушени.
ИЗВАРКА: Корен, кора или билка се спушта директно во врела вода, па поклопено на тивок оган се вари 3 до 10 минути. Се трга од огнот и извесно време се остава да отстои поклопено, па се процедува. Изварокот се користи и за облоги.
ПОТОПУВАЊЕ: На одделни видови билки не им годи топлината, па се препорачува да се потопи во студена вода за да се сочуваат сите скапоцени состојки.

РУСКИОТ ЧАЈ Е ДОБАР ЗА ОЧИТЕ
На уморни, црвени очи ништо не им годи толку како црн (руски) чај. На капаците десетина минути се ставаат млаки вреќички натопени во руски чај (се разбира претходно оладени). Против подочници одлично дејствува силен руски чај, кој треба да се прелие со врела вода и по 10 минути да се исцеди, па со него да се натопат тампони од вата или парчиња газа и да се остават на капаците. Против темните кругови околу очите помагаат и облоги од теј, подготвен од 20 гр тимјан и по 10 гр ленено семе. Две лажички од оваа мешавина се прелеваат со врела вода и по 15 минути се процедува.

РУЗМАРИНОТ ГО РАЗУБАВУВА ТЕНОТ
Парењето на лицето и облогите од билки се идеално дополнување на секојдневната нега. Сувата, нерамна кожа повторно ќе биде свежа и нежна ако ја држите над пареа од ружини пупки. Но, лицето не смеете да го парите ако имате проширени капилари. Еве една комбинирана постапка за надворешна и внатрешна нега, што ја препорачува познатиот француски билкар Морис Месеже: двапати неделно на лицето треба да се ставаат облоги од студен чај од рузмарин и липов цвет. По 2 лажички од едното и од другото се прелеваат со литар студена вода и по 6 до 10 часа, течноста малку се загрева. Освен тоа се пие и мешавина од разни билки: на врвот на ножот лаванда, камилица, тимијан, нане и рузмарин.

ПОДБЕЛ ПРОТИВ МРСНА КОЖА
Со парењето на лицата над чај од ружини пупки и тимјан ќе исчезне непријатниот сјај од мрсната кожа. И третманот со чајот подбел што се пие, но од него се прават и облоги, го регулира лачењето на кожата. Ако имате митисер редовно треба да пиете чај од мешавина на тимјан, лаванда и цвет од липа. Против брчките и опуштените образи добро дејствуваат и облоги од чај подготвен од мешавина на тимјан, ружини ливчиња и цвет од слез.

ЛИСТ ОД БОЗЕЛ ЗА СЈАЈНА КОСА
На секој вид коса природата му подарила соодветна билка. Со кора од лист од бозел (не се употребува само за руса коса), косата ќе стане сјајна, а кожата на главата подобро снабдена со крв. Првутот ќе се исчисти ако се измива со чај од рузмарин. Подбелот содржи сулфур и затоа се препорачува за нега на мрсна коса: полна рака цвет од подбел се прелива со половина литар врела вода, се поклопува и по 3 часа се процедува. Течноста се смлачува и се втрива во измиената коса.

ГЛУВАРЧЕ ПРОТИВ ЦЕЛУЛИТ
Чаевите имаат и извонредно дејство во лекувањето на целулитот. Се разбира, само како дополнување на правилната исхрана и физичките вежби. Всушност, корисни се сите билки што го поттикнуваат отстранувањето на течноста и штетните материи од организмот. Посебно се препорачуваат кај теовите од мајчина душичка и глуварче и тоа третман во траење од три недели, а секој ден треба да се испијат по 3 чаши чај. Познатиот германски билкар Хадемар Банкофер советува против целулитот во текот на три недели да се пие по една чаша од следната мешавина. Еден дел листови од јагода, два дела глуварче, по 3 дела жалфија и 4 дела корен од врес и босилек. По една лажица од оваа мешавина се прелева со 1/4 студена вода, се става на оган и откако ќе проврие само по неколку мигови се трга од огнот, се поклопува и се процедува по 15 минути.
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
ОСВЕН ГРИЖА ЗА ТЕЛОТО И МУСКУЛИТЕ

Задолжително - нега на кожата


Односот на мажите кон она што се смета за убаво во последниве години е значително изменет. Без срам и страв дека погрешно ќе бидат сфатени и дека ќе ја загубат својата машкост, се повеќе време и пари вложуваат во својата нега. Не е никаква тајна дека негуван, младешки и здрав изглед е една од важните отскочни штици во кариерата. Се повеќе мажи го застапуваат мислењето дека личностите на висока позиција во професионалната хиерархија, покрај знаењето и способноста, треба да го негуваат имиџот на негуван маж кој во својот изглед ништо не препушта на случајот. Затоа го прифаќаат трендот дека разните средства за нега на кожата повеќе не се само женска привилегија. За тоа зборува и продажбата на козметички препарати за мажи, кои од година во година вртоглаво растат. За кожата на машкото лице што подолго да остане без трагите на времето, неопходно е да се води сметка за тоа. Со годините, на челото и меѓу носот и усните се појавуваат брчки. Навистина, овој процес кај мажите е многу побавен отколку кај жените, но се случува. Благодарение на секојдневното бричење, кое има ефект на благ пилинг, нашата кожа постојано се обновува. Имајте на ум дека по секое бричење на вашето лице морате да нанесете некој хранлив производ. Тој ќе го штити површинскиот слој и ќе ја подобри активноста на вашата кожа. Но, брчките не се единствен непријател на машкото лице. На мажите, како и на жените, им се случува да се разбудат со ќеси под очите. Не треба да дозволите тие да станат ваш заштитен знак. За прва помош тука секогаш се облозите од камилица или нане, кои во рекордно време ја отстрануваат отеченоста. Се обидувате својата кожа да не ја изложувате на нагли промени на температура и задолжително да ја заштитите со некоја помада за лице на база на витамин Ц, кој се покажува како многу ефикасен во спречување на испуканата кожа. Единствен начин да се противставите на годините кои надоаѓаат е да поведете грижа за себе и за своето тело. Не заборавајте - тоа подразбира и нега на кожата на лицето, а не само на мускулите.
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Здрава коса

Најважно е косата да е здрава, должината не е важна - порачуваат најдобрите светски фризери. Покрај тоа што ги следите светските трендови, најважно е фризурата да ви одговара на обликот на главата. Многу е важно да спознаете што е моден тренд, но кој тренд е резервиран, пред се за тинејџерките, а кој е за вас. Кратката коса е најпрактична. Во желба да добијат сосема светла коса, младите често употребуваат бланш, но оваа хемикалија исклучително ја
оштетува косата, па затоа многу и не се препорачува. Сезонава се модерни прамени на природни нијанси. Се носат и крупни кадрици. Неволјата е тоа што девојките обично сакаат да имаат рамна коса, ако прирдно им е виткана, и обратно. Константното пеглање и виткање на косата со виклери може да ја оштети, па затоа не се препорачува.
 
Член од
18 септември 2005
Мислења
318
Поени од реакции
12
Негата на стапалата треба да се практикува и во текот на зимските денови иако не се изложени на погледи тие бараат внимние и во тој период во годината.Сепак сеуште кај многу жени е застапено мислењето дека пред летната сезона кога ногата е изложена на погледи треба да одат на педикир!
Доколку редовно се негува стапалото тогаш многу ретко доаѓа до несакани последици!
 

sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
Редовна нега и купки се вистинско решение за мека и нежна кожа на стапалата, токму затоа што кога доаѓа периодот на нивно „изложување„ тешко е да се направи нешто за кратко време. Индивидуално, користам од Hemel skin care-for Heels, кое се покажало како сигурно средство за нега и третман на грубите делови на петиците и табаните воопшто, има и антигабични својства, а изработен е на база на мед и лимон. За мене, многу ефикасно.
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Трикови и совети за поубав изглед

Скријте ја настинката со шминка

Ура за зимските радости! А што подразбира тоа: супер забава на снег, можност да се покаже новата зимска гардероба, а снегот знае да биде многу романтичен. Ако ништо друго, тоа може да биде добар изговор за собирање на топло, на чај или топла чоколада, со добра забава и пријатно друштво. Понеубавиот дел од зимата се речиси неизбежните настинки. Освен тоа што навистина не се чувствувате убаво кога сте болни, ве фаќа паника кога ќе се погледнете во огледало - бледи сте, усните ви се испукани, носот ви е излупен, поради тоа што многу често го бришете... Се разбира, кога сте настинати, најдобро би било настинката да ја одлежите и прописно да се излекувате, но
има и такви случаи кога, на пример, морате и болни и "грди" да одите на испит, на важна писмена работа или неодложен состанок. Но сигурно е дека не сакате такви да ве види вашата симпатија или некој што ви значи, и на кого сакате да оставите впечаток. Не сакате ни на училиште да бидете "бледолика", па некој, да не даде Гопод "да умре од страв" кога ќе ве види, или вие така мислите кога ќе се погледнете во огледало. Но ако баш мора да излезете, еве неколку совети како со шминка да ги скриете трагите од болеста. Како што рековме, една од најчестите симптоми на настинката е бледилото. Некои девојки, за да го скријат тоа, нанесуваат "три тони" пудра, но тоа не е најефикасното решение. Подобро е следново: за почеток, лицето намачкајте го со хранлива крема, која ќе му го врати сјајот. Потоа, ставете пудра (но во нормално количество, значи сосема малку), а за крај на образите ставете руменило со розова нијанса. Ќе изгледате мошне здраво (барем додека не почнете да кашлате или да кивате) и додека сите не забележат колку сте малаксани, а шминката тоа не може да го прикрие. Ако носот ви е како "одран" од честото бришење, црвен и се лупи, не грижете се и тоа можете да го скриете со шминка. За почеток, со благ пилинг (воопшто не обидувајте се со нешто силно, зашто носот може да ве заболи и
уште повеќе да ви се зацрвени). Откако ќе го отстраните "вишокот", ставете хидратантна крема и на крајот со коректор во боја на кожа прекријте го црвенилото. Ако усните ви се испукани и суви, не би било добро да користите мат кармин, иако можеби редовно го ставате. За оваа (не)прилика подобро е да нанесете балсам во боја, тој ќе ги нахрани вашите усни, а освен тоа ќе изгледате убаво и (речиси) здраво!
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Добро бе Биче, а кај се советите (триковите) за подобар изглед кај мажите?

Не е ова само женско катче ебаго, дајте нешто и за мажи. :)
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
МОЗОЛЧИЊА
Уште еден лек за мозолчињата: ставете лажица сол во пола чаша вода, потоа натопете парче памук во неа и ставете го на мозолчето. Така држете го памукчето на мозолката 20 минути. После тоа, со коректор прекријте ја мозолката. Таа набрзо ќе исчезне.




РАЦЕ И НОКТИ
Раце и нокти: Ако се негувани, изгледаат навистина убаво и привлечно, но ако не се...Доколку ви испукала кожата на рацете, ќе ви помогне маслиновото масло. Одприлика со една лажичка маслиново масло, масирајте ги рацете од врвот на прстите до зглобовите, ставете тенки волнени ракавици и оставите да делува една вечер. Доколку ви пукнал еден нокт, а не сакате да ги скратите сите поради него, тогаш на тоа место ставете парче салотејп, и два пати фиксирајте го со безбоен лак. На крај, "запечатате" го ноктот со лак.


МОДРИЦИ И ФЛЕКИ ПО ТЕЛОТО
Не се привлечни за гледање, а нити пак убави. На местото каде што се наоѓа модрицата ставете парче мраз, и држете ја некое време- тоа ќе помогне модрицата да ја снема.
Кога сме кај флеките:
Постојат средства за самопотемнување-најчестиот кривец за флеките низ тело. Но и за ова има спас - лимуновиот сок или пилингот за тело - тие ги тргаат флеките од тело, и секако го тргаат првиот слој на кожата.
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
СУВА КОЖА
Вашата кожа е премногу сува. Тука, може да помогне ладен туш, или телото да го намачкате со арома гел кој има разладувачко дејство. Кожата ви е подложена на мозолчиња и митесери, и тоа баш кога не треба. Испробајте ја маската од сирење и мед: Две лажички посно сирење, измешајте со лажица мед, и држете ја оваа маска на лицето 10 минути. Тоа ќе ја дезинфицира вашата кожа, ќе ја омекне и ќе ве спаси од мозолки.
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Совети за убавина

Се чини дека нема девојка или жена која кога ги испраќа гостите и им мавта со рацете, сака истите да и се растресуваат.

За да им бидат стегнати и тенки, рацете, жените треба да се концентрираат на три работи. Како прво храната треба да не содржи многу масти и порциите да не бидат прекумерни. Постојано треба да се прават т.н. кардиоваскуларни вежби (најмалку 30 минути дневно) Освен тоа треба да се прават подигнувања на раце и склекови.

Од друга страна жените се желни за промени на својот изглед. Може да се каже дека имаат зимска и летна замисла за себе и за својата фризура.

Она што се препорачува за зимскиот период е куса коса со текстура обоена со драматична боја . Но, модата оваа година дозволува жените да си ги имаат своите природни коси со природен сјај, нешто што всушност секогаш е во мода.

За оние кои беспоштедно ја следат модата оваа година се препорачува меко-розев кармин. Во моментов, додека трае зимата се препорачува кармин кој е за нијанса потемен од природната боја на усните. Препорачливо е да се нанесува со прсти и потоа да се размачкува.

Што се однесува до сенките за на очи, убав избор би била кафената каки сенка која би можела да се искомбинира и со малку злато. Оваа сенка одговара на секоја боја на очи. Кафените ги прави посветкави, Сините ги истакнува, а зелените ги прави потемни или помалку зелени.

За оние жени кои сакаат да си го сменат обликот на веѓите, првото нешто што се препорачува е да не се претера со истото.

За да бидете сигурни дали сакате воопшто да ги скубете веѓите, треба да се погледнете во огледало. Но, кога ќе се гледате оддалечете се од него еден чекор наназад.

Ако веќе одлучивте да се скубете тогаш тргнете ги они влакна што ви се вкрстуваат меѓу очите и оние кои ја нарушуваат природната линија на веѓите. Важно е да си купите убава „скубалка“.
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Заштита на кожата

Ако досега се мислеше дека алкохолот и недоволното спиење се главни непријатели на кожата, сега научниците велат нешто друго. Сува и безживотна кожа според новите научни сознанија се добива поради пасивното пушење.

Димот кој пушачите го издишуваат содржи високи количества на никотин катран јаглерод моноксид и натриум оксид состојки кои доведуваат до пукање на колагенот.

Кожата меѓу останатото треба да се штити од UV- зраците со крема. Треба да се избегнува психолошкиот стрес и сепак да се избегнуваат слатко и алкохол.

За да се заштити кожата храната која се внесува треба да обилува со Ц-витамин, да пете зелен или бел чај.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom